Руј Кошта (велосипедист)
Руј Алберто Фарија да Кошта (португалски: Rui Alberto Faria da Costa; р. 5 октомври 1986 во Повоа де Варзим[2]) — португалски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[3] Тој е најпознат по освојувањето на Светското друмско првенство 2013 во Тоскана, Италија – прв Португалец што успеал во тоа, Гран при Монтреал 2011 и три етапи на Тур де Франс во 2011 и 2013, како и изданијата на Тур де Свис во 2012, 2013 и 2014, станувајќи првиот велосипедист кој ја освојувал трката три години по ред.[4]
Кошта на Тур де Романди 2013 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Руј Алберто Фарија да Кошта | ||||||||||||||
Роден | 5 октомври 1986 Повоа де Варзим, Португалија | ||||||||||||||
Висина | 1,83 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 69 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | ОАЕ Тим Емирати | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2007–2008 2009–2010 2011–2013 2014– | Бенфика Кес д’Епарњ Мовистар Тим Лампре-Мерида | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 2 јануари 2020 |
Ран живот и аматерска кариера
уредиКошта ја започнал неговата кариера кај Гвилхабру-Вила до Конде, потоа заминал во Санта Марија да Фира.
Професионална кариера
уредиРани години
уредиСтанал професионален велосипедист со СЛ Бенфика во 2007, а потоа се приклучил кон Кес д’Епарњ во 2009.
Во 2009 година, Кошта ја освоил Четири дена Динкерк по освојувањето на осмата етапа на Тур де Свис 2010. На националните првенства во јуни 2010, Кошта и неговиот брат Марио биле позитивни на забранетата супстанца метилхексанамин,[5] за кои тие тврделе дека невнимателно го внеле преку храната. Понатамошните испитувања покажале дека се во право,[6] и повторно потпишале со нивната поранешна екипа, сега позната како Мовистар Тим, во април 2011 по пет месеци суспензија.[7]
2011
уредиВо 2011 година, Кошта многу добро се покажал на Вуелта а ла Комунидад де Мадрид: по двете втори места на првата и третата етапа, го освоил генералниот пласман.[8] Подоцна во сезоната, Кошта се издвоил од главната група и возел сам на етапата 8 на Тур де Франс 2011.[9][10] Подоцна во 2011, Кошта победил на Гран при Монтреал, спринтајќи откако направил бегство од групата. Тој го победил неговиот колега од бегството Пјерик Федриго. Двајцата биле достигнати од Филип Жилбер, кој го направил последниот напад, но дошол две секунди зад него.[11]
2012
уредиВо 2012, Руј Кошта завршил трет во генералниот пласман на Тур де Романди.[12] Ја освоил втората етапа на Тур де Свис и успешно ја бранел жолтата маичка до крајот на трката.[13] Ги зачувал неговите 14 секунди предност во генералниот пласман пред второпласираниот Френк Шлек на последната етапа, каде Луксембуржанецот нападнал на падините на преминот Глаубенберг. Шлек се искачувал до врвот со предност од една минута пред Кошта, но бил достигнат во текот на спустот од мала група составена од португалскиот возач. Двоецот ја завршил етапата со исто време.[14] По важната победа изјавил: „Сакам ова да го посветам на мојата екипа, бидејќи колегите работеа извонредно цела недела. Немам зборови да го опишам.“[15] Кошта се упатил на Тур де Франс како поддршка на неговиот водач Алехандро Валверде, но падовите и несреќите го уназадиле Валверде,[16] кој сепак успеал да освои етапна победа и завршил 20. во генералниот пласман. Кошта бил подобро пласиран од неговиот капетал во генералниот пласман на 18. место.[17] Потоа учествувал на ГП Уест-Франција, каде се изборил за второто место на францускиот класик. Побегнал на последното искачување на денот на 5 километри до крајот, но возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген го поминал во последниот километар, а Кошта го зачувал неговото второ место, додека групата ја поминувала целта зад него.[18] Во септември, се упадил во канадската провинција Квебек да учествува на двете трки од Светската турнеја. Го освоил третото место на Гран при Квебек, победувајќи во спринтот на групата од 16 возачи во брза потера по двајцата бегалци, Сајмон Геранс и Грег ван Авермат, кој завршил 4 секунди пред Кошта.[19] Два дена подоцна, целел на одбрана на неговата титула на Гран при Монтреал, но завршил осми, уште еднаш со 4 секунди зад победникот, Ларс Петер Нордхауг.[20] Ја завршил сезоната во Кина на Трката околу Пекинг, постигнувајќи уште еден пласман во првите десет (деветто место).
2013
уредиВо 2013, Кошта ја започнал годината со победа на Класика Примавера и завршил на третото место на Тур де Романди, додека целел да ја одбрани победата на Тур де Свис.[21] Подоцна успешно ја одбранил титулата по освојувањето на седмата етапа, преземајќи ја жолтата маичка од Матијас Франк откако ја освоил последната етапа, ридски хронометар.[22] На Тур де Франс, Кошта по Пиринеите бил во првите десет. На етапата 13, Кошта загубил близу десет минути во обидот да му помогне на неговиот екипен предводник, Валверде. На етапата 16, Кошта завршил во бегство, откако нападнал на последното искачување на етапата, Кол де Мансе пред завршниот спуст и завршил сам во Гап.[23] Исто така му била доделена наградата за борбеност на таа етапа. Неколку дена подоцна, Кошта ја освоил етапата 19 откако избегал од водечката група на Кол де ла Кроа Фри, завршувајќи повторно сам на Ле Гран-Борнан.
Кошта го освоил Светското друмско првенство 2013 во Тоскана, Италија, станувајќи првиот Португалец кој некогаш ја облекол маичката виножито. По трката, Кошта изјавил: „По Тур, целта беше да отидам на Светското првенство во најдобар форма и да имам добра трка. Но, никогаш не помислив дека можам да освојам трка олку важна како оваа. Ова ми значи сè. Тоа е награда за животниот напор и тешката работа“.[24][25]
Кошта го напуштил Мовистар Тим[26] на крајот на сезоната 2013 и ќе му се приклучи на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[3]
2014
уредиКошта ја започнал сезоната во 2014 со третото место и освојувањето на бодовниот пласман на Волта ао Алгарве.[27] Потоа завршил втор во генералниот пласман на Париз-Ница и трет во генералниот пласман на Тур де Романди трета година по ред.[28][29]
Првата победа во сезоната на Кошта во дресот на светски првак дошла на последната етапа на Тур де Свис. Со оваа победа, Кошта ја преземал жолтата маичка од Тони Мартин и успешно ја одбранил неговата титула, станувајжи првиот велосипедист кој ја освоил трката три години по ред.[30]
Кошта започнал на Тур де Франс со високи надежи, целејќи на подиум, но започнал да губи време во однос на другите поради неготиот бронхит.[31] Во текот на вториот ден за одмор, неговата здравствена состојба се влошила и му била дијагностицирана бронхопневмонија. Наоѓајќи се на 13. место во генералниот пласман, Кошта бил приморан да го напушти Тур.[32] Се вратил на трките на ГП Западна Франција, завршувајќи на 92. место, 11 секунди зад победникот Силвен Шаванел.[33] Потоа, Кошта настапил на Гран при Квебек и Гран при Монтреал, обезбедувајќи го второто место на втората трка, зад Сајмон Геранс.
Кошта учествувал на Светското друмско првенство во Понферада, Шпанија, со цел да ја одбрани неговата титула од минатата година; завршил на 23. место, седум секунди зад победникот и негов наследник, Михал Квјатковски од Полска.[34][35]
2015
уредиКошта го освоил четвртото место во генералниот пласман на Париз-Ница и тоа било прв негов забележителен резултат во сезоната, благодарение на третото место на хронометарот до Кол д’Ез.[36] Завршил седми на планинската Трка околу Баскија. Исто така го освоил четвртото место на Амстел Голд Рејс, каде победил Михал Квјатковски.[37] Една недела подоцна повторно стигнал до четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж. Одлучил да не ја одбрани титулата на Тур де Свис, која ја освоил трипати по ред и наместо тоа учествувал на Критериум ди Дофине.[38] Кошта ја освоил шестата етапа на трката откако бил во бегство поголем дел од етапата, поминувајќи го Винченцо Нибали близу целта.[39] Една недела пред Тур де Франс, Кошта го освоил националното друмско првенство. На Тур де Франс се повлекол поради повреди здобиени во пад, доведувајќи го да објави дека во иднина ќе вози за етапни победи.[40]
2017
уредиБил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[41]
Достигнувања
уреди- 2007
- 1. Краен пласман Џиро деле Реџиони
- 2008
- 2. Краен пласман Џиро деле Реџиони
- 1. Етапа 4
- 2. Краен пласман Куп на народите
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 2. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 5. Светски друмски првак (под 23 години)
- 8. Светски хронометарски првак (под 23 години)
- 2009
- 1. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Вуелта Чихуахуа Интернасионал
- 2010
- 1. Вуелта а Мајорка
- 1. Етапа 8 Тур де Свис
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 6. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2011
- 1. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 1. Етапа 8 Тур де Франс 2011
- 1. Гран при Монтреал
- 2012
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 2
- 2. ГП Уест-Франција
- 2. Вуелта а Мајорка
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 3. Гран при Квебек
- 4. ГП Мигел Индуран
- 5. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 8. Гран при Монтреал
- 9. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2013
- 1. Светско друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 9 (ITT)
- 1. Класика Примавера
- Тур де Франс
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 4. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 4. Трофео Сера де Трамунтана
- 5. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 5. Гран при Квебек
- 6. Гран при Монтреал
- 9. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2014
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 9
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 2. Гран при Монтреал
- 3. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 3. Џиро ди Ломбардија
- 4. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2015
- 1. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 6
- 3. ГП Монтреал
- 4. Краен пласман Париз-Ница
- 4. Амстел Голд Рејс
- 4. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- 9. Светско друмско првенство
- 2016
- 3. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 5. Краен пласман Трка околу Оман
- 6. Европско друмско првенство
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- 7. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Олимписка друмска трка
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 10. Флеш Валон
- Награда за борбеност на етапа 19 Тур де Франс
- 2017
- 1. Краен пласман Трка Абу Даби
- 1. Етапа 3
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 5. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 5
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
- 2018
- 5. Краен пласман Тур де Романди
- 6. ГП Монтреал
- 8. Краен пласман Трка Абу Даби
- 10. Краен пласман Трка околу Оман
- 10. Светско друмско првенство
- 2019
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 4. Краен пласман Трка околу Оман
- 7. ГП Монтреал
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 10. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 10. Светско друмско првенство
- 2020
- Национални првенства
- 3. Краен пласман Трка околу Саудиска Арабија
- 1. Етапа 1
- 3. Краен пласман Тур де Лимузен
- 4. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
Распоред на резултатите
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | 27 | — | — | ||
Тур | СО | 73 | 90 | 18 | 27 | СО | СО | 49 | — | — | 53 | ||
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | — | 43 | — | — | ||
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||||||||||
Етапна трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | 2 | 4 | 10 | — | СО | — | — | |
Тирено-Адријатико | 145 | 60 | — | 29 | — | — | — | — | 18 | — | 10 | ||
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | НСО | |
Трка околу Баскија | — | — | — | 15 | 13 | 51 | 7 | 7 | — | 12 | — | НСО | |
Тур де Романди | — | — | 18 | 3 | 3 | 3 | 25 | 6 | — | 5 | 2 | НСО | |
Критериум ду Дофине | — | — | 43 | — | — | — | 3 | — | — | — | — | — | |
Тур де Свис | 13 | 34 | — | 1 | 1 | 1 | — | 7 | 5 | — | — | НСО |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | 79 | 49 | — | 51 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | 113 | СО | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Париз-Рубе | 58 | СО | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | СО | — | СО | 17 | 9 | — | 4 | 3 | 14 | 22 | СО | |
Џиро ди Ломбардија | 26 | — | 25 | 38 | 38 | 3 | 46 | 15 | — | 38 | — | — |
Класична трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
Амстел Голд Рејс | 120 | — | СО | 19 | СО | 17 | 4 | 17 | 38 | 27 | 13 | |
Флеш Валон | — | — | СО | 18 | 32 | 53 | 28 | 10 | 31 | 19 | 26 | |
Гран при Квебек | — | — | 11 | 3 | 5 | 33 | 24 | 13 | — | 16 | 41 | НСО |
Гран при Монтреал | — | — | 1 | 8 | 6 | 2 | 3 | 49 | — | 6 | 7 | НСО |
Резултати на првенствата
уредиНастан | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Друмска трка | не се одржале | 13 | не се одржале | 10 | не се одржале | |||||||
Светски првенства | Хронометар | — | — | 49 | — | — | — | — | — | 33 | — | — | |
Друмска трка | 69 | — | 15 | 11 | 1 | 23 | 9 | — | 19 | 10 | 10 | ||
Национални првенства | Хронометар | — | ДСК | — | — | 1 | 2 | 8 | — | — | — | — | 2 |
Друмска трка | 2 | ДСК | — | — | 11 | — | 1 | — | — | — | — | 1 |
Награди
уреди- Португалски спортист на годината (португалски: Prémio Desportista Masculino do Ano): 2012, 2013, 2014
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Руј Алберто Кошта“.
- ↑ Rui Costa[мртва врска] - Correio da Manhã
- ↑ 3,0 3,1 „Rui Alberto Faria Da Costa to Team Lampre-Merida“. Лампре-Мерида (италијански). CGS Cycling Team AG. 24 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-28. Посетено на 24 август 2013.
- ↑ „Rui Costa faz história na Volta à Suíça com o terceiro triunfo consecutivo“.
- ↑ Питер Косинс (18 октомври 2010). „Руј Кошта и неговиот брат позитивни на допинг“. cyclingnews.com. Посетено на 16 јули 2013.
- ↑ 28 декември 2010. „Лабораторијата Гент ги поддржа тврдењата на браќата Кошта“. cyclingnews.com. 23 јули 2013.
- ↑ „Кошта потпиша тригодишен договор со Тим Мувистар“. Velonation.com. Посетено на 29 април 2012.
- ↑ „Кошта победи на Вуелта а ла Комунидад де Мадрид; Колумбиецот Џовани Баез ја освои последната етапа“. Velonation.com. Посетено на 29 април 2012.
- ↑ „Кошта победи на осмата етапа на Тур де Франс 2011“. RoadCycling.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-13. Посетено на 29 април 2012.
- ↑ „Руј Кошта победи на осмата етапа, додека Хушовд води во генералниот пласман“. Velonews.competitor.com. 9 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 29 април 2012.
- ↑ „Руј Кошта победи во Монтреал“. Cyclingtime.com. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 29 април 2012.
- ↑ „Вигинс победи на Тур де Романди“. Cycling News. Future Publishing Limited. 29 април 2012. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ „Кошта победи на Тур де Свис“. Cyclingnews.com. Посетено на 23 јуни 2012.
- ↑ „Френк Шлек нападна, Руј Кошта ја одбрани победата на Тур де Свис 2012“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 17 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-20. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Прекрасна недела за Мувистар“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 јуни 2012. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Повеќе лоша среќа за Валверде на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 јули 2012. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Поредок по етапата 20“. Le Tour de France. Amaury Sport Organisation. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Преглед на ГП Уест Франција-Плуе“. Velo Voices. Word Press. 26 август 2012. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Геранс победи на ГП Квебек“. Eurosport. YAHOO! EUROSPORT. 8 септември 2012. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Резултати 2012“. Grand Prix Cyclistes. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal, 2010–2011. Архивирано од изворникот на 2012-11-17. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Руј Кошта победи Класика Примавера, Контадор трет“. Eurosport. 7 април 2013.
- ↑ „Кошта ја прослави последователната победа на Тур де Свис“. Cyclingnews.com. 16 јуни 2013.
- ↑ Рајан, Бери (16 јули 2013). „Rui Costa repaid with Tour de France stage victory in Gap“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 17 јули 2013.
- ↑ Рајан, Бери (29 септември 2013). „Руј Кошта ја освои друмската трка за мажи на Светското првенство“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 30 септември 2013.
- ↑ „"Este é o maior êxito da minha carreira" - Rui Costa“. A Bola. 29 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-12-07. Посетено на 2 октомври 2013.
- ↑ „Мувистар Тим (MOV) – ШПА“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 8 јануари 2013.
- ↑ „Волта ао Алгарве 2014“. steephill.tv. Посетено на 22 јуни 2014.
- ↑ „Париз-Ница 2014“. steephill.tv. Посетено на 22 јуни 2014.
- ↑ „Тур де Романди 2014“. steephill.tv. Посетено на 22 јуни 2014.
- ↑ „Кошта победи на Тур де Свис“. cyclingnews.com. Посетено на 22 јуни 2014.
- ↑ http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/tour-de-france/rui-costa-tour-de-france-overall-battle-bronchitis-130475
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-22. Посетено на 2014-09-18.
- ↑ http://www.grandprix-plouay.com/pdf/Classement_Plouay_World_Tour_2014.pdf
- ↑ „Светско друмско првенство: Квјатковски ја освои маичката виножито“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 28 септември 2014. Посетено на 28 септември 2014.
- ↑ „Светско друмско првенство - машка друмска трка“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 28 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2015-07-13. Посетено на 28 септември 2014.
- ↑ „Резултати: Париз-Ница 2015, етапа 7“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 15 март 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-20. Посетено на 25 април 2015.
- ↑ „Квјатковски спринташе до првата победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-20. Посетено на 25 април 2015.
- ↑ Емил Акселгард (22 април 2015). „Нема одбрана на титулата за Кошта на Тур де Свис“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 9 јуни 2015.
- ↑ Ричард Виндзор (12 јуни 2015). „Нибали се врати за преземање на водството на Критериум ди Дофине додека Кошта ја освои етапата“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 12 јуни 2015.
- ↑ „Costa to re-prioritise stage wins at the Tour de France“. Cyclingnews. Cyclingnews.com. 5 април 2016. Посетено на 5 април 2016.
- ↑ „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
Надворешни врски
уреди„Руј Кошта (велосипедист)“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Руј Кошта“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Руј Кошта“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Руј Кошта“. ProCycling.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Филип Жилбер |
Светски друмски првак 2013 |
Наследник Михал Квјатковски |
Награди | ||
Претходник Елдер Родригес |
Португалски спортист на годината 2012, 2013, 2014 |
Наследник Мигел Оливеира |