Клод Симон
Клод Симон Claude Simon | |
---|---|
Клод Симон 1967 | |
Роден/а | 10 октомври 1913 Антананариво, Мадагаскар |
Починат/а | 6 јули 2005 Париз, Франција | (возр. 91)
Занимање | Романописец |
Националност | Французин |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1985 |
Животопис
уредиКлод Симон (10 октомври 1913, Тананирва, сега Антанариво, Мадагаскар - Париз 6 јули 2005) — француски белетрист, добитник на Нобелова награда за литература во 1985 година за творештво што ги поврзува поетскиот и живописниот креативен принцип. Татко му бил убиен за време на Првата светска војна. Учел во колеџот „Станислас“ во Париз. Учествувал во Втората светска војна. Бил заробен но избегал и се вклучил во Движењето на отпорот.[1]
Творештво
уредиВо своето творештво Симон ја раскинува класичната форма на расказот, без да го обезличи раскажувањето. Претставник на „новиот роман“, Симон бил обземен од идејата за свет во кој сè се одвива како на филмска лента, без длабочина, од создавањето на јазични слики со кои мислата може да игра бескрајно, без да постигне некогаш состојба на задоволеност. Во неговата белетристика, дури и кај најпрецизните описи, всушност недостасува објектот. Сите негови книги напишани на една или друга техника, се конструирале околу едно очекување на кое авторот не давал одговор. Во своите први романи „Ветер“ (1957), „Трева“ (1958), „Патот за фландарија“ (1959), „Дворец“ (1962) и „Историја“ (1967) Симон ја изоставил традиционалната интрига за да воведе личности кои минуваат од светот на спомените и мечтите. Подоцна, во есеите „Слепиот Орион“ (1970) и во новите раскази „Фарсалската битка“ (1969). „Триптих“ (1973) и „Георгики“ (1981) Клод Симон дал примери на нова практика во литертаурното пространство, каде што фрагментерната реалност се рекомпензира, преименувајќи ритам до описната литература.[1]