Дејан Лилиќ (роден на 26 октомври 1974 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и водител[1], поранешен директор на Македонскиот народен театар.

Дејан Лилиќ
Роден 26 октомври 1974
Скопје
Националност Македонец
Занимање глумец

Животопис уреди

Лилиќ е роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Во 1997 година дипломирал на Факултетот за Драмски уметности - Скопје на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а од 1998 година работи како глумец во Драмски театар Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски иснтитуции и продукциски куќи. Покрај глумата, вклучен е и во општествениот живот како водител на разни јавни настани. Од 2007 до 2010 година е Уметнички директор на Драмскиот театар Скопје. Од 2010 е директор на Македонскиот народен театар.

Поважни театарски улоги уреди

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Дејан Лилиќ
Год. Назив Улога
1990-ти
1997 Џипси меџик ТВ филм UN војник
2000-ти
2001 Одмазда ТВ филм Насте
2001 Во светот на бајките ТВ-серија Принцот
2002 Заведени ТВ серија
2002 Наше маало ТВ-серија Тренер
2003 Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серија Дамјан
2006 Американецот ТВ филм
2007 Досие-К ТВ филм Инспектор Диме
2010-ти
2010 Пилот ТВ-филм Дамјан
2011 Трето па машко ТВ филм Тони
2012 Скопје ремикс ТВ филм
2012 Betrayal ТВ филм
2013 Тиквешко востание ТВ-серија
2013 Тврдокорни ТВ филм Николај
2014 Кум ТВ-серија Душан
2015 12 мајмуни ТВ филм Таксист
2015 Лазар ТВ филм Тони
2016 Ослободување на Скопје ТВ филм Милчо
2017 Коливо краток филм Сотир
2017 Фамилијата Марковски ТВ серија др. Горан
2017 На терапија ТВ серија Татко на Ивана
2017 Инсајдер ТВ серија Драган
2017 Допир краток филм
2017 Црно и бело краток филм Татко
2017 Македонија ТВ-серија
2018 Сонот на крвта и душата ТВ филм Марко
2019 Дедо и внук ТВ-филм Внукот
2020-ти
2020 Стела ТВ-филм Александар
2020 Хомо ТВ-филм Дамир
2021 Кино „Љубов“ ТВ-филм Коста
2022 Си беше еднаш еден звук (ВИРТУОСО) ТВ-филм Дамјан
2022 Кајмак ТВ-филм Јоаким
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Дамјан

Награди уреди

  • 2012, Награда за најдобра споредна машка улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
  • 2011, Награда „Љубомир Муца Драшкиќ“ за најдобар глумец на вечерта на меѓународниот театарски фестивал „Муцијеви дани“, Театар „Атеље 212“, Белград, Србија, за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
  • 2011, Златна награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ р. Дејан Пројковски, на биеналниот Меѓународен театарски фестивал „Глумбал“ во Ниш
  • 2011, Награда за најдобра машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
  • 2010 Награда за најдобар глумец за претставата „Хамлет“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“, 2010
  • 2010 Награда „Златна маска“ во Светот на успехот - Препознаени и признаени од граѓаните на Р Македонија
  • 2010 Награда „Златна Бубамара на популарноста“
  • 2009 Награда за најдобар глумец за претставата „Александар“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“,
  • 2006 Награда „Ристо Шишков“ на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица за улогата на Помалиот брат во претставата „Превртувач“ од Ненад Вујадиновиќ, во режија на Јовица Павиќ
  • 2004 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
  • 2004 Награда за најдобро глумечко остварување на 39-от МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин
  • 2001 Награда за најдобро глумечко остварување на 36-от МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп за улогата на Стево во претставата „Диво месо“ и улогата во претставата „Кандид во земјата на чудата“
  • 2001 Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Александар Македонски во претставата „Мацедоине- Одисеја 2001“ која ја доделува весникот „Вечер“
  • 2000 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
  • 1998 Награда за најдобра епизодна улога во претставата „The lover“ од списанието „Екран“
  • 1997 Прогласен за млад глумец на годината според списанието „Екран“

Наводи уреди

  1. Грозданов, Борче (19 септември 2006). „РАЗГОВОР: ДЕЈАН ЛИЛИЌ - ВРВЕН АКТЕРСКИ МАЈСТОР „Сонот треба да се одработи". Вечер. Посетено на 2010-04-14.

Надворешни врски уреди