Галерија на икони (Прилеп)

галерија на икони во Прилеп

Галерија на икони - Струмицамузеј на икони во градот Прилеп. Сместена е близу црквата „Св. Благовештение“ и е дел од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Прилеп.[1]

Галерија на икони
„Богородица Елеуса Кикоска“, XVIII век
Карта
Основан8 октомври 1979
Местоул. „Републиканска“ бб, Прилеп, Македонија Македонија
Типдуховен
Фондикони, црковни предмети

Опис уреди

Галеријата е основана со решение на Собранието на Општина Прилеп на 8 октомври 1979 година, кога во состава на Народниот музеј влегува и Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски – Питу“ со Постојана изложба „Галерија на икони“. Оваа галерија е една од најпретставителните во земјата поради вредноста на експонатите. Збирката опфаќа 66 икони од различен формат кои потекнуваат од црквите и манастирите во Прилепско, како и други експонати поврзани со христијанството.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Галерија на икони“. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 4 ноември 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди