Ваут Пулс
Ваутер Пулс (холандски: Wouter Poels; р. 1 октомври 1987) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1]
Пулс на Трката околу Британија 2016 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Ваутер Пулс | ||
Роден | 1 октомври 1987 Венрај, Холандија | ||
Висина | 1,86 м | ||
Маса | 66 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Инеос Гренадиерс | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2006–2008 2009–2013 2014 2015- | Фондас-П3Трансфер Тим Вакансолел Омега Парма-Квик Степ Тим Скај | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 16 декември 2019 |
Кариера
уредиОткако настапувал со екипата Вакансолел-ДКМ од 2009,[2] Пулс се преместил во екипата Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[3]
Скоро и да го загубил својот бубрег по страшниот пад на шестата етапа на Тур де Франс 2012.[4]
Во септември 2014 година, Тим Скај објавил дека Пулс ќе им се приклучи од 1 јануари 2015 година.[5]
Негова прва победа за екипата се случила на Тирено-Адријатико 2015, каде ја предводел екипата по повлекувањето на Крис Фрум. Пулс ја освоил четвртата етапа со напад на последното искачување и соло спуст до целта. Го преземал водството на трката, но не успеал да го задржи и на крајот завршил на седмото место.[6][7] Подоцна завршил втор на Трката околу Британија, освојувајќи ја најтешката планинска етапа со завршница на нагорнина.
Во 2016 година, Пулс по првпат освоил еднодневна трка откако спринтал за победа од четиричлена група на Лиеж-Бастон-Лиеж 2016. Тоа било прв монумент за Тим Скај и за самиот Пулс.[8][9]
Достигнувања
уреди- 2008
- 1. Краен пласман Вуелта Сиклиста а Леон
- 2010
- 2. Краен пласман Тур де л’Ен
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 4 Трка околу Британија
- 2011
- 3. Краен пласман Трка околу Средоземјето
- 4. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 4. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 3 Тур де л’Ен
- 2. Етапа 5 Вуелта а Еспања
- 2. Етапа 15 Вуелта а Еспања
- 2012
- 2. Краен пласман Трка околу Луксембург
- 3. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 8. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2013
- 8. Краен пласман Тур де л’Ен
- 1. Етапа 4
- 9. Краен пласман Трка околу Баскија
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2014
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 9. Страде Бјанке
- 10. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1. Етапа 4
- 2015
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 5
- 3. Краен пласман Трка Абу Даби
- 5. Милано-Торино
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 4
- 8. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 8. ГП Западна Франција
- 2016
- 1. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 1. Бодовен пласман
- 1. Планински пласман
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 4
- 1. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 1. Етапа 5 Волта а Каталуња
- 1. Етапа 6 Трка околу Британија
- 4. Флеш Валон
- 7. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2017
- 3. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 7
- 4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 6. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 6. Милано-Торино
- 7. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 2018
- 1. Етапа 4 (ITT) Париз-Ница
- 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 6
- 2019
- 3. Краен пласман Тур Даун Андер
- 3. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 4. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 7
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 10. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Распоред на резултатите на етапните трки
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
Џиро | — | — | — | 21 | — | — | — | 12 | — | |
Тур | СО | СО | 28 | — | 44 | 28 | — | 58 | 26 | |
Вуелта | 17 | — | СО | 38 | — | — | 6 | — | 34 | |
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки | ||||||||||
Етапни трки | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | |
Тирено-Адријатико | 18 | 8 | 10 | 38 | 7 | 14 | — | — | 7 | |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | 24 | 34 | — | — | — | |
Трка околу Баскија | 39 | 17 | 9 | 10 | — | — | — | — | — | |
Тур де Романди | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | — | 57 | — | 39 | 25 | — | — | 4 | |
Тур де Свис | 25 | 15 | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Team Sky“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2019. Посетено на 5 јануари 2019.
- ↑ Аткинс, Бен (3 јануари 2012). „Вакансолел-ДКМ ги презентираше дванаесетте нови возачи за 2012“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 јануари 2012.
- ↑ „ОПКС потпиша со Ваут Пулс и Ханиер Асеведо“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. 1 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-05. Посетено на 7 септември 2013.
- ↑ „Пулс оптимистичен за враќање на трките во 2013 година“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 ноември 2012. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „Тим Скај потпиша со Леополд Кениг, Николас Роуш, Ваут Пулс, Енди Фен, Ларс Петер Нордхауг“. skysports.com. 30 септември 2014. Посетено на 30 септември 2014.
- ↑ О’Ши, Садб (15 март 2015). „Тирено-Адријатико: Пулс победи во Кастелраимондо“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 март 2015.
- ↑ „Тирено-Адријатико: Кинтана победи“. Cyclingnews.com. 17 март 2015. Посетено на 18 март 2015.
- ↑ „Poels wins Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. 24 април 2016. Архивирано од изворникот на 2016-05-03. Посетено на 24 април 2016.
- ↑ „Wout Poels (Wins)“. ProCyclingStats. Посетено на 24 април 2016.
Надворешни врски
уреди„Ваут Пулс“ на Ризницата ? |
- Матична страница (холандски)
- „Достигнувања на Ваут Пулс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Ваут Пулс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Ваут Пулс“. ProCycling.