Милена Дравиќ
Милена Дравиќ (српски: Милена Дравић); (5 октомври 1940, Белград - 14 октомври 2018, Белград) — српска и југословенска глумица.
Милена Дравиќ Милена Дравић | |
---|---|
Милена Дравиќ во 1969 | |
Роден(а) | Милена Дравиќ 5 октомври 1940 Белград, Југославија |
Починал(а) | 14 октомври 2018 Белград, Србија | (возр. 78)
Сопружник | Кокан Ракоњац (?-1969) Пуриша Ѓорѓевиќ (?-?) Драган Николиќ (1972-до неговата смрт) |
Животопис
уредиМилена Дравиќ е родена на 5 октомври 1940 година, во Белград, во населбата Дорќол, а нејзиниот роден дом се наоѓал наспроти црквата Свети Александар Невски. Учела во основното училиште „Јанко Веселиновиќ“ у Душановата улица, а потоа се запишала во Првата белградска гимназија.[1] Таа се занимавала со изведувачки уметности уште од четиригодишна возраст, најпрвин со танц, а потоа со класичен балет. По настапите во неколку филмови, таа одлучила целосно да се посвети на глумата и се запишала на академијата на драмски уметности во Белград.
Милена Дравиќ се омажила трипати, а нејзин последен маж бил глумецот Драган Николиќ.
Кариера
уредиМилена Дравиќ глумела во повеќе од 100 филмови. Нејзината филмска кариера започнала во 1959 година, како ученичка во средното училиште, кога режисерот Франтишек Чап ја видел на насловната странивца на списание на млади на групна слика на балетски играчи и ѝ понудил улога во неговиот филм „Вратата останува отворена“ (Vrata ostaju otvorena). Со широка популарност се стекнала со филмот „Прекубројна“ (Prekobrojna) на режисерот Бранко Бауер, за која во 1962 година ја добила својата прва „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула. Останати нејзини познати улоги се оние во филмовите: „Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, „Работа на одредено време“, „Мојот татко на одредено време“, „Секула се жени повторно“, „Не е лесно со машките“ и „Зона Замфирова“. Исто така, таа остварила и бројни улоги во популарни телевизиски серии, како: учителката во „Приказни од Неприказнија“ (Приче из Непричаве), Вера во „Полицаецот од Петлово Брдо“ (Полицајца са Петловог брда), Вукосава Петровиќ во „Театар дома“ (Позориште у кући) и Споменка во „Луд, збунет, нормален“ (Луд, збуњен, нормалан). Од 1972 до 1974 година, со својот трет сопруг, Драган Николиќ, ја водела популарната телевизиска програма „Образ до образ“ (Образ уз образ). Милена Дравиќ често играла улоги на самохрани мајки, селанки и жени од работничката класа, како и ексцентрични ликови во филмовите на југословенскиот Црн бран (на пример, во филмот „Мистерии на организмот“), додека широката популарност ја стекнала со своите улоги во романтичните комедии во кои глумела со Љубиша Самарџиќ.[1]
За своите улоги, Дравиќ добила бројни награди, како: наградата за најдобра споредна глумица на Канскиот филмски фестивал, за улогата во филмот „Посебен третман“ (1980), специјалната награда „Златна роза“ на Филмскиот фестивал во Венеција, наградата „Добричин прстен“ и „Жанка Стокиќ“ за целокупниот придонес во југословенската и српската кинематографија, наградите „Јоаким Вуиќ“ и „Павле Вуисиќ“ (1994) на Филмските средби во Ниш, четири награди „Златен мисир“ на Деновите на комедијата во Јагодина и рекордни десет награди „Златна арена“ на Филмсккиот фестивал во Пула. Поради тоа, неа често ја сметаат за најголемата глумица во српската и во југословенската кинематографија.[1]
Одбрана филмографија
уреди- Првите истрели (1961)
- Козара (1962)
- Машки излет (1964)
- Човек не е птица (1965)
- Следбениците на кампот (1965)
- Гледајќи во очите на Сонцето (1966)
- Рондо (1966)
- Тоуха викана Анада (1969)
- Мистерии на организмот (1971)
- Улогата на моето семејство во револуцијата (1971)
- Битката на Сутјеска (1973)
- Претставата „Хамлет“ во селото Мрдуша Доња (1974)
- Посебен третман (1980)
- Буре барут (1998)
- Небесна јадица (1999)
- Љубов и други злосторства (2008)
- Свети Ѓорѓи го убива змејот (2009)
Надворешни врски
уреди- Милена Дравиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Complete filmography at the Complete Index to World Film
- Dean Sinovčić (3 March 2008). „Milena Dravić - New rise of Serbian star actress“ (хрватски). Nacional (weekly). Архивирано од изворникот 2012-07-22. Посетено на 22 July 2012.