Метју ПејџМетДејмон (роден на 8 октомври 1970 г.)[1] — американски глумец, сценарист и продуцент.

Мет Дејмон
Дејмон во 2014 година
Роден(а)Метју Пејџ Демјон
8 октомври 1970(1970-10-08)(54 г.)
Кембриџ, Масачусетс, САД
Алма матерХарвард
ЗанимањеГлумец, сценарист,
филмски продуцент
Активен период1988–сè уште
СопружникЛусијана Бозан Баросо
(в. 2005)
Деца3 ќерки

Тој е рангиран на списокот на најпрофитабилни славни личности на списанието Форбс[2] и е еден од највисоко платените глумци на сите времиња.[3] Дејмон добил различни награди во текот на својата кариера, вклучувајќи еден Оскар од пет номинации, два Златни глобуси од осум номинации, и бил номиниран за две БАФТА награди и шест Еми награди.

Роден и израснат во Кембриџ, Масачусетс, Дејмон започнал да глуми во средношколски театарски претстави и првата филмска улога ја добил во филмот Мистична пица (1988). Во 1997 година тој станал познат со филмот Добриот Вил Хантинг, чие сценарио го напишал заедно со Бен Афлек, и исто така во филмот играл и главна улога. Заедно со Афлек, тој добил Оскар и Златен глобус за најдобро оригинално сценарио, а исто така бил номиниран и за Оскар за најдобар глумец. Тој продолжил да собира пофалби од филмските критичари за улогите во филмовите Спасувањето на војникот Рајан (1998), Талентираниот господин Рипли (1999), Догма (1999), Сиријана (2005) и во Покојните (2006).

Дејмон исто така е познат по улогата на Џејсон Борн во филмскиот серијал Борн (2002–16) и како измамник во трилогијата Оушн (2001–07). За споредната улога на рагби играч во спортската драма Непобедливи (2009) и за главната улога на астронаут заглавен на Марс во научно-фантастичниот филм Марсовец: Спасувачка мисија (2015), Дејмон добил номинации за Оскар за најдобар спореден глумец и најдобар глумец, редоследно. За вториот филм, тој исто така добил Златен глобус за најдобар глумец во комедија или мјузикл. Дејмон добил номинации за Еми награда за неговата изведба во биографскиот филм Зад канделабрите (2013) и за продуцирање на документарната серија Проект зелено светло.

Младост

уреди

Мет Дејмон е роден во Кембриџ, Масачусетс, син на Кент Телфер Дејмон, берзански посредник, и Ненси Карлсон – Пејџ, професорка по рано детско образование на Универзитетот Лесли. Дејмон има англиско, шкотско, финско и шведско потекло, и е далечен роднина на глумците Бен Афлек и Кејси Афлек. Има брат, Кајл, кој е искусен вајар и сликар. Со неговото семејство се преселиле во Њутн и живееле таму две години. Откако неговите родители се развеле, Дејмон и неговиот брат се вратиле назад во Кембриџ со нивната мајка, каде што живееле во општинска куќа со шест семејства. Дејмон израснал во близина на Бен Афлек, близок пријател уште од детството и соработник на неколку филмови, и историчарот и автор Хауард Зин, чиј биографски филм “Ју Кант Бе Неутрал он а Мувинг Трејн” (You Can’t Be Neutral on a Moving Train” и аудио верзија на книгата “Историјата на луѓето од САД” (A People’s History of the United States), Дејмон подоцна ги прикажа. Дејмон имал улога како дете, делумно затоа што мајка му го одгледала според “правилата”, што го направил да се чувствува како “не би можел да се определиш себеси, бидејќи веќе веќе си определен од неа”. Одеше во средното училиште “Кембриџ Ринџ енд Латин Скул”, каде што беше дисциплиниран ученик, но првите две години беа “ужасни” што се должи на неговата нискост во тоа време. Како адолесцент, Дејмон опиша дека чувствува таква болка што сака да припаѓа некаде а не припаѓа. Дејмон глумеше во неколку театарски изведби во средно училиште, се доверил на својот професор по драма во училиштето “Ринџ енд Латин”, Џери Спека, како на важно уметничко влијание, дури иако Дејмон се потсетува, “Секогаш изгледаше дека г-дин Спека му веруваше на Бен (Афлек) со најголемите улоги и најдолгите говори. Дејмон одеше на Универзитетот Харвард од 1988 година до 1992 година, но не дипломираше. Додека беше на Универзитетот Харвард студираше англиски и живееше во куќата “Ловел Хаус”. Учествуваше во театарот за студенти, појавувајќи се во драми како “ Брн Дис ин Винтроп Хаус” (Burn This in Winthrop House) и “А...Моето име е Алис” (во една од трите машки улоги, обично изведувани од жени). Дејмон се откажа од универзитетот за да ја продолжи својата глумечка кариера во Лос Анџелес, бидејќи тој по грешка очекуваше филмот “Џеронимо: Американска легенда” да стане голем успех. “Додека сфатив дека донесов погрешна одлука, беше премногу доцна. Живеев овде со еден куп глумци, и сите се боревме да врземе крај со крај, “ вели Дејмон.

Глумечка кариера

уреди

Рани години

уреди

Првата филмска улога на Дејмон дојде во 1988 година, кога тој имаше осумнаесет години, со единствена линија од дијалог во романтичната комедија “Мистик Пица” (Mystic Pizza). Како студент на универзитетот Харвард, тој продолжи да настојува со глумецството и имаше мали улоги во проекти како оригиналниот филм “Рајзинг Сан” (Rising Son) на каналот Ти Ен Ти (TNT) и целосната драма од основно училиште, “Училишни вратоврски” (School Ties). Во 1992 година, тој позајми голем дел во филмот “Џеронимо: Американска легенда” со Џин Хакмен и Џејсон Патрик. Четири години подоцна, се пријави на аудиција за мала улога во акциониот филм “Кат-троут Ајланд” (Cutthroat Island), но беше одбиен. Следно, Дејмон се појави како опоен зависен војник во филмот “Храброст под оган” (Courage Under Fire) во 1996 година. Од него се браше да изгуби 18 кг од телесната тежина за 100 дена (за само два дена снимање). По следење на само-препишаната диета и фитнес режимот за да ослаби, по снимањето на филмот на Дејмон му беше кажано дека имал среќа што неговото срце не ослабело. Земаше лекови неколку години подоцна за да го оттргне стресот нанесен на неговата надбубрежна жлезда. Со филмот “Храброст под оган” тој се здоби со критики, како што весникот “Вашингтон Пост” го означи неговиот настап како “импресивен”, Дејмон изјави дека вреди да се ризикува здравјето, со цел правилно да се портретира неговиот карактер и да и покаже на индустријата колку е посветен на својата работа како глумец.

Пробив

уреди

Во текот на раните 90-ти години, Дејмон и Афлек напишаа сценарио за еден математички гениј, кое тие потоа го рекламираа низ Холивуд долго време. Примајќи совети од режисерот Роб Рајнер, сценаристот Вилијам Голдман, и нивниот пријател писател/режисер Кевин Смит, тие направија измени во сценариото. Сценариото на крајот доведе до филмот “Гуд Вил Хантинг” (Good Will Hunting) во 1997 година, и доби девет номинации за “Оскар”, со што Дејмон и Афлек заработија “Оскари” за најдобро оригинално сценарио. Дејмон беше номиниран и за ‘Оскар” за најдобар глумец за истиот филм, кој исто така заработи и “Оскар” за најдобра споредна улога за парнерот Робин Вилијамс. Тој и Афлек, и двајцата беа платени по 500 000 долари, а филмот заработи над 225 милиони долари во светската билетарница. Подоцна двајцата ги пародираа своите улоги од филмот во филмот “Џеј енд Сајлент Боб Страјк Бек” (Jay and Silent Bob Strike Back) во 2001 година. Исто така, во 1997 година, Дејмон беше водачот на критички прогласената драма “Д’ Рејнмејкер” (The Rainmaker) каде беше признаен како “талентиран млад глумец на работ на статус на ѕвезда”, од дневниот весник Лос Анџелес Тајмс. По средбата со Дејмон за време на снимањето на филмот “Гуд Вил Хантинг” (Good Will Hunting), режисерот Стивен Спилберг му ја додели почесната улога на Дејмон во филмот за Втората светска војна, “Спасувајќи го војникот Рајан (Saving Private Ryan), во 1998 година.

Холивудска ѕвезда

уреди

Дејмон стана познат по изборот на широк спектар на филмски улоги, од прикажување на анти-херојот на писателката Патриша Хајсмит, Том Рипли во “Талентираниот г-дин Рипли” (1999 година), до паднат ангел кој раговара за поп културата како интелектуално прашање со Афлек во филмот “Догма” (Dogma) од 1999 година, од сијамски близнак во филмот “Стак он Ју” (Stuck On You) од 2003 година, кој доби мешан критички прием, до ниско буџетниот експериментален филм “Џери” (Gerry) во 2002 година, кој го режираше со Кејси Афлек и Гас Ван Сент. Дејмон доби генерално позитивна критичка реакција за неговата номинација за “Златен глобус”, прикажување на Рипли, со изјава од неделното списание “Варајати” (Variety) : “Дејмон извонредно го пренесува својот лик од невин ентузијазам во студена пресметка.” Обидите на Дејмон како главен лик во романтичните драми како што е “Сите убави коњи” (All the Pretty Horses) и “Д Леџенд оф Багер Венс” (The Legend of Bagger Vance), во 2000 година, беа комерцијално и критички неуспешни. Неделното списание “Варајати” за филмот “Сите убави коњи” изјави: Дејмон едноставно не личи на млад човек кој го поминал својот живот среде прашина и измет од тексашки говеда на ранч. Ниту се забележуваат некакви искри со Пенелопе Круз.” Исто така тој сметал дека е “непријатно да се биде во центарот” во филмот “Д Леџенд оф Багер Венс” (The Legend of Bagger Vance) на Роберт Редфорд. Од 2001 година до 2007 година, Дејмон доби пошироко меѓународно признавање, како дел од две големи филмси франшизи. Тој го глумеше Лајнс Колдвел како крадецот, заедно со Џорџ Клуни, Бред Пит и Џулија Робертс во 2001 година, во римејкот на Стивен Содерберг, “Единаесетмина на Оушн”(Oceans 11), на филмот “Рат Пакс” (Rat Pack’s) од 1960 година. Тој го играше амнезискиот убиец Џејсон Борн во хит акциските трилери “Д Борн Ајдентити” (The Bourne Identity) во 2002 година, “Д Борн Супермаси” (The Bourne Supermacy) во 2004 година, и “Борн Ултиматиум” (Born Ultimatium) во 2007 година. Списанието Ентертејмент Викли (Entertainment Weekly) го стави Дејмон како “акциска ѕвезда” на својот крај од декадата, “Најдобро од” листата, велејќи: “Кога првпат потпиша да биде амнезискиот борач Џејсон Борн во 2002 година, никој не би предвидел дека Дејмон ќе стане најдобар миксер на мозоци и мускули на декадата. Го покажува она што го знаеме. Во август 2007 година, магазинот “Форбс” направи список на глумци, која ја создаде најдобрата благајна во однос на нивните плати, листата го стави Дејмон како најплатена ѕвезда од прикажаните глумци, откривајќи дека Дејмон има просечно 29 американски долари во благајната за секој долар што го заработил за последните три филма. Дејмон глумеше во измислена верзија на авторот Вилхелм Грим во авантуристичката фантазија “Браќата Грим” на режисерот Тери Гилман, кој беше остро критикуван комерцијален неуспех. Весникот “Вашингтон Пост” заклучи: “Дејмон постојано светејќи со неговите заби на портпарол и лажност, дијалект од “Мастерпис Тиатр” (Masterpiece Theatre), наликува на некој кој се изгубил кон патот за аудиција за изведба на комичната опера “Пиратите од Пензанс” (The Pirates of Penzance) во средно училиште. Подоцна истата година, се појави како енергетски аналитичар во филмот Сиријана. Во 2006 година, Дејмон му се придружи на Роберт Де Ниро во филмот “Д Гуд Шепард” (The Good Shepard) како професионален офицер на ЦИА, а глумеше мафијаш на тајна задача кој работеше за Државната полиција на Масачусетс, во филмот “Д Департед” (The Departed) на режисерот Мартин Скорсис, римејк на полицискиот трилер “Интрнал Афеарс” (Internal Affears) во Хонгконг. Оценувајќи ја неговата работа во двата филма, Манола Даргис од дневниот весник “Д Њујорк Тајмс” (The New York Times), напиша дека Дејмон “го прави она што го прават неколку ѕвезди од списокот, на негов начин: тој исчезнува.” Филмот “Д Департед” (The Departed) беше успешен меѓу критиките и публиката исто така. Дејмон имаше кратко појавување во филмот “Младинци без Младост” на режисерот Френсис Форд Копола, и друго кратко појавување во биографскиот филм “Че” за Че Гевара во 2008 година. Го позајми својот глас на анимираниот филм “Поњо он д Клиф бај д Си” (Ponyo on the Cliff by the Sea), кој беше издаден во САД во август 2009 година. Исто така се појави како гостин на последната шеста сезона на серијата “Придружба” (Entourage) во 2009 година, како тој лично, каде што се обидува да врши притисок врз Винсент Чејс (Адријан Гриниер) за донирање во неговата добротворна организација “Уан Екс Уан” (OneXOne), вистинска фондација во која Дејмон е амбасадор и станува сè повеќе иритиран кога Чејс не соработува. Следно, Дејмон се појави во мрачната комедија на Стивен Содерберг, “Известувачот” (The Informant) во 2009 година, во кој неговата работа за номинација за “Златен глобус” од страна на списанието “Ентертејмент Викли” (Entertainment Weekly) беше опишана како: “ѕвездата која тивко но сигурно се претвори во голем глумец, е во вешта контрола како што ги открива неговите луди особини. Во 2009 година, Дејмон играше како капетанот Франсоа Пиенар за националниот рагби тим на Јужна Африка во филмот “Инвиктус” (Invictus) на Клинт Иствуд, режиран од Нелсон Мендела, кој е заснован врз книгата “Плејинг д Енеми: Нелсон Мандела енд д Гејм дет Чејнџд a Нејшн” (Playing the Enemy: Nelson Mendela and the Game that Changed a Nation) со Морган Фримен како Мандела, во 2008 година на авторот Џон Карлин. Со филмот “Инвиктус” (Invictus) Дејмон заработи номинација за ‘Оскар” за најдобра споредна улога. Списанието “Новата Република” (The New Republic) забележа: “Тоа не е тешка улога но уште повеќе глумецот Дејмон ја изнесува со воздржен шарм и интегритет. Во 2010 година, Дејмон повторно се здружи со режисерот Пол Гринграс, кој го режираше во филмовите “Борн Супермаси” (Bourne Supermacy) и “Борн Ултиматиум” (Bourne Ultimatium), за акцискиот трилер “Зелена Зона” (Green Zone), кој имаше комерцијален неуспех и доби колебливо прифаќање од критичарите. Во филмовите каде тој е во главна или споредна улога, неговите филмови заработиле вкупно од 1,94 билиони американски долари до 2,42 билиони американски долари (врз основа на неговите главни улоги или вклучувајќи ги неговите споредни улоги, по наведениот редослед), во благајната во Северна Америка, која го стави во првите четириесет глумци со најголема заработувачка на сите времиња. Се појави како гостин во една епизода од телевизиската серија “Артур”, насловена “Д Мејкинг оф Артур” (The Making of Arthur), како тој лично. Во петтата сезона од телевизиската комедија “30 Рок” (30 Rock), тој се појави како гостин во улога на дечкото на Лиз Лемен, во епизодите” Ај ду Ај ду” (I Do I Do), “Стратегијата на Фабијан” (The Fabian Strategy), “Лајв Шоу” (Live Show) и “Дабл Еџд Сворд” (Double Edged Sword). Проектите на Дејмон за 2010 година ги вклучуваа филмовите “Д Аџастмент Биро” (The Adjustment Bureau), “Хиарафтр” (Hereafter) во режија на Клинт Иствуд, и “Браќата Коен”, римејк на вестерн филмот “Вистински подарок” (True Gift) на Џон Вејн од 1969 година. Вториот филм започна со снимање во март 2010 година, а беше издаден во декември истата година.

Претстојни филмови

уреди

Следно, тој ќе работи со честиот соработник Стивен Содерберг на два проекта: како долгогодишен љубовен интерс на пијанистот Либерејс, Скот Парсен, наспроти Мајкл Даглас во претстојниот филм насочен за животот на пијанистот и како дел од целосна улога во филмот “Зараза” (Contagion). Дејмон исто така игра во споредна улога во драмата “Маргарет” на Кенет Лонерген, која беше закажана за театарско деби во 2007 година, но допрва треба да биде издадена поради проблеми со продукцијата. Ќе глуми и во комедијата “Ние купивме зоолошка” (We bought a Zoo), и му беше доделена улога во филмот “Олисијум” (Elysium).

Создавање на кариера

уреди

Заедно со Афлек и продуцентите Крис Мур и Шон Бејли, Дејмон основал продукциска компанија “Лајв Планет” (Live Planet), преку која четворицата ја создале документарната серија “Проџект Гринлајт” (Project Greenlight) да најдат и основаат вредни филмски проекти од почетните филмаџии. Компанијата ја произведе и основа краткотрајната мистериозно- хибридна серија “Пуш, Невада” (Push, Nevada), меѓу другите проекти. Серијата “Проџект Гринлајт” беше номинирана за наградите “Еми” за најдобра реална програма во 2002 година, 2004 година и 2005 година. Во март 2010 година, Дејмон и Афлек повторно се здружија да го потпишат првиот продукциски договор со продукцијата Ворнер Брос.

Хуманитарна работа

уреди

Дејмон се занимава со филантропија уште од 12 годишна возраст, одлучувајќи што да прави со својот паричен додаток од 5 долари. Дејмон е основачот на организацијата “Ејч Ту Оу Африка Фаундејшн” (H2O Africa Foundation), добротворна рака на експедицијата за документарниот филм “Ранинг д Сахара” (Running the Sahara), која се соедини со американската развојна хуманитарна организација “Ватр.орг” (Water.org) во јули 2009 година. Тој, зедно со Џорџ Клуни, Бред Пит, Дон Чидл и Џери Вајнтрауб, е еден од основачите на “Нот Он Аур Уач” (Not On Our Watch), организација која насочува светско внимание и ресурси за да се запрат или спречат масовни злосторства како во Дарфур. Дејмон ја поддржува меѓународната организација “Уан Кампејн” (ONE Campaign), која е насочена за борбата против СИДА-та и сиромаштијата во земјите од Третиот свет. Се појави во нивните печатени и телевизиски реклами. Дејмон е амбасадор на “Уан Екс Уан” (OneXOne), непрофитна организација посветена на поддржување, зачувување и подобрување на животот на децата дома во Канада, САД и во целиот свет. Дејмон е исто така портпарол на “Фидинг Америка” (Feeding Amerika), најголемата организација насочена за помош на гладните во САД, како и член на нивната организација “Ентертејмент Кансл” (Entertainment Council), учествувајќи во нивните реклами за непрофитната организација “Еј Ди Кансл” (AD Council). Дејмон е член на Управниот одбор на “Тоник Меилстопер” (Tonic Mailstopper), (порано ГринДајмс), компанија која се обидува да ја прекине несаканата пошта испорачана во американските домови секој ден. Појавувајќи се во шоуто “Шоуто на Опра Винфри” на 20 април 2007 година, Дејмон ги промовираше напорите од организацијата да спречи дрвјата да се сечат за да се користат за несакана пошта и пликови. Дејмон изјави: “За предвидени десет центи на ден, можат да запрат 70% рекламен материјал што доаѓа во вашата куќа. Тоа е многу едноставно, лесно е да се направи, голем дар да се даде, всушност јас ја потпишав целата моја фамилија. Таа е подарок што ми е даден оваа мината сезона и бев толку импресиониран што јас сум сега во одборот на компанијата.

Во медиумите

уреди

Кемал и Дејмон

уреди

Комичарот Џими Кемал во еден момент при крајот на неговото телевизиско шоу “Џими Кемал Лајв” на телевизиската мрежа Еј Би Си почна да изјавува: “Моето извинување до Мет Дејмон, ни истече времето”. Границата е сатиричен гаф во случаи каде емисиите не можат да го примат нивниот последен гостин поради временски ограничувања. На 12 септември 2006 година, по дел од одбирање и долго претставување од Кемал, Дејмон конечно се појави во шоуто, само за Кемал со извинување да му го намали интервјуто и доведе до верување, како што Дејмон го проколна. Оваа средба беше целосно планирана од Кемал и Дејмон. Девојката на Кемал во тоа време, комичарката Сара Силвермен, се појави во шоуто “Џими Кемал Лајв” на 31 јануари во 2008 година, и емитуваше клип каде што пееше песна насловена “Ај ем Факинг Мет Дејмон” (I’m Fucking Matt Damon). Дејмон се појави во песната со Силвермен. Кемал возврати со емитување на свое музичко видео, во кое преку песната тој изјави дека тој е “Факинг Бен Афлек” (Fucking Ben Affleck). Видеото се емитуваше на 24 февруари 2008 година, и го прикажа Афлек заедно со славните домаќини вклучувајќи ги: Дон Чидл, Бред Пит, Камерон Дијаз, Харисон Форд и Робин Вилијамс. Подоцна, подредениот на Кемал, Гуљелмо, се појави во пародија на филмот “Д Борн Ултиматиум” (The Bourne Ultimatium), во кој глумеше Дејмон. Тој тогаш беше прогонуван од Дејмон, бидејќи тој го наклеветил Кемал дека стои зад сето ова. Најновата средба беше насловена “Д Хендсом Менс Клаб” (The Handsome Men’s Club), во која се појави Кемнал, заедно со други “Згодни мажи”, вклучувајќи бги Метју Мек Конагеј, Роб Лоу и Лени Кравиц. На крајот од пародијата, Дејмон му ја затворил вратата пред нос на Кемал, изјавувајќи се дека им истекло времето, а потоа Дејмон продолжува со злобна смеа.

Политички ставови

уреди

Дејмон се појави во шоуто “Хардбол вит Крис Метјус” (Hardball with Chris Matthews) во декември 2006 година, и додека разговараа за тековната војна во Ирак, тој изјави: “Не мислам дека тоа е фер , како што реков претходно, изгледа како да имаме борбена класа во нашата земја која е составена од луѓе кои треба да одат било од финансиски причини, или...ако испратиш луѓе во војна, тогаш тоа треба да се сподели со сите”. На 10 септември 2008 година, на мрежното место Ју Тјуб беше објавено видео од агенцијата “Асоушиејтед Прес” (Associated Press), во кое Дејмон ја критикуваше Сара Пејлин, републиканскиот потпретседателски кандидат, кој ја гледа како неподготвена да ја води земјата, во случај сенаторот Џон Мек Кејн да не го направи тоа преку неговиот прв мандат. Дејмон мисли на Пејлин како на “…лош филм на Дизни...”Јас сум само мајка на хокејот од Алјаска дојдена тука да ја преземам Белата Куќа”, и додаде, “Апсурдно е...Сакам да знам дали таа навистина мисли дека диносаурусите биле тука пред 4000 години. Затоа што таа ќе ги има јадрените кодови. Дејмон ја коментираше аудио верзијата на “Историјата на луѓето од САД” (A People’s History of the United States) од историчарот Хауард Зин, објавена во 2003 година.

Личен живот

уреди

Дејмон излегувал со колешката Мини Драјвер од филмот Добриот Вил Хантинг.[4] Тој подоцна имал двегодишна врска со глумицата Винона Рајдер.[5] Од 2001 до 2003 година тој бил во врска со Одеса Витмир, поранешната лична асистентка на Били Боб Торнтон и Бен Афлек.[5]

За време на снимањето на филмот Пуштени од ланец, Дејмон ја запознал аргентинката Лусијана Бозан Баросо во Мајами, каде таа работела како бармен. Тие се венчале на приватна граѓанска церемонија на 9 декември 2005 година, во установата “Менхетен Мериџ Биро” (Manhattan Marriage Bureau). Парот има три ќерки: Изабела (р. 2006),[6] Џија Завала (р. 2008),[7] и Стела Завала (р. 2010).[8] Тој исто така е очув на Алексија Баросо (р. 1998), ќерката на Лусијана од претходниот брак.[9] Од 2012 година, тие живеат во Пацифик Палисејдс, Лос Анџелес,[10] а претходно живелее во Мајами и Њујорк.[11]

Дејмон е навивач на бејзболската екипа Бостон Ред Сокс. Откако тимот победил во Светската серија во 2007 година, Дејмон бил раскажувач на комеморативното издание на настанот.[12] Дејмон ужива играјќи покер и се натправарувал на неколку настани од светската серија во покер. Изгубил 25.000 долари на настан од светската серија во покер, додека ја барал својата улога како професионален покер играч во филмот Покерџии во 1998 година, и по снимањето на филмот Дејмон бил победен од професионалецот, Дојл Брансон.[13]

Награди и признанија

уреди

Главна статија: Список на награди и номинации примени од страна на Мет Дејмон.

  • Дејмон доби повеќе награди за филмот “Гуд Вил Хантинг” (Good Will Hunting), филм кој го режираше со Бен Афлек. Беше номиниран за “Оскар” за “Најдобар глумец во главна улога” и ја доби наградата за “Најдобро пишување, сценарио напишано директно за екранот”.
  • На 25 јули 2007 година, Дејмон стана 2343-та личност која доби ѕвезда на Булеварот на славните. На наградата реагираше изјавувајќи: “Неколкупати во мојот живот имав вакви искуства кои се едноставно многу големи да се сносиш со нив, а изгледа дека ова ќе биде едно од тие времиња.
  • Дејмон беше номиниран за четири награди од синдикатот “Скрин Акторс Гилд” (Screen Actors Guild) и седум награди од шоуто “Ем Ти Ви Филмски награди” (MTV Movie Awards) за разни филмови. Исто така тој има три номинации за наградите “Еми” за неговата работа како продуцент на три сезони во серијата “Проџект Гринлајт” (Project Greenlight).
  • Дејмон беше прогласен за “Најсекси маж” за 2007 година, од списанието “Пипл” (People).
  • Дејмон доби награда за “Најдобар уличен борач” (Best Ass-Kicker) и награда за “Дечко на годината” (Guy of the Year) во шоуто “Д Спајк Гајс Чојс Авардс” (The Spike Guys’Choice Awards) во 2008 година.
  • На 27 март 2010 година, Дејмон ја освои 24-та годишна награда од културната организација “Американ Синематик Авард” (American Cinematique Award), која му беше доделена од Бен Афлек на церемонијата која се состоеше од печено месо од колегите и пријателите на Дејмон во забавната индустрија.

Филмографија

уреди

Филм

уреди
Година Наслов Улога Белешки
1988 Мистична пица Стимер
1989 Поле на соништата Неименуван непотпишан во улоги
1992 Училишни врски Чарли Дилон
1993 Џеронимо: Американска Легенда Потполковник Бритон Дејвис
1996 Славни времиња Едгар Падвакер
1996 Храброст под оган Специјалец Илариjо
1997 Добриот Вил Хантинг Вил Хантинг Исто и сценарист
1997 Чудотворец Руди Бејлор
1997 Луд по Ејми Шон Орон Кратко појавување
1998 Покерџии Мајк Мек Дермот
1998 Спасувајќи го војникот Рајан Војник Џејмс Франсис Рајан
1999 Талентираниот господин Рипли Том Рипли
1999 Догма Локи
2000 Барајќи го Форестер Стивен Сендерсон Кратко појавување
2000 Сите убави коњи Џон Грејди Кол
2000 Легендата за Багер Ванс Ренолф Џуно
2000 Титан П. З. Кејл Такер Гласовна улога
2001 Мажестик Лук Тримбл Само глас
2001 Единаесетмината на Оушн Лајнс Колдвел
2001 Џеј и тивкиот Боб го возвраќаат ударот Тој лично Кратко појавување
2002 Исповеди на опасниот ум Мет Кратко појавување
2002 Борновиот идентитет Џејсон Борн
2002 Бестрашниот Спирит Спирит Гласовна улога
2002 Гери Гери Исто сценарист и монтажер
2002 Сметало Кевин Исто и извршен продуцент
2003 Пуштени од ланец Боб Тенор
2004 Дванаесетмината на Оушн Лајнс Колдвел
2004 Борновата надмоќност Џејсон Борн
2004 Девојката од Џерси извршен пи-ар Кратко појавување
2004 Лудо патување по Европа Дони Кратко појавување
2005 Сиријана Брајан Вудмен
2005 Браќата Грим Вилхелм Грим
2006 Добриот пастир Едвард Вилсон
2006 Покојните Колин Силиван
2007 Тринаесетмината на Оушн Лајнс Колдвел
2007 Борновиот ултиматум Џејсон Борн
2007 Младост без младост Репортер на списанието Лајф Кратко појавување
2008 Че Отец Шварц Кратко појавување
2009 Доушник Марк Витакер
2009 Непобедливи Франсоа Пиенар
2010 Зелената зона Рој Милер
2010 Инсајдери Раскажувач Документарен филм
2010 На овој свет Џорџ Лонеган
2010 Човекот наречен храброст Ла Баф
2011 Агенти на судбината Дејвид Норис
2011 Маргарет Ајрон Кејџ
2011 Зараза Мич Емхоф
2011 Си купивме зоолошка Бенџамин Ми
2011 Танцот на пингвините 2 Бил Гласовна улога
2012 Ветена земја Стив Батлер Исто сценарист и продуцент
2013 Зад канделабрите Скот Торсон
2013 Елисиум Макс Да Коста
2013 Нулта теорема Менаџмент
2014 Чувари на наследството Џејмс Грејнџер
2014 Човекот што го спаси светот Себеси Документарен филм
2014 Интерстелар Д-р. Ман
2015 Марсовец: Спасувачка мисија Марк Ватни
2016 Џејсон Борн Џејсон Борн
2016 Големиот кинески ѕид Вилијам Гарин

Наводи

уреди
  1. „Monitor“. Entertainment Weekly (1228/1229). Time Inc. Oct 12–19, 2012. стр. 23.
  2. Pomerantz, Dorothy (August 6, 2007). „Ultimate Star Payback“. Forbes. Архивирано од изворникот на October 10, 2014. Посетено на October 10, 2014.
  3. „All Time Top 100 Stars at the Domestic Box Office“. The Numbers. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на October 10, 2014.
  4. Winters, Laura (August 2, 1998). „When the Character Calls, Minnie Driver Listens“. The New York Times. Посетено на March 6, 2010.
  5. 5,0 5,1 „Matt Damon Biography“. People (magazine). Посетено на April 5, 2009.
  6. „Matt Damon, Wife Have a Girl - Birth, Matt Damon“. People.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-08-13.
  7. Leonard, Elizabeth (2008-08-20). „Matt Damon and His Wife Welcome a Girl - Babies, Matt Damon“. People.com. Посетено на 2014-08-13.
  8. „Matt Damon Welcomes Daughter Stella Zavala – Moms & Babies – Celebrity Babies and Kids - Moms & Babies - People.com“. Celebritybabies.people.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-08-13.
  9. „EXCLUSIVE INTERVIEW: Matt Damon's Great Relationship With Wife's Ex - Star Magazine“. Star Magazine.
  10. „Jennifer Garner, Ben Affleck Take Kids to Matt Damon's Pool Party“. US Weekly. August 13, 2012. Посетено на October 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. Freydkin, Donna (2009-09-18). „Nice-guy Matt Damon dug in for hefty role in 'Informant!'. USA Today. Посетено на 2014-08-13.
  12. Miller, Doug (November 9, 2007). „World Series DVD coming Nov. 27“. MLB.com. Посетено на April 5, 2009.
  13. Essex, Andrew; Tricia Laine (May 22, 1998). „Poker Faces“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на October 28, 2010.

Надворешни врски

уреди