Елена Александра Апостолеану (романски: Elena Alexandra Apostoleanu) (родена на 16 октомври 1986 во Мангалија, Романија), попозната како Ина (Inna) e романска денс пејачка. На музичката сцена се појавува во 2008 година со нејзиниот албум Hot, продуциран од страна на бендот Play & Win. Главниот сингл од албумот е песната со исто име - „Hot“. Таа успеа да го достигне првото место во Романија, Португалија, Молдавија, Бугарија, Унгарија, Либан, Малта, Полска, Србија, Шпанија, Сирија, Турција, Русија, Унгарија, Грција и Украина[1][2], а исто така добро котираше и на радио станиците во Македонија. Втoриот промовиран сингл од албумот е „Love“. Тој го достигна 16-тото место на романското радио Kiss FM за време на неговата прва недела од издавањето.[3] Ина беше номионирана за најдобра пејачка и најдобар сингл на наградите Еска во Полска.[2] Ина исто така реализираше сингл наречен „Deja Vu“ заедно со Боб Тејлор и тој беше голем хит во Романија, Молдавија, Бугарија, Русија, Холандија и Унгарија.[2] Нејзиниот четврти сингл од албумот е песната „Amazing“. Видеото за песната беше снимано во Португалија.

Ина
Биографски податоци
Родено имеЕлена Александра Апостолеану
Роден(а)16 октомври 1986
ПотеклоМангалија, Романија
ЖанровиДенс, Поп
СоработнициPlay & Win
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Во 2009, Ина го доживеа најзиниот досегашен најголем успех, кога нејзината песна „Hot“ се најде на првото место на американскиот Billboard Hot Dance Airplay. Петтиот сингл од нејзиниот прв албум беше реализиран во јуни 2010 и го носи насловот „10 Minutes“. Видеото за песната беше снимано во Лондон, Англија и тоа чинело околу 70,000 .

ДискографијаУреди

  Главна статија: „Дискографија на Ина.

АлбумиУреди

НаводиУреди

  1. „Noul single Inna, în exclusivitate la Radio 21“ (романски). www.libertatea.ro. 16-02-2009. Посетено на 2009-07-27. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Inna, pe locul I în topul Nielsen“ (романски). www.telegrafonline.ro. 2008-12-20. Посетено на 2009-07-27.
  3. „Fresh top 40 – 25 Iul – August 1“ (романски). Kiss FM. Посетено на 2009-07-27.

Надворешни врскиУреди