Петре Латиновски
Петре Латиновски (29 октомври 1954 во Радишани, Скопско - 6 септември 2022) — прв градоначалник на Општина Бутел во периодот од 2005 до 2017 година. На функцијата е избран на локалните избори во 2005 година.[1]
Петре Латиновски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Бутел | |
На должноста 2005–2017 | |
Претходник | нема |
Наследник | Велимир Смилевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 октомври 1954 Радишани, Скопско |
Починал(а) | 6 септември 2022 |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Сопружник | Јованка Латиновска |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | дипломиран географ |
Вероисповед | православен |
Животопис
уредиРоден е во село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, отсек географија. Од 1978 до 1999 г. работи како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 до 2003 г. бил директор на истоименото училиште. Во 2005 г. станал градоначалник на Општина Бутел и бил на функцијата сè до 2017 година. Истата година кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник бил Дарко Костовски кој бил поразен од својот противкандидат од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски на локалните избори.
Петре Латиновски бил оженет, татко на две деца и дедо на четири внучиња.
Наводи
уреди- ↑ „Градоначалници на долги патеки“ Архивирано на 17 мај 2013 г. од Утрински Весник (13.03.2013), проверено на 22 мај 2013
Надворешни врски
уреди- Општина Бутел - Градоначалник
- Профил на Петре Латиновски Архивирано на 10 мај 2013 г.