Питер Џин Ернандес (англиски Peter Gene Hernandez) повеќе познат со неговото сценско име Бруно Марс (анг. Bruno Mars), е американски пејач – текстописец и продуцент. Израснат во Хонолулу, Хаваи од семејство на музичари, Марс почнал да се занимава со музика уште од рана возраст. По настапите во неколку музички настани во неговиот роден град во текот на неговото детство, тој одлучил да следи музичка кариера и се преселил во Лос Анџелес. Почнал да продуцира песни за други пејачи придружувајќи му се на продукцискиот тим The Smeezingtons.

Bruno Mars Бруно Марс
Bruno Mars изведува во Лас Вегас, Невада на 19 септември 2010.
Животописни податоци
Родено имеПитер Џин Ернандес
Роден(а)8 октомври 1985[1]
Honolulu, Hawaii
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиПоп, алтернативен хип-хоп, соул, R&B
ЗанимањаПејач-текстописец, продуцент
ИнструментиВокал, тапани, гитара, клавијатура, бас
Период на активност2007–present
ИздавачиАтлантик Рекордс, Elektra
СоработнициThe Smeezingtons, B.o.B, Cee-Lo Green, Travie McCoy, Eminem, Snoop dog
Мреж. местоbrunomars.com

Тој стана познат како соло-пејач откако го позајми својот вокал и помогнал во пишувањето на текстот на песната “Nothin' on You” од Б.о.Б (анг. B.o.B) , и “Billionaire” од Travie McCoy. Тој исто така е соавтор на хитот “Right Round” од Фло Рида (en:Flo Rida) со Кеша (en:Kesha), “Wavin’ Flag” од K’naan, “Fuck You!” од Cee Lo Green. Во октомври 2010 година, тој го издаде својот прв деби албум, Doo-Wops & Hooligans. Познат по сингловите „Just the Way You Are” и “Grenade”, албумот стигна на местото број три на Billboard 200[2] листата. Тој е номиниран за седум Греми награди (на англиски Grammys) за 53-тите Награди Греми (на англиски Grammy Awards), кои се одржaa на 13 февруари 2011 година, освојувајќи ја наградата за Најдобра Машка Поп Изведба за песната „Just the Way You Are”.[3] [4]

Живот и кариера

уреди

1985 – 2008: Рана возраст и почетоци

уреди

Марс е роден како Питер Џин Ернандес (на англиски Peter Gene Hernandez) и е израснат во Ваикики ( на англиски Waikiki) соседството на Хонолулу [5] [6] Хаваи (на англиски Hawaii) од неговите родители Пит и Бернадет Ернандес, со порториканско и филипинско потекло. Неговата мајка емигрирала од Филипините (на англиски Philippines) на Хаваите (на англиски Hawaii) уште како мала,[7][8] а неговиот татко се преселил на островот, од Бруклин, Њујоркк, (на англиски Brooklyn, New York).

Двајцата се запознале за време на еден настап каде мајка му на Марс била хулу танчерка а неговиот татко свирел на удиралки.[9] Кога имал 2 години татко му, на Марс му го дал прекарот ‘Бруно‘ бидејќи бил буцкасто бебе и затоа што во тоа време имало еден познат буцкаст борач кој се викал Бруно Самартино (на англиски Bruno Sammartino).[10] [11] Марс e едно од шест деца и доаѓа од едно музичко семејство во кое се слушале различни мешавини на музика, најпрво и основно рокенрол, а подоцна и реге, хип хоп и ритам и блуз.[12] [13] Уште од мал тој имитирал и изведувал песни од уметници како Мајкл Џексон,Елвис Присли, The Isley Brothers, и The Temptations.[14] Во 1990 , Марс настапил во MidWeek, како „Малиот Елвис“[15] а подоцна имал и една кратка улога во филмот „Меден месец во Вегас“ (на англиски Honeymoon in Vegas) во 1992.

Подоцна тој размислувал за влијанието на Елвис врз неговата музика, велејќи, „ Го гледам најдобриот. Голем обожавател сум на Елвис. Голем обожавател сум на Елвис од 1950-те години кога тој ќе излезеше на сцена и луѓето се плашеа бидејќи тој беше еден вид на сила а девојките полудуваа за него! Истото можеме да го кажеме и за Принц (на англиски Prince) или The Police. Тие се само момци кои знаат дека луѓето доаѓаат да гледаат шоу, затоа јас ги гледам тие момци и обожавам да ги следам бидејќи јам сум нивен обожавател. Во 2001 тој ги призна и своите хавајски корени и тоа што доаѓа од музичко семејство , како влијание, велејќи „ Тоа што растев на Хаваите (на англиски Hawaii) ме направи човекот што сум денес. Таму сум имал многу настапи со бендот на мојот татко. Сите во моето семејство пеат, сите свират на некој инструмент. Вујко ми свири многу убаво на гитара, татко ми на удиралки, а брат ми е еден извонреден тапанар, тој всушност свири со нашиот бенд. Јас сум опкружен од тоа.

Во 2003 година, откако дипломирал во средното училиште Пресидент Теодор Рузвелт (на англиски President Theodore Roosevelt High School), на седумнаесет годишна возраст, Марс се преселил во Лос Анџелес, Калифорнија (на англиски Los Angeles, California) да гради музичка кариера.[16] [17] Тој го ‘посвои’ своето сценско име така што на прекарот Бруно кој му го даде татко му, тој му го додаде зборот „Марс„ на крај, “Чувствувам дека не сум привлечен тип, и многу девојки ми велат дека изгледам како да не сум од овој свет, затоа си помислив, можеби сум од Марс“.[18] Од страна на неговиот нов ко-писател на песни Филип Лоренс , Марс беше запознаен со неговиот иден менаџер во Атлантик рекордс, Арон Беј – Шак.[19] Откако го слушал како свири неколку песни на гитара, Беј-Шак сакал веднаш да потпише договор, но на Атлантик рекорд му требале 3 години за тој конечно да потпише за оваа дискографска куќа.[20] Во меѓувреме Беј-Шак ги користеше Марс заедно со Филип Лоренс и Ари Левин , како најмени текстописци и продуценти за уметниците на издавачката куќа.[21] Во едно интервју за HitQuarters , Беј-Шак вели дека иако главна цел на Марс е да гради соло кариера, тој сепак е подготвен да пишува и да прави песни за други уметници, бидејќи ова ќе му помогне да се подобри уште повеќе во пишувањето на песните и исто така ќе му помогне да открие каков уметник сака да биде. Според Беј-Шак ова за Марс е еден период на „само-откритие„ кој значително ќе придонесе за успехот што следеше.

2009 – денес : Комерцијален успех и Doo-Wops & Hooligans

уреди
 
Бруно Марс изведува во Хјустон, Тексас во ноември 2010.

Пред да стане еден успешен соло-уметник, Xернандез беше еден признаен музички продуцент кој пишуваше песни за Александра Бурк, Travie McCoy, Adam Levine, Brandy, Sean Kingston и Flo Rida.[22] Тој исто така е и соавтор на хит песната "Get Sexy" од Sugababes, и пееше придружни вокали на нивниот албум Sweet 7.[23] Неговиот прв музички настап како пејач беше на вториот студиски албум на Far East Movement, Animal ,кој се појави во музичката нумера "3D".[24] Исто така се појави на деби синглот на пасторот и хип-хоп пејачот Jaeson Ma , "Love" во август 2009.[25][26] Марс се истакна како пејач откако се појави во песната на Б.о.Б (en:B.o.B) "Nothin' on You" и на песната на Треви Мекој (на англиски Travie McCoy) "Billionaire", две песни кои му овозможија да се позиционира во десетте најдобри песни на различни топ листи низ целиот свет.[27] [28]

Во врска со овие две песни Марс изјавил „ Мислам дека овие песни не беа наменети да ги пеам целосно. Ако јас го пеев целиот текст на "Nothin' on You", можеби ќе звучеше нешто како Р&Б од 90-тите години.[29] По овој успех Марс го објави својот деби EP насловен It's Better If You Don't Understand, на 11 мај 2010.[30] EP –то се позиционираше на местото број 99 на Билборд 200 исто така исфрли еден сингл "The Other Side", заедно со рап пејачите Cee Lo Green и B.o.B.[31] [32] Марс во август 2010 година уште еднаш соработуваше со Cee Lo Green кога заедно ја подготвија песната "Fuck You!„. Тој изведе еден колаж на "Nothin' on You", и "Airplanes" со Б.о.Б и Хејли Вилијамс на MTV Видео музички награди за 2010 (на англиски : 2010 MTV Video Music Awards) на 12 септември 2010.

Деби албумот на Марс Doo-Wops & Hooligans дигитално беше пуштен на 4 октомври 2010 а неговото физичко издание го доживеа на 5 октомври 2010. Водечкиот сингл "Just the Way You Are", беше издаден на 9 јули 2010 и го достигна врвот на Billboard Hot 100.[33][34][35] Музичкото видео беше издадено на 8 септември 2010. Две песни од албумот, "Liquor Store Blues" со Damian Marley и "Grenade" беа објавени низ iTunes Store како промотивни синглови. Тој на 6 октомври 2010 ја отвори есенската турнеја на Maroon 5, Hands All Over. Марс заедно со Треви Мекој (н англиски Travie McCoy) на 18 октомври 2010 ќе почне европска турнеја.

Во Америка, Doo-Wops & Hooligans, дебитираше на местото број три на неделата на Billboard 200, продавајки се 55,000 копии. Албумот исто така доби и добри коментари од критичарите. Лиа Гринблет (на англиски Leah Greenblatt) од Entertainment Weekly го пофали Марс за неговите „заразни мелодии„ и „итри моменти на денс музика„ но истакна и слабости во песни, што застрануваат од неговиот конвенционален поп и соул жанр. Во септември 2010 година, Марс беше уапсен во Лас Вегас (на англиски Las Vegas) за поседување кокаин. Кога зборувал со полицаецот Марс неколкупати изјавил дека ова што го направил е глупаво и дека „никогаш порано не користел дрога."[36] На судењето, кое се одложи по вторпат до 4 февруари 2011, можно е да се случи Марс да добие дури до 4 години затворска казна и парична казна од 50,000 долари за наводно поседување на 2,6 грами од оваа дрога.

Музички стил

уреди
 
Бруно Марс изведува на 24 ноември 2010. Марс свири неколку инструменти вклучувајќи пијано, гитара, бас, и конга.[37]

Иако Марс е опишуван како „мек“ поради неговиот фалсето (на англиски falsetto) глас, неговиот ко-продуцент вели, „ Тоа што луѓето не го знаат е дека постои и потемна страна на Бруно Марс.„ Џон Караманика од The New York Times го нарече „еден од најразноврсните и најдостапните поп пејачи, со еден убав глас под влијание на соул музиката, кој одговара на еден опсег на стилови, еден меѓународен дарител. „ Марс ги наведува Michael Jackson, Elvis Presley, Prince, и Tupac Shakur како негови влијанија.

Марс исто така вели дека неговата соработка со други уметници влијаела врз неговиот музички стил, велејќи дека "'Nothing on You' имала Motown вајб, 'Billionaire' била акустична реге песна на гитара, иако моја најомилена е една од најомилените ми е Cee-Lo song Fuck You!. Мислам дека никој друг не би можел да ја пее таа песна. И исто така е и песната 'Just the Way You Are'. Ако ја знаете мојата приказна, ќе знаете дека ги сакам сите музички жанрови. Тој вели дека doo-wop има најголемо влијание врз неговата музика, опишувајќи го овој жанр како „ само директни љубовни песни – толку шармантни и едноставно романтични.„ Во прилог Марс изјавува дека фактот дека растел на Хаваите влијаел врз неговата музика, давајќи им на песните еден реге звук. Тој објаснува „На Хаваите (на англиски Hawaii) некои од најголемите радио станици се реге. Локалните бендови се претежно под влијание на Боб Марли (на англиски Bob Marley) . Музиката ги зближува луѓето. Не е урбана или поп-музика. Тие се песни. Тоа е тоа што ги прави да преминат толку добро. Песната е на прво место.

Дискографија

уреди
  • Doo-Wops & Hooligans (2010)
  • Unorthodox Jukebox (2012)
  • 24K Magic (2016)

Награди и номинации

уреди

Марс бил номиниран за неколку награди како на пример видео на годината, најдобро хип-хоп видео,најдобро поп видео, песна на годината и многу други награди.

Наводи

уреди
  1. De Castro, Cynthia (January 5, 2011). „Bruno Mars: The Fil-Am Artist with Universal Appeal“. Asian Journal. AJ Press Los Angeles. Архивирано од изворникот на 2011-01-09. Посетено на January 7, 2011.
  2. Caulfield, Keith (October 13, 2010). „Toby Keith's 'Gun' Fires at No. 1 on Billboard 200“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на October 13, 2010.
  3. „Grammy awards 2011: list of winners“. The Guardian. February 14, 2011. Архивирано од изворникот на September 21, 2013. Посетено на May 5, 2013.
  4. „Final Nominations List: 53rd Grammy Awards“ (PDF). Naras. National Academy of Recording Arts and Sciences. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на December 14, 2010. Посетено на December 2, 2010.
  5. Herbert, Emily (2014). Bruno Mars – Emily Herbert. Omnibus Press. ISBN 9781783230501.
  6. Alarcon, Jesus Trivino (February 1, 2017). „Mr. Everything“. Latina. Архивирано од изворникот на January 30, 2017. Посетено на February 1, 2017.
  7. Alarcon, Jesus Trivino (February 1, 2017). „Mr. Everything“. Latina. Архивирано од изворникот на January 30, 2017. Посетено на February 1, 2017.
  8. Coleman, Miriam (June 2, 2013). „Bruno Mars' Mother Dies of Brain Aneurysm“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот April 8, 2015. Посетено на March 27, 2015.
  9. Hiatt, Brian (May 10, 2013). „Bruno Mars: The Golden Child“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот December 29, 2019. Посетено на December 29, 2019.
  10. Lewis, Pete. „Bruno Mars: Out of this World!“. Blues & Soul. Архивирано од изворникот на September 22, 2012. Посетено на September 22, 2010.
  11. Moniz, Melissa (April 14, 2010). „Starring Bruno Mars“. MidWeek. Honolulu. Архивирано од изворникот на January 10, 2015. Посетено на September 15, 2010.
  12. Lester, Paul (September 13, 2010). „New band of the day: Bruno Mars (No 865)“. The Guardian. Архивирано од изворникот на September 21, 2013. Посетено на September 15, 2010.
  13. „Bruno Mars and Phillip Lawrence“. American Society of Composers, Authors and Publishers. March 18, 2010. Архивирано од изворникот на October 7, 2012. Посетено на September 15, 2010.
  14. Hope, Clover (October 4, 2010). „Bruno Mars on Songwriting, Singing as a Tot, Working with Ne-Yo“. Vibe. Архивирано од изворникот на July 17, 2011. Посетено на March 7, 2011.
  15. Now, Hawaii News (January 30, 2014). „Little 'Bruno' rocked the Aloha Bowl in 1990“. Hawaii News Now. Архивирано од изворникот на December 29, 2016. Посетено на December 28, 2016.
  16. Moniz, Melissa (April 14, 2010). „Starring Bruno Mars“. MidWeek. Honolulu. Архивирано од изворникот на January 10, 2015. Посетено на September 15, 2010.
  17. Artsitas, George (September 15, 2010). „Bruno Mars gravitates toward a stellar solo career“. USA Today. Архивирано од изворникот на September 18, 2010. Посетено на September 15, 2010.
  18. Cline, Georgette. „10 Questions for Bruno Mars“. Rap-Up. Архивирано од изворникот на August 14, 2012. Посетено на December 23, 2010.
  19. „Interview with Aaron Bay-Schuck“. HitQuarters. December 13, 2010. Архивирано од изворникот на May 21, 2019. Посетено на December 14, 2010.
  20. „Interview with Aaron Bay-Schuck“. HitQuarters. December 13, 2010. Архивирано од изворникот на May 21, 2019. Посетено на December 14, 2010.
  21. Greenburg, Zack O'Malley (May 18, 2011). „Mars Attacks!“. Forbes. Архивирано од изворникот на September 28, 2013. Посетено на July 18, 2013.
  22. Lester, Paul (September 13, 2010). „New band of the day: Bruno Mars (No 865)“. The Guardian. Архивирано од изворникот на September 21, 2013. Посетено на September 15, 2010.
  23. Sweet 7 (CD booklet). Sugababes. Island Records. 2010.CS1-одржување: друго (link)
  24. „Animal by Far East Movement FM“. iTunes Store. Apple Inc. Архивирано од изворникот на November 10, 2012. Посетено на September 15, 2010.
  25. „Travis McCoy, One at a Time“. Billboard. December 4, 2009. Архивирано од изворникот December 30, 2018. Посетено на December 30, 2018.
  26. (11 ноември 2010). "Jaeson Ma Releases New Single Glory". Соопштение за печат.
  27. „Bruno Mars Official Chart History“. United Kingdom: Official Charts Company. May 29, 2010. Архивирано од изворникот на March 13, 2015. Посетено на September 22, 2012.
  28. „Discography Bruno Mars“. Hung Medien. Архивирано од изворникот на December 1, 2015. Посетено на February 1, 2018.
  29. Wood, Mikael (August 18, 2010). „Bruno Mars Is Not Soft“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на March 16, 2015.
  30. (11 мај 2010). "Bruno Mars Blasts Off into the Top Ten Albums Chart on iTunes With New Digital EP; Acclaimed Singer/Songwriter/Producer Follows B.o.B's No. 1 Blockbuster, "Nothin' On You" With Much-Anticipated Solo Debut; Four-Song EP Features Guest Appearances From B.o.B and the Legendary Cee Lo Green; Major TV Performances Slated Throughout May; "It's Better If You Don't Understand" Arrives at All Digital Retailers Today". Соопштение за печат. Архивирано на 27 септември 2012 г.
  31. Празен навод (help)
  32. Rodriguez, Jayson (July 15, 2010). „Bruno Mars Shows His 'Darker' Self On 'The Other Side' Video“. MTV News. Архивирано од изворникот на November 5, 2012. Посетено на September 15, 2010.
  33. „Bruno Mars – Chart history: The Hot 100“. Billboard. September 12, 2008. Архивирано од изворникот November 18, 2021. Посетено на November 30, 2014.
  34. „Bruno Mars – Chart history: Billboard Canadian Hot 100“. Billboard. Архивирано од изворникот November 18, 2021. Посетено на February 2, 2018.
  35. „Discography Bruno Mars“. Hung Medien. Архивирано од изворникот December 1, 2015. Посетено на February 1, 2018.
  36. Heath, Christ (March 19, 2013). „The Mars Expedition“. GQ. стр. 2–3. Архивирано од изворникот April 16, 2016. Посетено на March 14, 2015.
  37. Herrera, Monica (May 6, 2010). „Bruno Mars Steps Out Solo After Hitting No. 1 with B.o.B.“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на February 4, 2011.

Надворешни врски

уреди