Надежда Петровиќ
Надежда Петровиќ (Чачак, 12 октомври 1873 — Ваљево, 3 април 1915) била најзначајна српска сликарка од крајот на XIX и почеток на XX век.
Надежда Петровиќ | ||
Родена | 12 октомври 1873 Чачак, Кнежевство Србија | |
---|---|---|
Починала | 3 април 1915 Ваљево, Кралство Србија | (возр. 41)|
Националност | Србинка | |
Позната | Сликарство |
Животопис
уредиРодена е во Чачак на 12 октомври 1873 година од татко Димитрија - Мите Петровиќ и мајка Милева, која била роднина со Светозар Милетиќ.[1] Семејството имало 13 деца од кои 9 преживеале. Помладата сестра на Надежда била писателката Милица Мишковиќ, а најмладиот брат писателот Растко Петровиќ.[2]
Во 1884 година со семејството се преселила во Белград. Завршила Виша женска школа во Белград во 1891 година, а наредната година го положила испитот за наставничка по цртање, и станала ученик во атељето на Ѓорѓе Крстиќ. Во 1896/97 година учи кај Кирил Кутлик, а во 1898 година во Минхен кај Словенецот Антон Ажбе.
Во 1900 година ја имала својата прва самостојна изложба во Белград, а наредната година почнала да работи во атељето на Јулиус Екстер во Минхен. На 26 август 1903 година, со Делфа Иваниќ и Милица Добри го основала хуманитарното друштво „Коло на српските сестри“,[3] како одговор на погромите над христијаните во Македонија, односно тогаш нарекувана Стара Србија. Надежда со Милицом Добри кон крајот на 1903 година заминала за Македонија и ја делела хуманитарната помош што ја собрало друштвото. Своите импресии од ова патување Надежда ги запишала во драмата „Војвода Мицко Поречки“, каде главен лик е војводата Мицко Крстиќ. Оваа драма не била објавена за време на нејзиниот живот. Од 1904 година била ангажирана околу првата југословенска уметничка изложба, основањето на уметничкото друштво „Лада“, и првата уметничка колонија во Сиќево, кај Пирот.Се занимавала и со ликовна критика.
До 1912 година учествувала на бројни изложби, меѓу кои во Љубљана, во Париз, во Загреб, во Рим, и на други места. Во Белград во 1912 година отворила сликарска школа и учествувала на четвртата југословенска изложба.
Се пријавила како доброволец во Првата балканска војна, и учествувала како болничарка на фронтот. Умрела во Ваљево на 3 април 1915 година, од тифус, додека била на должност како болничарка. Во Чачак од 1960 година се одржува сликарско биенале под името „Меморијал на Надежда Петровиќ“.
Дела
уредиСликарството на Надежда Петровиќ било во чекот со европскиот експресионизам.
На нејзините најдобри дела доминираат големи површини со црвена и зелена боја. Сликала портрети, како и теми од националната историја на Србија.
Во текот на балканските војни и Првата светска војна, се занимавала и со фотографија, како прва жена воен фотограф.[4]
Галерија
уреди-
Дрво во шума, 1902, Народен музеј Белград
-
Баварец со шешир, 1900, Уметничка галерија „Надежда Петровиќ“ Чачак
-
Воденица, 1901, Уметничка галерија „Надежда Петровиќ“ Чачак
-
Море, 1910, Уметничка галерија „Надежда Петровиќ“ Чачак
-
Турски мост
Наводи
уредиЛитература
уреди- Пантелић, Ивана; Милинковић, Јелена; Шкодрић, Љубинка (2013). Двадесет жена које су обележиле XX век у Србији. Београд: НИН.
- Јанковић, Оливера (2003). Надежда Петровић — између уметности и политике. Београд: Сигнатуре.
- Мереник, Лидија (2006). Надежда Петровић:пројекат и судбина. Београд: Војноиздавачки завод; Топи.
- Амброзић, Катарина (1978). Надежда Петровић 1873-1915. Београд: Српска књижевна задруга.
- Живковић, Станислав (1966). Надежда Петровић (1873 — 1915). Нови Сад: ЗЛУМС.
- Протић, Миодраг Б. (1970). Српско сликарство XX века; кињга I. Београд: Нолит.
- Трифуновић, Лазар (1973). Српско сликарство 1900-1950. Београд.
- „Каталог сталне поставке са водичем кроз збирке“. Уметничка галерија „Надежда Петровић“. Чачак. 1995.
- „Надежда Петровић 1873-1915, ПУТ ЧАСТИ И СЛАВЕ“. (каталог). Београд. 1998. Не се допушта закосување или задебелување во:
|journal=
(help)
Надворешни врски
уреди„Надежда Петровиќ“ на Ризницата ? |
- интернет презентација Галерије Надежда Петровић Архивирано на 29 септември 2013 г.
- „Три рата Надежде Петровић“, Војислав Латковић, Вечерње новости, фељтон, 10 наставака, 13. - 22. октобар 2006.
- http://www.pavle-beljanski.museum/novi_w/petrovic.html
- Највећи срспки сликари - Надежда Петровић Архивирано на 27 септември 2013 г.
- Време Надежде Петровић („Политика“, 12. новембар 2011)
- Подсећање - живот и дело Надежде Петровић („Време“, 10. јун 2010) Архивирано на 5 март 2016 г.
- Надежда Петровић (-{znanje.org}-)
- Надежда Петровић Слике ужарене Србије („Вечерње новости“, фељтон, април 2012) Архивирано на 30 август 2012 г.
- Надежда Петровић - тема броја, посетено на 15. октобра 2016.]