Арсен Венгер
Арсен Венгер РБИ[1] (роден 22 октомври 1949 во Стразбур) — француски фудбалски менаџер, кој е на чело на Арсенал (1996-2018). Тој е најуспешниот менаџер во историјата на Арсенал, според бројот на трофеи, како и менаџер со најголем стаж во Арсенал според бројот на натпревари (755 заклучно со 7 март 2010).[2] Венгер е единствениот не британски менаџер кој освоил Двојна Круна во Англија, во 1998 и 2002. Во сезоната 2003-04, стана единствениот менаџер од Премиер Лигата кој ја завршил сезоната без пораз. Венгер е општо прифатен како еден од најдобрите менаџери во светот поради неговите успеси со ФК АС Монако и Арсенал. Венгер е дипломиран инженер и магистер по економија[3] од Стразбуршкиот универзитет и течно говори француски, алзашки, германски и англиски; исто така говори и малку италијански, шпански и јапонски.[4]
Арсен Венгер Arsène Wenger | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 22 октомври 1949 | ||
Роден во | Стразбур, Франција | ||
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Личен живот
уредиРоден во Стразбур, израснат во блиското село Дутленхајм живеејќи со татко му Алфонс Венгер, мајка му Луиз и постари сестра и брат. Неговите родители биле сопственици на бизнис за резервни автомобилски делови во Стразбур, како и бистро во Дутленхајм наречено Златниот крст (La croix d'Or). Голем дел од својата младост ја поминал во играње фудбал, и организирање на натпревари во локалниот тим ФК Дутленхајм, каде што станал член на првиот тим на 16 годишна возраст од каде што бил регрутиран во тимот AС Муциг. Венгер има сопруга и ќерка и живее во Тотериџ, Лондон.[5][6]
Кариера како играч
уредиФудбалерската кариера на Венгер била релативно незабележителна. Настапувал како дефанзивец за неколку аматерски клубови додека студирал на Економскиот факултет во Стразбур, дел од Универзитетот Роберт Шуман, каде што магистрирал во 1971. Венгер станал професионален фудбалер во 1978, и дебитирал за Расинг Клуб де Стразбур на натпреварот против Монако [7]. Имал само дванаесет настапи за тимот, вклучително и два во сезоната кога Стразбур ја освоил Француската 1 Лига во сезоната 1978-79, и имал еден настап во Купот на УЕФА истата сезона. Во 1981, ја добил менаџерската диплома, и бил назначен за тренер на младинскиот состав.[8]
Менаџерска кариера
уредиПрв тим во кој Венгер доби работа како менаџер, во 1984, беше Нанси, но таму имаше многу слаб успех: во неговата трета и последна сезона во клубот, Нанси заврши на 19 место и испаднаа од 1 Лига. Неговата кариера процвета откако стана менаџер на АС Монако во 1987. Ја освои лигата во 1988 (неговата прва сезона во клубот) како и Францускиот куп во 1991, и потпиша неколку познати играчи како Глен Ходл, Жорж Веа и Јурген Клинсман. Исто така го потпиша и 23 годишниот Јури Џоркаеф од Стразбур; идниот освојувач на Светското Првенствоner заврши како најдобар стрелец во 1 Лига (со 20 голови) во последната сезона на Венгер во Франција. Венгер одби понуди од Баерн Минхен и од Француската репрезентација од лојалност кон Монако,[9] но беше отпуштен по слабиот старт на сезоната 1994-95.[10]
Потоа се пресели во Јапонија, каде што имаше успешни 18 месеци во јапонскиот прволигаш Нагоја Грампус Ејт, со кого го освои Купот на Императорот. Исто така го однесе клубот од дното на табелата до втората позиција во лигата.[9] Во Грампус, го вработи поранешниот менаџер на Валансјен Боро Приморац како помошник. Венгер го имаше запознаено Приморац за време на скандалот со местење натпревари од 1993 во кој беше вмешан и Олимпик Марсеј; тој остана „десната рака на Венгер“ во понатамошните години.[11]
Во меѓувреме Венгер се спријатели со тогашниот заменик-претседател на Арсенал Дејвид Дејн. Двајцата се сретнаа кога Венгер присуствуваше на натпревар помеѓу Арсенал и Квинс Парк Рејнџерс во 1988.[12] Откако Брус Риох беше отпуштен во август 1996, Жерар Улие, тогашниот технички директор на Француската Фудбалска Федерација, му го препорача Венгер на Дејвид Дејн летото 1996.[13] Арсенал го потврдија неговиот ангажман на 28 септември 1996, официјално стана менаџер на Арсенал на 1 октомври. Венгер стана првиот менаџер на Арсенал кој не е по потекло од Британија. Иако претходно бил сметан за потенцијален технички директор на ФА, во тоа време Венгер беше релативно непознат во Англија.[14]
Дури и пред официјално да ја прифати работата, Венгер започна со оформувањето на составот. На негово барање беа купени Французите Патрик Виера и Реми Гард еден месец пред тој да пристигне во Лондон. Прв натпревар под негово водство беше победа од 2:0 на гостувањето кај Блекбурн Роверс на 12 октомври 1996. Арсенал заврши на трето место таа сезона, за малку го пропуштија второ место (заземено од Њукасл поради подобра гол разлика), а со тоа и излез во квалификациите за Лигата на Шампиони.
Во неговата втора сезона на чело (1997-98), Арсенал ги освои и Премиер Лигата и ФА Купот, втора Двојна Круна во историјата на клубот; до ова дојде откако Арсенал надомести дефицит од дванаесет бода во однос на Манчестер Јунајтед и ја освои титулата на два натпревари пред крајот на сезоната. Клучни во овој успех беше одбраната која се состоеше од Тони Адамс, Стив Булд, Најџел Винтербрн, Ли Диксон и Мартин Кион, заедно со напаѓачот Денис Беркамп како и мешавина од новите играчи донесени од Венгер, Емануел Пети како партнер на Патрик Виера, крилото Марк Овермарс и тинејџерот Николас Ањелка.
Следните неколку сезони беа релативно сушни, со неколку шанси но без трофеи. Во сезоната 1998-99, Арсенал ја загуби титулата од Манчестер Јунајтед за само еден бод на крајот од сезоната. Јунајтед исто така го исфрли Арсенал во судиското продолжение на полуфиналето од ФА Купот. По ова следуваше пораз во финалето на Купот на УЕФА во 2000 до Галатасарај на пенали и во финалето на ФА Купот во 2001 од Ливерпул со 2:1. Венгер се одлучи да донесе неколку нови играчи во составот, вклучително и контроверзниот трансфер на Сол Кембел од Тотенхем, како и првотимците Фредерик Љунберг, Тјери Анри и Робер Пирес.
Новите играчи му помогнаа на Арсенал и на Венгер да освои уште една Двојна Круна, во сезоната 2001-02. Титулата беше доделена на две кола пред крајот на сезоната, по завршувањето на натпреварот со Манчестер Јунајтед кој Арсенал го доби со 1:0. За овој натпревар се вели дека Арсенал едноставно го надиграа составот на Јунајтед. Арсенал ја помина целата сезона без ниеден пораз на гости, како и со постигнат гол на секој натпревар. Двојната Круна беше обезбедена со победата над Челзи од 2:0 со головите на Реј Парлоу и Фреди Љунберг.
По силниот старт на сезоната 2002-03, се чинеше дека Арсенал ќе ја одбранат титулата. Во еден дел од сезоната Арсенал имаше предност од осум бода пред евентуалниот победник, Манчестер Јунајтед, но поради пад во формата Арсенал беше поминат од Јунајтед во крајот на сезоната. Арсенал испушти предност од два гола на натпревар против Болтон Вандерерс кој заврши 2:2, а титулата ја загубија на Хајбери против Лидс Јунајтед.
Сепак Арсенал не остана без титула таа сезона, откако го освоија ФА Купот во 2003. Во следната сезона, 2003-04, Арсенал влезе во историјата на Англискиот фудбал откако ја освоија титулата без ниту еден пораз, прв тим од највисоката лига во Англија, по Престон Норт Енд во сезоната 1888-89, на кој му успеал овој потфат. За време на таа сезона Венгер беше толку зафатен што никогаш немал време ни за ручек[се бара извор]. Претходната година, Венгер беше исмеван поради изјавата дека освојување е возможно Арсенал да поминат цела сезона без ниту еден пораз.[15]
Со уште еден трофеј во ФА Купот во 2005, Арсенал имаат освоено три титули во Премиер Лигата и четири ФА Купови под водство на Венгер, со што тој стана најуспешниот менаџер на Арсенал според бројот на трофеи. Сепак, сè уште ја нема освоено титулата во Лигата на Шампионите; Арсенал беше блиску до овој трофеј кога стигнаа до финалето во сезоната 2005-06, првпат во клупската историја, но загубија со 2:1 од Барселона.
Во октомври 2004, потпиша продолжување на неговиот договор според кое требаше да остане во Арсенал до сезоната 2007-08.[16] Тогашниот заменик-претседател Дејвид Дејн изјави дека Венгер има „работа доживотно“ во Арсенал, и дека планирал да му понуди на Венгер место во одборот откако ќе се пензионира од менаџерската позиција.[17] Иднината на Венгер како менаџер на Арсенал беше ставена под знак прашалник кога Дејн го напушти одборот на 18 април 2007. Сепак на 6 септември 2007, Венгер потпиша нов тригодишен договор со Арсенал.[18]
Пристап и филозофија
уредиНајчест опис за Венгер е дека тој е тренер кој „ја поминал целата своја кариера создавал тимови кои ја комбинираат желбата за трофеи со потребата за забавен напаѓачки фудбал",[19] и како "пуританец, кој е посветен на поединечен и колективен технички квалитет“.[20] Тајмс забележа дека од сезоната 2003-04 пристапот на Венгер кон играта се фокусира на нападот.[21] Неговиот стил на игра беше тотално спротивен од прагматичниот приод на неговите соперници,[22] но беше и критикуван поради недостаток на „убиствен допир“.[23] Иако Венгер со години ја употребуваше формацијата 4-4-2, од 2005 често зависеше на формацијата 4-5-1 со осамен напаѓач и полна средина,[24] особено по преселбата на поширокиот терен на Ешбартон,[25] и на натпреварите од Лигата на Шампиони.[26]
Венгер има голема репутација за откривање на млади таленти. Во Монако, го донесе Либерианецот Жорж Веа, кој подоцна стана Играч на Годината во Милан, од Камерунскиот клуб Тонер Јаунде. Откако е во Арсенал, Венгер потпишува млади, релативно непознати играчи како Патрик Виера, Францеск Фабрегас, Робин Ван Перси и Коло Туре, и им помогна во нивната транзиција во играчи од светска класа. Пример за ова е одбраната на Арсенал која постави рекорд од десет последователни натпревари без примен гол на пат кон финалето на Лигата на Шампионите во сезоната 2005-06, го чинеше Арсенал помалку од 5 милиони фунти.
Иако Венгер има направено и неколку големи трансфери за Арсенал, но неговиот вкупен потрошувачки биланс е поволен, споредено со другите водечки клубови од Премиер Лигата; анкета од 2007 покажа дека тој е единствен менаџер од Премиер Лигата кој имал профит од трансферите,[27] и според Питер Хил Вуд, претседателот на Арсенал, „Арсен, откако е во Арсенал, на трансфери во основа има потрошено 4 до 5 милиони годишно."[28] Пример вреден за споменување е Николас Ањелка кој беше купен од Париз Сент Жермен за само 500000 фунти а по само две години беше продаден во Реал Мадрид за 22,3 милиони фунти. Со тие пари беа купени тројца нови играчи — Тјери Анри, Робер Пирес и Силвиан Вилтор. Сите тројца играа голема улога во освојувањето на Двојната Круна во сезоната 2001-02 и во титулата од сезоната 2003-04.
Покрај носењето на млади и релативно непознати таленти во клубот, Венгер има придонесено и за обновувањето на кариерите на неколку од играчите ветерани. Денис Беркамп, кој беше купен една година пред доаѓањето на Венгер, го достигна врвот на својата кариера под раководството на Венгер. Тој исто така придонесе во издигањето на еден од неговите штитеници во Монако, Тјери Анри, до играч од светска класа, како и капитен и најдобар стрелец во историјата на Арсенал.
Венгер воведе и реформи во тренажниот процес и режимот на исхрана во клубот, ослободувајќи го клубот од неговите навики за пиење и конзумирање брза храна. Венгер го поддржа капитенот Тони Адамс откако овој призна дека се бори со алкохолизам во 1996. Поддршката која ја доби од Венгер придонесе во рехабилитацијата и враќањето во форма на Адамс, со што неговата кариера се продолжи за уште неколку години. Тренажните и диетарните режими на венгер исто така ги продолжија кариерите на уште неколку дефанзивци: Најџел Винтербурн, Ли Диксон и Мартин Кион; Венгер планирал да ги замени, но подоцна сфатил дека нема потреаба.
Венгер исто така беше директно поврзан и со дизајнот на новиот стадион, кој беше отворен во 2006, како и со преселбата на нов тренинг комплекс во Лондон Колни.
Признанија и награди
уредиВенгер има огромна поддршка од навивачите на Арсенал, навивачите често покажуваат голема доверба во менаџерот и неговиот долгорочен план. Ова е најочигледно во банерите кои навивачите ги истакнуваат на Ешбартон Гроув со пораки како „Арсен знае“ (Arsène Knows) и „ Веруваме во Арсен“ (In Arsène We Trust). Во последната сезона на Хајбери (2005-06), навивачите ја покажаа својата благодарност со изборот на „Денот на Венгер“, една од предложените опции за прославувањето на преселбата на новиот стадион. Денот на Венгер беше одржан на неговиот 56 роденден на 22 октомври 2005, за време на натпреварот против Манчестер Сити.[29]
Дејвид Дејн, поранешниот заменик-претседател на Арсенал, го има опишано Венгер како најважниот менаџер во историјата на клубот: „Арсен е чудотворец. Тој го револуционираше клубот. Тој претвора играчи во играчи од светска класа. Откако е овде, ние гледаме фудбал од друга планета.“[30] На 18 октомври 2007, бронзена биста на Арсен Венгер, слична на онаа претходно направена во чест на Херберт Чепман, беше откриена во негова чест, на годишното генерално собрание на клубот од страна на одборот.[31]
Венгер беше одликуван со највисокото Француско одликување, Легијата на Честа(Légion d'Honneur), во 2002. Исто така му беше доделен и почесен орден за работата во служба на унапредување на Британскиот фудбал во Списокот на Почесни одликувања по повод роденденот на Кралицата во 2003, заедно со тогашниот менаџер на Ливерпул Жерар Улие. Во 2006, Венгер беше внесен во Англиската Фудбалска Хала на Славни како признание за неговите постигнувања како менаџер во Англискиот фудбал. Тој е само втор странец кој ја добил оваа чест, по италијанскиот менаџер Дарио Гради од Кру Александра.
Во 2007, еден астероид 33179 Арсенвенгер беше именуван по него[32] од страна на астрономот Ијан П. Грифин, кој има изјавено дека Арсенал се неговиот омилен клуб.[33]
Контроверзии
уредиТимовите на Венгер често се критикувани за нивната недисциплина, со добиени 73 црвени картони меѓу 1996 и 2008 иако многу од овие беа оспорени од страна на Венгер.[34] Сепак, во 2004 и 2005 тимот на Венгер ја освои Фер Плеј лигата на ФА за добро спортско однесување.[35][36] Во 2006 Арсенал завршија на второ место, зад Чарлтон Атлетик.[37]
Во 1999, Венгер им понуди на Шефилд Јуанјтед преигрување на нивниот натпревар од четвртото коло на ФА Купотa, поради контроверзните околности во кои Арсенал ја доби победата. Победничкиот гол, постигнат од Марк Овермарс, беше постигнат откако Кану не ја врати топката која беше исфрлена поради повреда на еден од играчите на Шефилд. Арсенал победи на преигрувањето со 2:1.
Венгер е исто така познат и по неговото соперништво со менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон, ова е најмногу заради директното соперништво меѓу Арсенал и Манчестер и борбата за трофеи во Премиер лигата и ФА Купот во 1990те и почетокот на 2000те. Ова соперништво го достигна својот врв со злогласниот „Пицагејт“ инцидент на Олд Трафорд во октомври 2004 кога со непостоечки пенал беше завршена серијата од 49 последователни натпревари без пораз на Арсенал. По натпреварот, член на Арсенал наводно фрлил со храна на противниците.[38] Венгер беше казнет со 15000 фунти бидејќи го нарекол Руд Ван Нистелрој „измамник“ во интервју по натпреварот. Подоцна беше повторно казнет за повторување на истата квалификација, со што демонстрираше дека цврсто верува во својот став дека Ван Нистелрој е измамник.[39] Двајцата менаџери од тогаш се согласија да ја смират ситуацијата во обид да се намали соперништвото.[40]
Во октомври и ноември 2005, Венгер беше вербалнонапаѓан од тогашниот менаџер на Челзи ФК Жозе Мурињо. Мурињо го обвини Венгер за неговата „непрофесионална обсесија“ со Челзи; тој отиде до тој степен што го нарече Венгер „воајер“,[41] и беше цитиран дека изјавил, „Тој е загришен за нас, секогаш зборува за нас - само Челзи, Челзи, Челзи“. Венгер објасни дека само одговарал на прашања од новинари, и го опиша однесувањето на Мурињо како непочит. Мурињо од тогаш наводно изјавил дека жалел за коментарот за „воајерство“, Венгер го прифати неговото извинување.[42]
Менаџерите од Премиер лигата често го критикуваат Венгер поради фактот што во неговите состави нема многу домашни играчи, особено во Лигата на Шампиони. Поранешниот менаџер на Вест Хем Алан Парду изјави дека успехот на Арсенал во Лигата на Шампионите "не е успех на Британскиот фудбал".[43] Венгер изјави дека според него националноста на играчите не е важна: „Кога претставуваш некој клуб, важни се вредностите и квалитетите, а не пасошите.“[44] Други експерти, меѓу кои и Тревор Брукинг, директорот за фудбалски развој на Фудбалската Асоцијација, го бранеа Венгер; Брукинг забележа дека недостатокот на англиски играчи во еден од најуспешните англиски клубови е одраз на талентот во Англија, а не на Венгер.[45] Згора на тоа, неколку од попознатите англиски играчи во Премиер Лигата ја започнаа својата фудбалска кариера во Арсенал под раководство на Венгер. Играчи како Дејвид Бентли, Стив Сајдвел, Џермејн Пенант и најпознатиот Ешли Кол. Во скоро време, во ноември 2007, повторно беше критикуван за истата работа од страна на неговиот стар соперник Фергусон.[46]
Неколкупати јавно ги има критикувано контроверзните одлуките на судиите, особено оние кои му наштетиле на Арсенал.[47] По финалето на Карлинг купот во 2007, го нарече еден од линиските судии ,лажго’, поради што беше критикуван, и подложен на истрага од ФА[48] и казнет со 2500 фунти и опомена за идно однесување.[49]
Почести
уредиКако играч
уреди- Освојувач
- Француска прва лига (1): сезона 1978-79
Како менаџер
уреди- Освојувач
- Куп на Франција (1): 1991
- Француска прва лига (1): 1988
- Француски менаџер на годината (1): 1988
- Второ место
- Куп на Франција (2): 1989, 1992
- Француска прва лига (2): 1991, 1992
- Куп на победници на купови (1): 1992
- Освојувач
- Јапонски Супер куп (1): 1996
- Купот на Императорот (1): 1996
- Менаџер на годината во Јапонска прва лига (1): 1995
- Освојувач
- ФА Премиер Лига (3): 1997-98, 2001-02, 2003-04
- ФА Куп (4): 1998, 2002, 2003, 2005
- Комјунити Шилд (4): 1998, 1999, 2002, 2004
- Менаџер на годината во Англија (3): 1998, 2002, 2004
- Второ место
- Лига на Шампиони (1): 2006
- ФА Премиер Лига (5): 1998-99, 1999-00, 2000-01, 2002-03, 2004-05
- ФА Куп (1): 2001
- Лига Куп (1): 2007
- Комјунити Шилд (2): 2003, 2005
- Куп на УЕФА (1): 1999-00
- Лични награди
- Mенаџер на годината: (4) 2000, 2002, 2003, 2004
- ФА Премиер Лига - Менаџер на годината : (3) 1998, 2002, 2004
- ФА Премиер Лига - Менаџер на месецот : 10 times
- Менаџер на годината (Асоцијација на Менаџери од Лигата) : (2) 2001-02, 2003-04
- Менаџер на годината ( Личност на годината на BBC Спорт) : (2) 2002, 2004
Статистика
уредиТим | Држава | од | до | учинок | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
И | П | З | Н | % на поб. | ||||
Нанси | Франција | 1984 | 1987 | 114 | 33 | 51 | 30 | 28.95 |
Монако | Франција | 1987 | 1994 | 266 | 130 | 83 | 53 | 48.87 |
Нагоја Грампус Ејт | Јапонија | 1994 | 1996 | 56 | 38 | 18 | 0* | 67.85 |
Арсенал | Англија | September 30 1996 | Актуелен | 673 | 386 | 118 | 169 | 57.35 |
Кариера | 1,109 | 587 | 260 | 252 | 52.93 |
* Во времето додека Венгер беше во Јапонската лига, натпреварите кои завржуваа нерешено беа решавани со продолженија и пенали.
Белешки
уреди- ↑ „2003 Queen's birthday honours announced“.
- ↑ Според времето на чело на Арсенал, Џорџ Алисон со неговите 13 години во Арсенал меѓу 1934 и 1947 е повеќе од 11½ на Венгер (заклучно со март 2008), но Алисон го опфати и периодот на Втора светска војна, кога не се играше официјален фудбал, затоа Венгер има повеќе натпревари.
- ↑ „A few things you May not know about Arsène Wenger“. Football365.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-09. Посетено на 2008-09-04.
- ↑ „Amy Lawrence Q&A on Arsène Wenger“. bbc.co.uk.
- ↑ „Who is he? Excerpt from Wenger: The Making of a Legend by Jasper Rees“. The Guardian. 2003-08-18.
- ↑ Amy Lawrence (2006-10-01). „French lessons“. The Observer.
- ↑ „Football: FROM MUTZIG TO HIGHBURY: A BRIEF HISTORY OF ARSENE WENGER | Independent, The (London) | Find Articles at BNET.com“. Архивирано од изворникот на 2009-01-04. Посетено на 2008-09-04.
- ↑ „Profile: Arsene Wenger“. BBC News. June 12, 2003. Посетено на 2008-02-24.
- ↑ 9,0 9,1 „ESPNsoccernet: Arsene Wenger“. ESPNsoccernet. Архивирано од изворникот на 2010-11-27. Посетено на 2006-12-26.
- ↑ http://au.sports.yahoo.com/060926/3/wkn2.html[мртва врска]
- ↑ „The Independent - Ten years of Wenger: how he plotted the French revolution“. Архивирано од изворникот на 2007-10-14. Посетено на 2008-09-04.
- ↑ „Ten Years of Wenger: a week of celebration“. Arsenal.com. Посетено на 2006-10-09.
- ↑ „Regrets? I've had more than a few, says title-chasing Wenger“. Times Online. Посетено на 2006-10-23.[мртва врска]
- ↑ „Press at a glance: Tuesday 7 декември 1998“. ANR. Посетено на 2006-10-09.
- ↑ Изјавата на Венгер беше: „Не е невозможно. Знам дека ќе биде тешко за нас да ја поминеме сезоната без пораз. Но ако имаме правилен став, возможно е и ќе го направиме." From: Lipton, Martin (September 21, 2002). „We Won't Lose One Match“. The Mirror. стр. 78–79.
- ↑ „Wenger signs new Arsenal contract“. BBC. Посетено на 2004-10-27.
- ↑ „Dein: Wenger has job for life“. Sky Sports.[мртва врска]
- ↑ „Wenger agrees new deal at Arsenal“. BBC Sport. Се претпоставува дека договорот вреди 4 милиони фунти годишно.
- ↑ Whyatt, Chris (2008-04-09). „Wenger sticks to his guns“. BBC Sport.
- ↑ Watt, Tom (2008-04-17). „Arsene Wenger has made some mistakes but he's still the best Arsenal have ever had“. Daily Mail.
- ↑ Finkelstein, Daniel (2007-11-27). „Efficiency drive in defence and attack is proving Arsene Wenger right“. The Times. Архивирано од изворникот на 2009-01-08.
Минативе четири години, според нашиот модел, Арсенал се напаѓачки тим – во ниту еден момент нивниот одбранбен ранкинг не бил над нивниот напаѓачки ранкинг.
- ↑ Syed, Matthew (2008-04-10). „Why Arsene Wenger should be proud rather than cowed“. The Times. Архивирано од изворникот на 2008-10-14.
Арсен Венгер можел да им каже на своите играчи да играат со деморализирачкиот прагматизам кој е фаворизиран од неговите соперници, но Французинот во ниту еден момент не беше подготвен да ги напушти своите благородни идеали, дури и кога тоа би значело подобрување на успехот на неговиот клуб.
- ↑ Powell, Jeff (2008-04-13). „Make this your final year, Joe“. Daily Mail.
Имагинативна игра за задоволство на познавачите, но недостаток на „убиствен допир“ што ги остави ранливи на поагресивни противници.
- ↑ „What is Arsenal's optimal tactical strategy?“. Архивирано од изворникот на 2009-01-25. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Evolution of the Arsenal Playing Style“. Архивирано од изворникот на 2009-12-01. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Adebayor might not remain a lone Gunner“.
- ↑ „Wenger most 'money wise' manager“. Архивирано од изворникот на 2009-08-22. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Chairman fears for ageing Gunners“. BBC Sport.
- ↑ „It's Wenger Day at Highbury!“. Arsenal.com.
- ↑ „Arsenal sign Wenger with expert timing“. Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 2007-12-15. Посетено на 2021-08-11.
- ↑ „Arsenal commission bust of Arsène Wenger“. Arsenal.com.
- ↑ JPL Small-Body Database Browser
- ↑ „Arsenewenger“. Архивирано од изворникот 2007-11-25. Посетено на 2007-11-25.
- ↑ „Wenger has no back-up plan“. Irish Examiner. Архивирано од изворникот на 2008-12-30. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Fair Play to Gunners“. The Football Association.
- ↑ „Fair Play to Arsenal could see Spurs in Europe“. BreakingNews.ie. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Barclays Premiership 2005/06 Fair Play League“ (PDF). Premierleague.com.
- ↑ „Wenger: I didn't see tunnel fracas“. Football365. Архивирано од изворникот на 2004-10-27. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Wenger fined over Ruud outburst“. BBC Sport.
- ↑ „Wenger and Ferguson to end feud“. BBC Sport.
- ↑ „Mourinho labels Wenger a 'voyeur'“. BBC Sport.
- ↑ „Mourinho regrets 'voyeur' comment“. BBC Sport.
- ↑ „This was no English victory says Taylor“. The Guardian.
- ↑ „Arsenal vs Liverpool: Wenger defends his foreign legion“. The Guardian.
- ↑ „English kids are technically inferior, claims Brooking“. Soccernet. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2008-09-07.
- ↑ „Ferguson supports Fifa quota plan“. BBC Website.
- ↑ „FA quizzes Wenger about comments“. BBC Sport.
- ↑ „Wenger out of order, says ex-ref“. BBC Website.
- ↑ „Wenger given fine & warning by FA“. BBC Website.
Надворешни врски
уреди- Профил Архивирано на 23 ноември 2007 г. на Arsenal.com
- Профил на BBC Sport