Анджеј Вајда
Анджеј Витолд Вајда (роден на 6 март 1926 година во Сувалки, починал на 9 октомври 2016 година во Варшава ) — полски филмски и театарски режисер, како и активен сликар во младоста. Во сезоната 1989/1990, тој бил уметнички директор на Универзалниот театар во Варшава. Неговите филмови четири пати биле номинирани за Оскар за најдобар странски филм . Во периодот 1989-1991 година бил сенатор на 1-то свикување на Сенатот на Република Полска. Витез од редот на белиот орел .
Анджеј Вајда |
---|
Филмови кои му донеле популарност и ја поттикнале т.н Полска филмска школа биле: Канал и Пепел и дијаманти, во кои ја допираат темата и времето на Втората светска војна . Направил екранизација на многу литературни дела, како што се Пепелта, Бреза, Свадба, Ветената земја, Госпоѓиците од Вилко и Господин Тадеуш . Тој го создадал киното на моралната анксиозност. Тоа е период кога биле создадени филмови со социјални теми, изложувајќи ги патологиите на комунистичкиот систем во Полска: Човек од мермер и неговото продолжение Човек од железо, кои биле награден со Златна палма на 34-ти Кански филмски фестивал . Последните достигнувања на уметникот се филмовите Катин и експерименталниот Слатко знаме . Вајда го иницирал и создавањето на Филмската група „Х“ која функционирала во периодот помеѓу 1972-1983 година, Школата за филмска режија основана во 2002 година и неговото авторско филмско студио. Театарска активност вклучувала режирање претстави во театрите во Гдањск, Варшава, Краков ( Како што минуваат годините, како што поминуваат деновите... ) и во странство.
Неговоте дела се надоврзуваат на полскиот симболизам и романтизам и биле обид да допрат до митовите за полската национална свест . За неговиот придонес во развојот на кинематографијата, многупати бил наградуван, меѓу другите и Оскарот за животно дело во 2000 година. За неговоте достигнување бил награден со почесните награди Златна мечка, Цезар и Златен лав .
Биографија
уредиМладост
уредиВајда е роден во Сувалки,[1] син на Аниела (моминско Биаловас), учителка во училиште и Јакуб Вајда, армиски офицер[2]. Таткото на Вајда бил убиен од службите на Советскиот сојуз во 1940 година во масакрот во Катин[3] Во 1942 година се приклучил на полскиот отпор и служел во домашната армија. По војната, тој студирал за сликар на Академијата за ликовни уметности во Краков пред да влезе во Филмското училиште во Лоѓ,[3] каде што студирале многу познати полски режисери, како Роман Полански.
Филмска кариера
уредиРана кариера
уредиПо стажирањето на Вајда кај режисерот Александар Форд, добил можност да режира свој филм. Генерација (1955) бил неговиот прв голем филм. Во исто време, Вајда ја започнал својата работа како режисер во театарот, меѓудругото режирајки: Шапка полна со дожд на Мајкл В. Газо (1959), Хамлет (1960) и Двајца на лулашката (1963) од Вилијам Гибсон. Вајда подоцна снимил уште два, поуспешни филма, кои дополнително ја развиле анти-воената тема на Генерација: Канал (1957) (Специјална награда на жирито на Канскиот филмски фестивал во 1957 година, споделена со Седмиот печат на Бергман) и Пепел и дијаманти (1958) со Збигњев Кибулски.[4]
Вајда настрана од мејнстрим комерцијалната сцена, повеќе бил заинтересиран за дела полни со симболика и алегорија. Симболите, како запалување на чаша алкохол, претставувајќи го пламенот на младешкиот идеализам што бил изгаснат со војната, често се повторувале во неговите филмови. Лотна (1959) е филм полн со надреалистички и симболични сцени и кадри, но тој успевал да истражува и други стилови, правејќи нов бран, како во „Невини волшебници“ (1960) со музика од Кшиштоф Комеда, со Роман Полански и Јержи Сколимовски (кој исто така беше ко- сценарист). Потоа Вајда го режирал Самсон (1961), приказната за Џејкоб, еврејско момче, кое се обидува да преживее за време на нацистичката окупација на Полска. Во средината на 1960-тите, Вајда го снимил Пепел (1965) врз основа на романот на полскиот писател Стефан Жеромски и режирал неколку филмови во странство: Љубов на дваесет години (1962), Сибирска дама Магбет (1962) и Порти во рајот (1968).
Во 1967 година, Цибулски загинал во железничка несреќа, при што режисерот ја изразил својата тага со Сè за продажба [5] (1968), кој се смета за еден од неговите најлични филмови, користејќи ја техниката на филм-во-филм за да раскаже приказна за животот и работата на еден филмски режисер. Следната година тој режирал иронична сатира Лов на муви [6], сценарио напишано од Јануш Гловацки и краток телевизиски филм наречен (Przekładaniec) според сценарио на Станислав Лем [7].
Уметничко препознавање
уредиДеценијата на седумдесетите била најплодниот уметнички период на Вајда, кога и ги снимил филмови: Пејзаж по битката (1970), Пилат и другите (1971), Свадба (1972) - филмска верзија на познатата полска поетска драма на Станислав Виспиански , Ветената земја (1974), Човек од мермер (1976), Линијата во сенка (1976), Без Анестезија (1978), Диригентот на оркестарот (1980), со Џон Гилгуд во главната улога и два психолошки филмови, според на романите на Јарослав Ивашкевич - Бреза (1970) и Госпоѓиците на Вилки [8] (1979). Бреза учествувал на 7. Меѓународен филмски фестивал во Москва, каде Вајда ја освоил Златната награда за режија[9].
Вајда во тој период работи и во театар, каде ги режирал: Play Strindberg или според делата на Достоевски Опседнатите и Настасја Филиповна – филмска верзија на Вајда на Идиот, Ноемвриска ноќ од Виспијански, Имигрантите од Славомир Мрожек, Аферата Дантон и Соништата на разумот [10].
Подоцнежната посветеност на Вајда кон растечкото движење „Солидарност“ во Полска била рефлектирана во Човек од железо (1981), како тематско продолжение на Човекот од мермер, каде што и лично се појавува лидерот на Солидарност, Лех Валенса. Вклучувањето на режисерот во ова движење ќе ја поттикне полската влада да ја затвори продуцентската компанија на Вајда. Со овој филм тој ја освоил Златната палма на Канскиот филмски фестивал.
Во 1983 година, тој го режирал Дантон, со Жерар Депардје во главната улога. Дејствието од филмот се случува во 1794 година (втората година од францускиот републикански календар) кое се однесува на постреволуционерниот терор. Направен во време на воената состојба во Полска, Вајда покажал колку лесно револуцијата може да се претвори во терор и да почне да ги „јаде сопствените деца“. За овој филм ја добил наградата Луј Делук и наградата Цезар за најдобар режисер.
Во деценијата на 1980-тите ги создал Љубов во Германија (1983) со Хана Шигула, Хроника на љубовни инциденти (1986) адаптација на романот на Тадеуш Конвицки и Опседнатите (1988) базиран на романот на Достоевски.
На овој период припаѓа и театарската режија на Злосторството и казната на Достоевски (1984) и други уникатни спектакли како што се Антигона, неговите секвенцијални верзии на Хамлет или еврејската драма Дибук. Во 1989 година тој бил претседател на жирито на 16. Меѓународен филмски фестивал во Москва[11].
Кариера по 1990 година
уредиВо 1990 година, Анджеј Вајда бил одликуван со награда за животно дело на Европските филмски награди, како трет режисер со такви почести, по Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Во раните 1990-ти бил избран за сенатор и исто така назначен за уметнички директор на варшавскиот Универзален Театар. Продолжил да снима филмови кои се однесуваат на времето на Втората светска војна, вклучувајќи го и Корчак[12] (1990), приказна за еврејско-полскиот лекар кој се грижел за деца без родители или Прстен so kрунисан орел (1993) и Светата недела (1995). Во 1994 година, Вајда ја претставил својата сопствена филмска верзија на романот „Идиот“ на Достоевски во филмот Настасја Филиповна, во кој глуми јапонскиот актер Тамазобуро Бандо во двојната улога на принцот Мишкин и Настасја. Кинематографер на тој филмот бил Павел Еделман, кој подоцна станал еден од поблиските соработници на Вајда. Во 1996 година, режисерот оди во друга насока, со Мис Никој,[13] драма за полнолетството, која ги истражува помрачните и духовните аспекти на врската помеѓу три девојчиња од средно училиште. Во 1999 година, Вајда го презентира епскиот филм Господин Тадеуш,[14] според епската поемата на полскиот поет од 19 век, Адам Мицкевич.
Една година подоцна, на доделувањето на Оскарите во 2000 година, на Вајда му бил врачен почесен Оскар за неговиот придонес во светската кинематографија. Во 2002 година, Вајда го режирал Одмазда, филмска верзија на неговата театарска комедија, со Роман Полански во една од главните улоги. Во февруари 2006 година, Вајда ја добил почесната Златна Мечка за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.[15] Во 2007 година одлично е прифатен филмот Катин, кој се однесува на масакрот во Катин, кога бил убиен таткото на Вајда. Режисерот ја прикажува драматичната ситуација на семејствата, на оние кои останале и чекале да се врата нивните најблиски (мајки, сопруги и деца). Филмот бил номиниран за Оскар за најдобар странски филм во 2008 година.[16]
Подоцна се појавува Слатко знаме (2009) со Кристина Јанда како главен лик. Делумно е однесува на краткиот роман на Јарослав Ивашкевич. Филмот е посветен на Едвард Клосински, сопругот на Јанда, кинематографер и долгогодишен пријател и соработник на Вајда, кој починал од рак истата година. За овој филм Вајда ја добил наградата Алфред Бауер на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2009 година. Тој ја добил и наградата FIPRESCI за време на Европските филмски награди во 2009 година за филмот Валенса – надежен човек (Wałęsa. Człowiek z nadziei). Биографијата на Лех Валенса, според сценарио на Јануш Гловацки и во главната улога Роберт Вицкиевич. Светската премиера била на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција во 2013 година. Последниот филм на Вајда Призрак (2016 година) е приказна за животот на авангардниот полски сликар Владислав Стжемински, кој настрадал од поствоената сталинистичка власт на Полска. Главната улога ја игра Богуслав Линда.
Анджеј Вајда го основал Јапонскиот центар за уметност и технологија во Краков во 1994 година. Во 2002 година отвора негова филмска школа (Вајда студио) заедно со полскиот режисер Војчех Марчевски. Студентите на Вајда студио, учествуваат на различни филмски проекти водени од познати европски филмски режисери.[17]
2010–2016 година
уредиВо 2010 година, Анджеј Вајда го снимил документарниот филм Сними, Ако сакаш, сними го, кој како и Слатко знаме, биле посветени на Едвард Клосињски [18]. Во јуни 2011 година, режисерот основал филмско студио заедно со Војчех Марчевски[19]. Во декември 2011 година, тој започнал да го снима филмот Валенса, човек од надеж, за еден од полските водачи на антикомунистичката опозиција, Лех Валенса. Главната улога му била доделена на Роберт Виецкиевич [18]. Анджеј Вајда за херојот на неговиот филм рекол:[20]
- „Се сеќавам на историјата на Лех Валенса, бидејќи тој е херој на нашето време, кога одеднаш околу него се собраа политичари кои сакаат да заработат нешто од тоа и се обидуваат да создадат изглед дека овој водач на работниците некако бил искористен од некој. (...) Фантастично е што се појави таков херој кој ја врати слободата на Полска и доведе до постигнување на нејзините цели без крвопролевање.“
Валенса, човек од надеж прикажан надвор од конкуренција на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, добил позитивни критики. Критичарите го толкувале како обид за реконструкција на митот за „Солидарност“ и легендата за самиот Лех Валенса, но не го занемариле биографскиот стил на делото и представувањето на помалку славните епизоди од животот на протагонист на филмот [21].
Последниот филм на Анджеј Вајда е Последователни слики од 2016 година, инспириран од животот на полскиот сликар Владислав Стжемински [18]. Филмот бил избран како полски кандидат за Оскар за најдобар странски филм.[22]
Приватен живот
уредиВајда бил четири пати во брак. Неговата трета сопруга била актерката Беата Тишкевич со која ја имале ќерка Каролина (родена 1967 година). Неговата четврта сопруга била театарската костимографка и актерка Кристина Зачватович[23].
Во септември 2009 година, Вајда побарал ослободување на режисерот Роман Полански откако Полански беше уапсен во Швајцарија во врска со неговото обвинение во 1977 година за дрогирање и силување на 13-годишно девојче[24].
Вајда починал во Варшава на 9 октомври 2016 година на 90-годишна возраст поради респираторна инсуфициенција.[25][26]
Бил погребан на гробиштата Салватор во Краков.
Филмски стил
уредиВо раните фази на својата работа, Анджеј Вајда се осврнувал на социјалистичкиот реализам. НАбрзо го напушта овој стил и во филмот „Канал“, за прв пат ги претстави војниците на домашната армија како трагични фигури на тогашната генерација[27]. Во „Пепел и дијаманти“ вметнува две одлики кои подоцна се појавуваат во неговото дело: употребата на симболиката (на пример, главниот лик умира во „маргините на историјата“ [28] и полемиката со романтичниот мит за херојот што го жртвува својот живот. за својата татковина [27]. Според мислењето на Јержи Топлиц и Станислав Јаницки, Анджеј Вајда во својата воена трилогија ја пренесува трагедијата на воената генерација[29], постигнувајќи го тоа со употреба на живи уметнички средства: надреалистички, експресионистички или барокни [30]. Јержи Плажевски истакнал дека делата на режисерот Вајда покажуваат „романтичен реализам, емотивен поглед на светот, интерес за врвните вредности[...], бујна сензуалност на визија и последователна тенденција за прекумерна барокна орнаментика“. Барбара Мруклик вели дека режисерот „зборува преку контраст, конкретно значаен детал, разработена метафора“[31].
Во филмовите Пепелта или Свадба, Анджеј Вајда ја представувал полската национална симболика заедно со патриотски фигури, херојски по својата жестокост, но осудени на пораз од историјата. Тој, исто така, ја нагласил неможноста за обединување на полската нација пред националниот пораз, укажувајќи на внатрешните класни поделби од минатото. Меѓутоа подоцна тој се вратил на страдалната традиција во филмот „Катин“, прикажувајќи ја сликата на полското страдање за време на Втората светска војна [28].
Во периодот на 1970-тите, Анджеј Вајда почнал да го збогатува својот филмски стил. Во Ветената земја, тој користел различни изразни средства, комбинирајќи натуралистичка бруталност со експресионистичка визија [32]. Неговите филмови од периодот на киното на моралната анксиозност, повеќе биле фокусирани на новинарски теми [28] со елементи на психолошка кинематографија [32]. Во Човек од мермер, режисерот се помирил со времето на сталинизмот, а во Човек од железо создал нов мит за солидарност - симболично обединување на полската нација против комунизмот [28] . Во неговите дела имала и место за размислувања за смртта и минливоста, претставено во Госпоѓиците од Вилко и Слатко знаме.
Тадеуш Лубелски го коментирал делото на Анджеј Вајда на следниов начин [33]:
- „Од полското учество во воените кампањи на наполеонската армија, преку трагедијата на Варшавското востание, до штрајкот на работниците во бродоградилиштето во август 1980 година - важни нишки од националната историја во изминатите двесте години, добија облик на имагинација преточена во живот, претставен во неговите филмови“
Филмските историчари кометираат дека делото на полскиот режисер во основа е негово сопствено кино. Олга Катафијас го смета Анджеј Вајда како „еден од најголемите кинематографери“ поради поврзаноста во неговите достигнувања[34]. Јанина Фалковска ја сумира неговата работа како хомогена, составена главно од историски филмови и комедии. Таа, исто така, забележува дека меѓу источноевропските автори, Анджеј Вајда бил најчесто напаѓаниот режисер, а неговите филмови често предизвикувале бурни дискусии во земјата [35].
Ордени
уредиНагради
уредиФилмски награди
уреди- Специјална награда на жирито на Канскиот филмски фестивал за Канал (1957),
- Награда ФИПРЕСЦИ на Венецискиот филмски фестивал за Пепел и дијаманти (1959),
- Сребрена школка на филмскиот фестивал во Сан Себастијан за Свадбата (1973),
- Номинација за Оскар за најдобар странски филм за Ветената земја (1975),
- Главна награда Лавовите од Гдањск на полскиот филмски фестивал во Гдањск за „Ветената земја“ (1975),
- Златна награда на Московскиот филмски фестивал за Ветената земја (1975),
- Награда на новинарите на Филмскиот фестивал во Брисел за Ветената земја (1976),
- Златно уво на Филмскиот фестивал во Ваљадолид за Ветената земја (1976),
- Главна награда Сребрени лавови на полскиот филмски фестивал во Гдањск за Линија во сенка (1976),
- Награда на критиката на полскиот филмски фестивал во Гдањск за „Човек од мермер“ (1977),
- Награда на Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ) на Канскиот филмски фестивал за „Човек од мермер“ (1978).
- Гран при Лавовите од Гдањск на полскиот филмски фестивал во Гдањск за Без анестезија (1978),
- Номинација за Оскар за најдобар странски филм за Госпоѓиците од Вилко (1979),
- Специјална награда од жирито на полскиот филмски фестивал во Гдањск за Госпоѓиците од Вилко (1979),
- Награда од жири на Канскиот филмски фестивал за Без анестезија (1979),
- Златна палма на Канскиот филмски фестивал за Човек од железо (1981) [40] .
- Награда од жири на Канскиот филмски фестивал за Човек од железо (1981),
- Номинација за Оскар за најдобар странски филм за Човекот од железо (1981),
- Стипендија на БАФТА (1982) [41]
- Почесен цезар (1982) [36] ,
- Цезар награда за најдобар режисер за Дантон (1983) [36] .
- Филмска награда на Британската академија за најдобар странски филм за Дантон (1984),
- Награда на критиката на полскиот филмски фестивал во Гдањск за Дантон (1986),
- Европска филмска награда „Феликс“ за животно дело (1990) [36] ,
- Сребрена мечка за исклучителен уметнички придонес на Берлинскиот филмски фестивал за Светата недела (1996 година),
- Почесен златен лав на Венецискиот филмски фестивал за животно дело (1998) [42] ,
- Почесен Оскар за животно дело (2000) [43]
- Полска филмска награда Орел за животно дело (2000),
- Специјална награда „Platinum Lions“ на Полскиот филмски фестивал во Гдиња (2005),
- Почесна Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал (2006) [44] ,
- Номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм за Катин (2007),
- Полска филмска награда Орел за најдобар филм за Катин (2008),
- Награда за полски филм „Орел“ за најдобар режисер за „ Катин “ (2008),
- Награда Алфред Бауер на Берлинскиот филмски фестивал за Слатко знаме(2009),
- Награда на критиката на Европската филмска академија ФИПРЕСЦИ за Слатко знаме (2009).
Почесни докторати
уредиАнджеј Вајда добил почесен докторат на :
- Јагелонскиот универзитет [45] ,
- Универзитетот во Варшава [46] ,
- Универзитетот во Гдањск [47] ,
- Универзитетот во Лоѓ [48] ,
- Педагошки универзитет во Краков [49] ,
- Државната виша школа за филм, телевизија и театар по име Леон Шилер во Лоѓ [50] .
Почесни државјанства
уредиАнджеј Вајда добил титули за почесен граѓанин на: Лоѓ (1998) [51], Гдиња (2000) [52], Сувалки (2000) [53], Радом (2001) [54], Вроцлав (2003) [55], Opole (2009) ) [56], Варшава (2015) [57], Гдањск (2016) [58] и војводството Лоѓ (2016) [59] .
Други награди и одликувања
уредиКомеморација
уредиВо 2009 година назначен за патрон на гимназијата во Рудники. По него биле именувани улиците во Вроцлав и Сувалки и плоштадите во Краков , Груџионц и Варшава .
Во 2018 година, со одлука на Советот на главниот град на Варшава е основана самоуправна културна институција под името „ Центар за филмска култура Анджеј Вајда“. Во 2020 година, пред куќата на Анджеј Вајда на улицата во варшавската населба Жолиборц, каде што живеел 43 години била поставена спомен плоча дизајнирана од Марек Модерау.
Фусноти
уреди- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (born 6 March 1926), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who's Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ 3,0 3,1 INTRODUCTION. ANDRZEJ WAJDA: HIS WORDS AND HIS ARCHIVES. Berghahn Books. 2022-12-31. стр. 1–10.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ J., Dane, William. William J. Dane papers. OCLC 1135866585.
- ↑ Assessment visit of information co-ordinator to Pakistan 27th February-16th March 1989. University of Arizona Libraries. 2000.
- ↑ Cobb, Daniel M. (2016-04). Means, Russell Charles (10 November 1939–22 October 2012). American National Biography Online. Oxford University Press. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Bradshaw, Peter Nicholas, (born 19 June 1962), film critic, The Guardian, since 1999“. Who's Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Barron, Brian Munro, (28 April 1940–16 Sept. 2009), New York News Correspondent, BBC Television News and Current Affairs, since 2005“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ „Wajda, Andrzej, (6 March 1926–9 Oct. 2016), Polish film and theatre director; Senator, Polish People's Republic, 1989–91 (one term); President, Andrzej Wajda Master School of Film Directing“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
- ↑ 27,0 27,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 28,0 28,1 28,2 28,3 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 32,0 32,1 Katafiasz, Olga (2005). Słownik wiedzy o filmie. Bielsko-Biała: Wydawn. Park. ISBN 8372663254. OCLC 1280784445.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 36,0 36,1 36,2 36,3 36,4 36,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеFilmpolski
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеKOOOP
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеKWOOP
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеOOB
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеPalme d'Or
. - ↑ „Fellowship in 1982“ (англиски).
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBiennale
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеOscar
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNiedzwiedz
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеUJ
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеUWawa
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеUG
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеULodz
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеhc UPK
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеhc PWSFTViT
. - ↑ „Nie żyje Andrzej Wajda“. 2016-10-10.
- ↑ „Honorowi Obywatele Gdyni: Wajda Andrzej (1926–2016)“.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеSuwałkiHO
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRadom
. - ↑ „Wrocławianin Andrzej Wajda“. 2003-05-17.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеOpole
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWarszawaHO
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеtrojmiasto2016
. - ↑ „Andrzej Wajda. Pierwszy honorowy obywatel województwa łódzkiego“. 2016-08-30.