Марк Реншо

австралиски велосипедист

Марк Реншо (англиски: Mark Renshaw; р. 22 октомври 1982) — поранешен австралиски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2004 и 2019 за екипите Франсес де же, Кредит Агрикол, ХТЦ-Хајроад, Белкин Про Сајклинг, Етикс-Квик Степ и Тим Дименжн Дата. Негови најголеми победи се освојувањето на Трката околу Катар 2011,[1] и еднодневната трка Класика де Алмерија во 2013.[2]

Марк Реншо
Реншо на Трката околу Британија 2019
Лични податоци
Цело имеМарк Реншо
ПрекарМаркимарк/Принц Хари
Роден22 октомври 1982(1982-10-22)(41 г.)
Батурст, Австралија Австралија
Висина1,79 м
Маса74 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
2004–2005
2006–2008
2009–2011
2012–2013
2014–2015
2016-2019
FDJeux.com
Кредит Агрикол
Тим Колумбија-Хај Роад
Рабобанк
Омега Парма-Квик Степ
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 ТТТ етапи (2009, 2011)

Етапни трки

Трка околу Катар (2011)

Еднодневни трки и класици

Класика де Алмерија (2013)

Од 2009 до 2011 и од 2014 година до неговото повлекување, Реншо бил познат како главен предводник на спринтерот Марк Кевендиш во ХТЦ-Хајроад,[3] Етикс-Квик Степ и Тим Дименжн Дата.[3]

Рана кариера уреди

Реншо, кој е роден во Батурст, Нов Јужен Велс, ја започнал својата кариера како велодромски велосипедист возејќи за Батурст Сајкл Клаб. Бил трениран од Марк Виндзор[4] и покажал ветувачки резултати, па поради тоа бил избран во спортската академија за западниот регон. На дисциплините под 17 години на Австралиските велодромски првенства во 1998 го освоил златниот медал во екипна потера (австралиски рекорд), скреч, хронометар и поединечната потера (австралиски рекорд) и сребро на хронометарот од 200 метри.

Во првата година како возач под 19 години, Реншо продолжил со постигнувањето на силни резултати на велодромот. Неговите резултати вклучувале трето место на хронометарот (зад светскиот првак Бен Керстен и бронзениот медалист Џоби Дајка), 4. во поединечна потера, 5. во хронометарот од 200 метри, 3. во спринт (повторно зад Дајка и Керстен), 1. во екипна потера и 1. во олимписки спринт.[5] Потоа, Реншо бил избран да ја претставува Австралија на Светските јуниорски велодромски првенства, каде станал светски првак, заедно со Џоби Дајка и Бен Керстен во олимписки спринт.

Во втората година како возач под 19 години, Реншо имал многу успешни национални велодромски првенства, повторувајќи ги успесите во втората година како возач под 17 години. Бил 1. во олимписки спринт, 1. во хронометар, 2. во поединечна потера, 1. во екипна потера, 4. во кеирин и 1. во скреч.[6] Повторно Реншо бил избран за настап на Светските јуниорски првенства. На овие првенства, Реншо го додал успехот во поединечна потера на неговиот успех од минатата година во екипна потера, враќајќи се во Австралија како првак на хронометар, како и бранител на титулата во олимписки спринт и така станувајќи троен светски јуниорски првак.

Како сениор, Реншо започнал да се насочува повеќе на програмата за издржливост со надеж да стане професионален друмски првак. Меѓутоа, во 2001 во неговата прва година како сениор, го освоил Светски велодромски куп, но сепак продолжил да размислува за настап на подолги трки.

Тој бил носител на стипендија на Австралискиот институт за спорт за Олимписките игри во Атина 2004.[7]

2002 била клучната година за Реншо како велодромски велосипедист. Главно настапувал на бодовните трки, медисон трките и екипните хронометри. Исто така бил дел од австралиската екипа за екипна потера, која го соборила светскиот рекорд на Комонвелтските игри во Манчестер (заедно со Греам Браун, Питер Досон и Лук Робертс). Подоцна бил дел и од светските сениорски првенства, каде повторно победил во екипна потера.

Професионална кариера уреди

2004-2008: Насочување на друмски велосипедизам уреди

Во 2002, друмската кариера на Реншо започнала да се развива кога бил избран за настап во екипата НСВИС-ФДЖу. Поради вклучувањето на Реншо во екипата, наскоро возел во Франција со аматерскатаекипа СКО Дижон, која му го отворила патот за приклучување во елитната екипа ФДЖ во 2004.[8]

Реншо се вратил на велодромскиот велосипедизам во 2004 и на Светските првенства настапил во медисон, бодовна трка и екипна потера. Реншо паднал на бодовната трка и завршил 4. во медисон. Австралиската екипа за екипна потера победила, но Марк ја загубил својата втора титула, бидејќи тој настапил само во едно коло (квалификациите) откако паднал на бодовната трка. Откако возел на сите трки од Светските купо во медисон и откако ѝ го обезбедил олимпиското место на Австралија бил одбран да вози на бодовната трка и медисот на Игрите. Меѓутоа била донесена контроверзна одлука и селекторот на Австралија одлучил да го одбере искусниот друмски возач, Стјуарт О’Грејди како партнер на Греам Браун наместо Реншо во трката на медисон.[9] Реншо настапил на бодовната трка, каде завршил на шестото место.

Реншо останал со ФДЖ на две сезони, пред да се префрли во Кредит Агрикол, со главна цел да ги користи своите велодромски техники како помош и поддршка на спринтерот Тор Хушовд. Реншо покажал силна форма на почетокот на сезоната, освојувајќи го критериумот Гилонг Беј втора година по ред. Ова довело да биде главен спринтер во почетокот на сезоната за Кредит Агрикол (додека да почне сезоната на Хушовд) и ја освоил својата прва победа во ProTour на неговата домашна трка, Тур Даун Андер. Реншо го имал водството во генералниот пласман на Тур Даун Андер по претпоследната етапа, кога поради недостиг на вештини за искачување изгубил многу минути и водството во трката.[10]

Додека бил во Кредит Агрикол, Реншо го имал својот прв настап на Тур де Франс во 2008, откако ја пропуштил трката во 2007 поради болест. Во 2008, Реншо добил многу пофалби за неговата улога во победата на втората етапа на Тор Хушовд.[11]

Откако екипата Кредит Агрикол се распаднала на крајот на 2008, Реншо заминал во Колумбија-Хај Роуд. Негови главни одговорности на големите трки биле да биде човек за поддршка на спринтерот Марк Кевендиш.[12] По неговата прва сезона со Колумбија во 2009, Реншо добил пофалби од коментаторите и возачите за неговото учество во огромниот успех на Кевендиш на Тур де Франс и општо во сезоната.[13][14] Лични достигнувања во 2009 било второто место на последната етапа на Тур де Франс, откако го довел Кевендиш до победа.

2009 уреди

 
Реншо на Шпаркасен Џиро Бохум 2009

По успешната прва сезона како водечки човек за Марк Кевендиш со Тим Колумбија-Хај Роад во 2009, Реншо бил подготвен за сезоната во 2010. Неговиот планиран распоред за сезоната започнувал со Тур Даун Андер, Тур де Франс и потоа Светските првенства - кои за првпат се одржувале на домашен терен за Реншо, во Австралија. Овие планови наскоро се промениле кога му бил дијагностициран вирусот Епштајн-Бар во претсезоната и ги ставиле неговите планови под знак прашалник. Реншо ја пропуштил неговата домашна трка, Тур Даун Андер и не се вратил во Европа и сериозно тренирање до февруари. Случајно ова се погодило со задоцнетиот почеток на сезоната и за Кевендиш (поради инфекција на забот). Целите на Реншо за сезоната останале Светските првенства, Тур де Франс, како водечки човек а Кевендиш, како и Трката околу Калифорнија, каде повторно ќе возел за Кевендиш.

2010 уреди

Во текот на спринтерската завршница на етапата 11 на Тур де Франс 2010, додека го водел спринтерот на Тим ХТЦ-Колумбија Марк Кевендиш, Реншо бил дисквалификуван и отстранет од трката поради буткање со глава на членот на Гармин-Транзишанс, Џулијан Дин.[15]

2011 уреди

Марк имал успешна сезона во 2011, освојувајќи ја етапата 4, а потоа и генералниот пласман на Трката околу Катар, победувајќи ги познатите спринтери Том Бонен, Даниеле Бенати и Хајнрих Хауслер. Потоа го потврдил својот углед како најдобар помагач во спринтот на Тур де Франс, кога му помогнал на Марк Кевендиш да дојде до пет етапни победи и зелената маичка. Меѓутоа, сезоната на Марк завршила во разочарување, кога бил прескокнат за влез во екипата на Австралија на Светските првенства.[16][17] Како можна причина од страна на Реншо и другите од медиумите била наведено одбивањето да потпише за новата австралиска екипа ГринЕЏ.[18] Реншо се пласирал втор зад колегата Кевендиш на првите две етапи на Трката околу Британија, пред да ја освои петтата етапа самиот.

2012 уреди

Марк потпишал со холандската екипа Рабобанк на почетокот на сезоната 2012, со што му се пружило можност да вози за самиот себе отколку да му помага на Кевендиш.[19] Откако ги слушнал вестите, Кевендиш изјавил дека никој не може да прави истата работа како Реншо во последните три години, истакнувајќи дека верува дека Реншо е најдобар помагаш во светот на спринтерите.[3]

Реншо ја освоил четвртата етапа на Трката околу Турција. Во масовниот спринт победил Реншо со екстремно мала разлика пред сонародникот Метју Гос. Разликата било невозможно да се забележи со голо око, дури и на фото-финиш.[20]

Реншо се повлекол од Тур де Франс на етапата 12 во планините на околу 72 километра пред целта, откако доживеал повреди по четири последователни падови порано на трката.

2013 уреди

Во 2013, името на неговата екипа се променило во Бланко Про Сајклинг[21], бидејќи Рабобанк одлучил да го повлече своето спонзорство.[22] Во февруари на Класика де Алмерија, Реншо ја остварил својата прва победа во сезоната.[2] Во април, Реншо имал тежок пад во последната кривина на втората етапа на Трката околу Турција, предизвикувајќи масовна несреќа. Ја скршил клучната коска, имал потрес на мозокот и загубил заб во несреќата.[23]

На 10 јули било објавено дека Реншо ќе му се приклучи на Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014 година,[24] придружувајќи му се на поранешниот колега од ХТЦ-Хајроад Марк Кевендиш.

2014 уреди

Во септември, откако неговиот предводник Кевендип не ја имал формата по повеќекратните падови, Реншо ја преземал улогата на спринтер на Трката околу Британија и победил во масовниот спринт на втората етапа.[25]

2015 уреди

Реншо ја поминал сезоната 2015 како помошник на Кевендиш, со негов најдобар резултат третото место на Класика де Алмерија, на која Кевендиш победил.[26] На 29 септември било објавено дека се приклучил на Кевендиш и на нивниот поранешен колега Бернхард Ајзел во потпишување за МТН Кубека — наскоро преименувана како Тим Дименжн Дата — за сезоната 2016.[27]

Приватен живот уреди

Реншо има холандско потекло и неговите баба и дедо емигрирале во Австралија по Втората светска војна. Во ноември 2009, Марк ја објавил својата свршувачка со неговата девојка Кристина Харис. Тие се венчале на приватна церемонија во Маџи, Нов Јужен Велс, во ноември 2010. Двојката има три деца.

Достигнувања уреди

1997
1.   Национално јуниорско хронометарско првенство
1999
1.   Светски првак под 19 години во екипен спринт
Национални јуниорски велодромски првенства
1.   Екипна потера
1.   Екипен спринт
2000
Светски јуниорски велодромски првенства
1.   Кило
1.   Екипен спринт
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
Национални јуниорски велодромски првенства
1.   Скреч
1.   Екипна потера
1.   Екипен спринт
2001
Национални велодромски првенства
1.   Кило
1.   Медисон
1.   Бодовна трка
1.   Скреч
2002
1.   Светски првак во екипна потера
Комонвелтски игри
1.   Екипна потера
2.   Бодовна трка
Национални велодромски првенства
1.   Бодовна трка
1.   Скреч
1.   Екипна потера
2003
1.   Национално велодромско првенство во медисон
1. Краен пласман Би Актив
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 3 Нидерброн Трофе де Сурсес
2. Трофео Чита ди Бреша
7. ГП Џеф Схеренс
2004
1.   Светско велодромско првенство во екипна потера
2005
2. ГП де Денен
9. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Краен пласман ГП Интернасионал Коста Азул
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2006
1. Тро-Бро Леон
1. Етапа 3 (ТТТ) Средоземна трка
3. Краен пласман Гилонг Беј Класик Серија
1. Етапа 5
8. Краен пласман Тур де л’Еурометропол Франко-Белж
10. Гран при де Вијер-Котерет
2007
1.   Краен пласман Беј Класик Серија
1. Етапа 2
1. Даун Андер Класик
1. Етапа 2 Тур де Пикарди
2. ГП де Денен
2. Тур де Вандеја
6. Краен пласман Тур де л’Еурометропол Франко-Белж
2008
1.   Краен пласман Беј Класик Серија
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Тур Даун Андер
1. Етапа 2 Тур де л’Еурометропол Франко-Белж
2. Даун Андер Класик
2. Ватенфал Класик
2009
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
8. Гран при де Денен
2010
1. Етапа 4 Трка околу Данска
2011
1.   Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 4
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
1. Етапа 5 Трка околу Британија
2012
1. Етапа 4 Трка околу Турција
2. Париз-Брисел
3. Меморијал Рик ван Стенберген
3. Класик Венендал-Венендал
4. Краен пласман Делта Тур Зеланд
5. Краен пласман Светски пристаништен класик
6. Ватенфал Класик
2013
1. Класика де Алмерија
1. Етапа 1 Енеко Тур
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 2 Трка околу Британија
5. Комонвелтски игри - друмска трка
2015
3. Класика де Алмерија
9. Даун Андер Класик
2016
2. Класик Лондон-Сари
5. Трка околу Келн
7. ЈуроАјс Класик
2017
6. Пиплс Чојс Класик

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 144 СО СО СО СО
  Тур СО 146 СО 161 СО 142 СО СО СО СО
  Вуелта СО 143 22

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. Најџел Вин (11 февруари 2011). „Renshaw claims overall win in Tour of Qatar“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 23 април 2013.
  2. 2,0 2,1 „Renshaw continues Blanco's golden run“. Cycling Central. SBS. 25 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 23 април 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 Бен Аткинс (21 ноември 2011). „Mark Cavendish Interview: "No one in the World can do Mark Renshaw's job". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 23 април 2013.
  4. „Марк Реншо“. Cycling Australia. 25 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2011-06-17. Посетено на 26 јануари 2012.
  5. „CyclingNews Presents Australian National Track Cycling Championships 1999“. Посетено на 1 мај 2009.
  6. „CyclingNews Presents Australian National Track Cycling Championships 2000“. Посетено на 1 мај 2009.
  7. „Атина 2004: Велосипедизам“. Roll of honour – AIS Roll of Honour for the Olympics. 2011. Посетено на 26 јануари 2012.
  8. „Марк Реншо - Австралиски професионален велосипедист“. Архивирано од изворникот на 2011-02-03. Посетено на 1 мај 2009.
  9. „Bitter Renshaw lashes out over dumping“. The Sydney Morning Herald. 25 август 2004.
  10. „10. Тур Даун Андер - Етапа 5“.
  11. „Хушовд ја освои втората етапа на Тур де Франс“.
  12. „Марк Реншо - Тим Колумбија-Хај Роуд“. Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 2013-03-05.
  13. „Renshaw is key to Cav's winning ways“.[мртва врска]
  14. „Реншо на подиум во Париз“. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2013-03-05.
  15. „Марк Кевендиш со контроверзна победа на Тур де Франс“. BBC News. 15 јули 2010.
  16. „Mark Renshaw surprised by omission from Australia's cycling world championships team“. Herald Sun. 14 септември 2011.
  17. „Реншо надвор од екипата на Австралија на светските првенства“. Cycling Weekly. 12 септември 2011.
  18. „Renshaw suggests worlds selection might have been affected by signing for GreenEdge rival“. Velonation. 14 септември 2011.
  19. http://www.smh.com.au/sport/cycling/renshaw-and-cavendish-part-ways-as-aussie-joins-rabobank-20110811-1inhm.html
  20. „Renshaw edges to Tour of Turkey stage 4 win“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 април 2012. Посетено на 23 април 2013.
  21. „Поранешен Рабобанк (RAB) – ХОЛ“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 3 јануари 2013.
  22. „BBC Sport – Rabobank ends sponsorship of professional cycling team“. BBC. Посетено на 23 април 2013.
  23. „Renshaw breaks collarbone in Tour of Turkey crash“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 април 2013. Посетено на 23 април 2013.
  24. „Реншо ќе вози за Омега Парма-Квик Степ во 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 јули 2013. Посетено на 10 јули 2013.
  25. „Трка околу Британија: Реншо победи на втората етапа во Ландудно“. Cyclingnews.com. Future plc. 8 септември 2014. Посетено на 11 септември 2014.
  26. „Класика де Алмерија 2015 - Класик“. ProCyclingStats. Посетено на 29 септември 2015.
  27. О’Ши, Садб (29 септември 2015). „Mark Cavendish joins Team Dimenson Data for 2016“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2015-11-20. Посетено на 29 септември 2015.

Надворешни врски уреди