Паво Јоханес Нурми (13 јуни 1897 - 2 октомври 1973) бил фински атлетичар. Се родил во Турку, Финска.

Паво Нурми

Нурми е дел од финскиот атлетски состав во друштво со Ханес Колехмаинен , Виле Ритола и други коишто доминирале во атлетиката во 20-тите години на XX век. Негова специјалност биле средните и долгите патеки однсоно неговата доминација започнувала од тркита на 1500m, па сè до трката долга 20 km.

Паво Нурми освоил 12 медали на Олимписките игри од кои 9 златни и 3 сребрени на Летните олимписки игри 1920, 1924 и 1928 година. Во 1932 година, тој бил подготвен за настап на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, но бил оневозможен да учествува, бидејќи станал професионалец.

Олимписки достигнувања уреди

Летни олимписки игри - 1920, Антверпен уреди

На Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен, Паво нурми освоил 3 златни медали и еден сребрен. Светот се запознал со неговиот лик, стил и неговата големина. Нурми освоил злато на трките на 8000m крос кантри, 8000m крос кантри во тимска конкуренција и на 10000m. Единствениот сребрен медал го освоил во трката на 5000m.

Летни олимписки игри - 1924, Париз уреди

Во 1924, „градот на светлината“ му ја осветлил спортската кариера на Нурми којшто на Олимписките игри освоил 5 медали и сите биле златни. Златата ги освоил во трките на 1500m, 3000m во тимска конкуренција, 5000m (среброто од игрите 4 години пред тоа го претворил во злато), 5000m крос кантри и 5000m крос кантри во тимска конкуренција.

Летни олимписки игри - 1928, Амстердам уреди

„Летечкиот Финец“ продолжил да лета на атлетските патеки и на Летните олимписки игри - 1928 одржани во Амстердам. Тој освоил еден златен и 2 бронзени медали. Се позлатил во неговата препознатлива дисциплина, трката на 10000m, а сребра освоил во трката на 5000m и во трката на 3000m со пречки.

Летни олимписки игри - 1932, Лос Анџелес? уреди

На Паво Нурми не му било дозволено да учествува на Летните олимписки игри - 1932 одржани во Лос Анџелес поради тоа што станал професионалец.

Лични рекорди уреди

Сите лични рекорди на Паво Нурми биле светски рекорди во негово време.

Трка Резултат Година
1500m 3:52,6 1924
2000m 5:24,6 1927
3000m 8:20,4 1926
5000m 14:28,2 1924
10000m 30:06,2 1924
15000m 46:49,6 1928
20000m 1:04:38,4 1930
1h 19 km 210m 1928
1 милја 4:10,4 1923
2 милји 8:59,6 1931
3 милји 14:11,2 1923
4 милји 19:15,4 1924
5 милји 24:06,2 1924
6 милји 29:36,4 1930
штафета 4 x 1500m 16:11,4 1926