Дејвид Бом
Дејвид Џозеф Бом (David Joseph Bohm) (20 декември 1917 – 27 октомври 1992) бил американски квантен физичар кој има дадено значајни придонеси на полето на теоретската физика, филозофијата и невропсихологијата, а работел и на прочуениот Проект Менхетен.
Дејвид Бом | |
---|---|
Дејвид Џозеф Бом (1917-1992) | |
Роден(а) | 20 декември 1917 Пенсилванија, САД |
Починал(а) | 27 октомври 1992 Лондон, Велика Британија | (возр. 74)
Живеалиште | Америка |
Државјанство | британско |
Националност | Американец |
Полиња | физичар |
Установи | Проект Менхетен Принстон Универзитет на Саун Пауло Технион Универзитет на Бристол Беркбек Колеџ, Лондон |
Образование | Државен колец во Пенсилванија Институт за технологија на Калифорнија Беркли |
Докторски ментор | Роберт Опенхајмер |
Докторанди | Јакир Ахаронов |
Познат по | Бомова дифузија Бомова интерпретација Ахаронов-Бом ефект Холографски модел |
Влијание од | Алберт Ајнштајн Кришнамурти Артур Шопенхауер Хегел |
Влијаел врз | Џон Стјуарт Бел |
Истражувања
уредиИнтересот на Бом за науката и начинот на кој функционираат нештата се појавил рано. Како момче, додека живеел во Пенсилванија, конструирал чајник што не капе, а татко му, деловен човек, го убедувал да се обиде да заработи на таа идеја. Но, откако Бом сфатил дека првиот чекор во претприемништвото било да оди од врата на врата и преку анкета да го испита својот изум на пазарот, се откажал од бизнисот.
Но, не се откажал од науката. Во 1930-те години, на колеџот Пенсилванија Стејт се сретнал со квантната физика. Откритијата што се крие во срцето на атомот и камелеонската способност на електронот толку многу го восхитиле Бом, што целиот натамошен живот го посветил на проучување на квантите.
Во лабораторијата за зрачење на Беркли, Бом го започнал она што подоцна ќе стане негов пресвртнички труд за плазмите (плазма - гас кој содржи висока концентрација на електрони и позитивни јони). Бом открил дека електроните откако еднаш се наоѓале во плазмата, престануваат да се однесуваат како единки, и дека почнуваат да се однесуваат како да се дел од поголема меѓусебно поврзана целина, т.е. голем број на електрони произведувале ефекти што се изненадувачки добро коориднирани. Бом изјавил дека имал чувство дека плазмата, т.е. електронското море, е како некоја амеба, е „жива“.
Во 1947 година, Бом станува професор асистент на универзитетот Принстон. После три години предавање на Принстон, решил да напише учебник (објавен во 1951 година),[1] но не бил сосема задоволен од него, па примероци им испратил на Нилс Бор и на Ајнштајн, со молба да дадат свое мислење. Од Бор не добил одговор, а Ајнштајн предложил да се сретнат и во живо да поразговараат на темата. После разговорите со Ајнштајн, Бом се впуштил во нови ексерименти. Така дошол до откритие дека постои претпоставено ново поле на субквантно ниво, кое го нарекол квантен потенцијал, и ја поставил теоријата дека ова поле, како и гравитацијата, го има низ целиот универзум. Својата алтернативна интерпретација на квантната теорија ја објавил во 1952 година.
Проект Менхетен
уредиГлавна статија: Проект Менхетен
За време на Втората светска војна, проектот Менхетен ги мобилизирал повеќето физичари од Беркли, со цел да се произведе првата атомска бомба. Роберт Опенхајмер го повикал Бом да се придружи во тимот на тајната лабораторија Лос Аламос (формирана во 1942 година заради дизајнирање на атомската бомба), но генералот Лесли Грувс не го одобрил приемот на Бом.
Така, Бом останал на Беркли, предавал физика, и го завршил својот докторат во 1943 година, под менторство на Опенхајмер. Пресметките на Бом во врска со протоните и деутроните биле многу корисни за проектот Менхетен, па така Опенхајмер ги употребил при создавање на бомбата, фрлена во Хирошима, во 1945 година.
Причинско-последични врски
уредиВо својата книга од 1957 година, „Каузалноста и случајноста во квантната физика“,[2] Бом прикажал дека науката е премногу ограничена во проценките на новите идеи. Според него, еден одреден ефект нема само една или неколку причини, туку има неограничен број причини. Познат е примерот со причината за смртта на Абрахам Линколн. Според Бом, причина за смртта на Линколн не е само куршумот што го погодил, туку целата низа на настани кои довеле до производство на пушката, факторите кои ја побудиле желбата на убиецот да пука во него, и така натаму. Бом сметал дека луѓето во поголемиот дел од животот ја занемаруваат редицата од причини кои носат одреден ефект, но сметал дека тоа занемарување е недозволиво за научниците.
Периодот во Англија
уредиВо 1951 година, Бом бил повикан да сведочи против Роберт Опенхајмер, обвинет како комунист од страна на сенаторот Џозеф МекКарти. Откако Бом одбил да сведочи, добил отказ во Принстон, без можност повтoрно да се вработи во САД. Најпрво заминал за Бразил, а оттаму за Лондон, каде почнал да работи на универзитетот во Бристол. Таму заедно со својот студент истражувач, Јакир Ахаронов, откриле дека под одредени околности, електронот може да „чувствува“ присутност на магнетно поле, појава денес позната под името Ахоронов-Бомов ефект. Овој ефект денес е потврден во бројни експерименти, иако повремено во научните списанија се појавуваат статии во кои се тврди дека тој не постои.
Холографскиот модел на универзумот
уредиЕдно од тврдењата на Бом кое најмногу зачудува е дека опипливата стварност на нашето секојдневие е еден вид илузија, налик на холографска слика. Бом смета дека она што ги создава сите предмети и појави во нашиот физички свет е речиси исто како што парчето холографски филм го создава холограмот. Тоа подлабоко ниво Бом го нарекува имплицитен или „завиен“ ред, а нашето ниво на постоење експлицитен или „одвиен“ ред. Постојаната измена меѓу овие два реда објаснува како честичките, како што е електронот, може да ја менуваат формата од еден вид во друг. Објаснува и како може квантот да се манифестира и како честичка и како бран. А бидејќи изразот холограм се однесува на нешто статично и не ја опишува постојаната активна природа на универзумот, Бом универзумот го опишува не како холограм, туку како „холодвижење“.
Реакција од кругот на физичарите
уредиПовеќето физичари се скептични кон идеите на Бом, па сепак интелигенцијата на Бом сите ја почитуваат. Меѓу физичарите кои се наклонети кон идеите на Бом спаѓаат и имињата како: Роџер Пенроус, творецот на современата теорија за црните дупки, Бернард д`Еспањат, еден од водечките светски авторитети од областа на квантната физика, како и Брајан Џозефсон, добитникот на Нобелова награда за физика во 1973 година. Џозефсон смета дека имплицитниот ред на Бом еден ден може да доведе до воведување на Бога или Умот во научниот систем, што е идеја која Џозефсон ја поддржува.[3]
Библиографија
уреди- 1951. Quantum Theory, New York: Prentice Hall. 1989 reprint, New York: Dover, ISBN 0-486-65969-0
- 1957. Causality and Chance in Modern Physics, 1961 Harper edition reprinted in 1980 by Philadelphia: U of Pennsylvania Press, ISBN 0-8122-1002-6
- 1962. Quanta and Reality, A Symposium, with N. R. Hanson and Mary B. Hesse, from a BBC program published by the American Research Council
- 1965. The Special Theory of Relativity, New York: W.A. Benjamin.
- 1980. Wholeness and the Implicate Order, London: Routledge, ISBN 0-7100-0971-2, 1983 Ark paperback: ISBN 0-7448-0000-5, 2002 paperback: ISBN 0-415-28979-3
- 1985. Unfolding Meaning: A weekend of dialogue with David Bohm (Donald Factor, editor), Gloucestershire: Foundation House, ISBN 0-948325-00-3, 1987 Ark paperback: ISBN 0-7448-0064-1, 1996 Routledge paperback: ISBN 0-415-13638-5
- 1985. The Ending of Time, with Jiddu Krishnamurti, San Francisco, CA: Harper, ISBN 0-06-064796-5.
- 1987. Science, Order and Creativity, with F. David Peat. London: Routledge. 2nd ed. 2000. ISBN 0-415-17182-2.
- 1991. Changing Consciousness: Exploring the Hidden Source of the Social, Political and Environmental Crises Facing our World (a dialogue of words and images), coauthor Mark Edwards, Harper San Francisco, ISBN 0-06-250072-4
- 1992. Thought as a System (transcript of seminar held in Ojai, California, from November 30 to December 2, 1990), London: Routledge. ISBN 0-415-11980-4.
- 1993. The Undivided Universe: An ontological interpretation of quantum theory, with B.J. Hiley, London: Routledge, ISBN 0-415-12185-X (final work)
- 1996. On Dialogue. editor Lee Nichol. London: Routledge, hardcover: ISBN 0-415-14911-8, paperback: ISBN 0-415-14912-6, 2004 edition: ISBN 0-415-33641-4
- 1998. On Creativity, editor Lee Nichol. London: Routledge, hardcover: ISBN 0-415-17395-7, paperback: ISBN 0-415-17396-5, 2004 edition: ISBN 0-415-33640-6
- 1999. Limits of Thought: Discussions, with Jiddu Krishnamurti, London: Routledge, ISBN 0-415-19398-2.
- 1999. Bohm-Biederman Correspondence: Creativity and Science, with Charles Biederman. editor Paavo Pylkkänen. ISBN 0-415-16225-4.
- 2002. The Essential David Bohm. editor Lee Nichol. London: Routledge, ISBN 0-415-26174-0. preface by the Dalai Lama