Марин Бабиќ
Марин Бабиќ (р. 24 октомври 1947 Белград - 16 октомври 2022 Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Марин Бабиќ | ||
![]() | ||
Роден | 24 октомври 1947 Белград | |
---|---|---|
Починал | 16 октомври 2022 Скопје, ![]() | (возр. 74)|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Солунски патрдии Тврдокорни Претежно ведро Македонски народни приказни Викенд на мртовци Нели ти реков Јужна патека Бардо | |
Занимање | глумец | |
Татко | Бошко Бабиќ | |
Роднини | Крсте Гермов - Шаќир - дедо
Огнен Јанески - внук |
Биографија уреди
Марин Бабиќ во 1971 година дипломирал на Театарската Академија во Софија и истата година се вработил во Драмски Театар Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Учествувал во бројни и значајни улоги во бројни претстави не само во Драмскиот театар, туку и во други театри и проекти.
Запаметен е по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, “Најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“, „Солунски патрдии“; „Рибарски караници“, „Косанчиќев венец бр. 7“, „Хаос зад кулиси“, „Викенд на мртовци“, „Ноќ спроти Водици“, „Зојкиниот стан“, „Смртта на Дантон“, „Стапица“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, „Самоубиец“, „Балконот“, „Не сега драга…“, „Прости дарови“, „Амадеус“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Заводникот од западниот свет“, „Словенскиот ковчег“, „Платонов“, „Ферхад и Ширин“, „Демонот од Дебар Маало“.
Неговата актерска кариера ја одбележуваат и бројни филмски и ТВ улоги: „Бушава азбука“, „Наши години“, „Оловна бригада“, „Јад“, „Нели ти реков“, „Доротеј“, „Јужна патека“, „Тетовирани души“, „Претежно ведро“, „Училиште за кловнови“, „Збогум на 20. век“ и многу други. Во културната колективна меморија засекогаш останал неговиот Јашар бег во театарската претстава „Солунски патрдии“, но и по репликата која стана урбана фраза на многу луѓе – „Ово нема ни у Београду!“, од претставата „Викенд на мртовци“.
Повозрасните генерации сé уште со носталгија се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на Радио Скопје. Радио кариерата ја заокружи со популарната радио-емисија за готвење во некогашниот радио Равел. Бабиќ бил идеен творец на култната манифестација „Глумците пеат“ и на поетскиот серијал „Бебули“, каде ги имаше неговите маестрални интерпретации на современата македонска и странска поезија. Во 2023 година во негова чест повторно се враќа манифестацијата "Глумците пеат", кои ја организираа неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ.
Театарски претстави уреди
- „Болен Дојчин“
- „Лиза, Лиза“
- „Свадба“
- „Учени жени“
- „Собирен центар“
- „Бура“
- „Вообразениот болен“
- „Злостори на срцето“
- “најголемиот подвиг на витезот Сукало“
- „Ивона кнегиња бургундска“
- „Солунски патрдии“
- „Рибарски караници“
- „Косанчиќев венец бр. 7“
- „Хаос зад кулиси“
- „Викенд на мртовци“
- „Ноќ спроти Водици“
- „зојкиниот стан“
- „Смртта на Дантон“
- „Стапица“
- „Сказна за времето“
- „Сили во воздухот“
- „Самоубиец“
- „Балконот“
- „Не сега драга...“
- „Прости дарови“
- „Амадеус“
- „Дедо Мраз и Феферона“
- „Заводникот од западниот свет“
- „Словенскиот ковчег“
- „Платонов“
- „Ферхад и Ширин“
- „Демонот од Дебармаало“
- "Глумците пеат"
Филмографија уреди
Бабиќ има остварено бројни филмски улоги:[1]
Филмографија на глумецот Марин Бабиќ | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1970-ти | |||
1975 | Јад ТВ-филм | / | |
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | / | |
1978 | Сеќерна приказни ТВ-филм | ||
1979 | Наши години ТВ-серија | Миле | |
1980-ти | |||
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | / | |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | / | |
1981 | Доротеј ТВ-филм | / | |
1982 | Јужна патека ТВ-филм | Данчо | |
1982 | Илинден ТВ-серија | Кемал Ефенди | |
1984 | Нели ти реков ТВ-филм | / | |
1985 | Јазол ТВ-филм | / | |
1985 | Бушава азбука ТВ-серија | / | |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | ||
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Божин | |
1987 | Претежно ведро ТВ-серија | Панко Јовановски | |
1987 | Училиште за кловнови ТВ-серија | Маки | |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | ||
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Свадбар | |
1990-ти | |||
1990 | Викенд на мртовци ТВ-филм | Свадбар | |
1991 | Македонија може ТВ-серија | / | |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Генерал Тринкен | |
1992 | Тврдокорни ТВ-серија | Агата | |
1992 | Сили во воздухот ТВ-филм | / | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | ||
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-серија | / | |
2000-ти▲ | |||
2003 | Волци ТВ-филм | ||
2008 | Куќен совет ТВ-серија | ||
2010-ти | |||
2012 | Бардо Краток филм | Приест | |
2012-2016 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2020-ти | |||
2022 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2022 | Куќен притвор ТВ-серија | Стево | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | ||
2023 | Црвениот поет ТВ-серија | Проф. Јован Радониќ |
Наводи уреди
- ↑ „Marin Babic“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.
Надворешни врски уреди
- Марин Бабиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-akterot-marin-babik/