Џенет Ли (англиски: Janet Leigh) (6 јули 19273 октомври 2004) — американска глумица.

Џенет Ли
Janet Leigh
Џенет Ли со ќерките Кели Кертис (лево) и Џејми Ли Кертис (мај 1979)
Роден(а)Џенет Хелен Морисон
Jeanette Helen Morrison

Животопис

уреди

Џенет Ли била единственото дете на брачен пар кој често се селел од град во град. Живеејќи во станови, Џенет била доста паметно дете кое прескокнала неколку одделенија и завршило средно училиште на 15 години. Осамено дете, кое поминувало многу време во кината. Таа била студентка, учела музичко образование и психологија на Универзитетот на Тихиот Океан, сè додека не била откриена кога ги посетила нејзините родители во Северна Калифорнија. Нејзиниот татко работел како рецепционер во одморалиште, каде што и нејзината мајка работела како помошничка. Пензионираната глумица од студиото MGM, Норма Ширер, видела слика од Џенет на рецепционерската маса и прашала дали може да ја позајми фотографијата. Ова доведува до пробно снимање за Џенет во улога во филмот The Romance of Rosy Ridge (1947). MGM бараат наивна и млада девојка, а Џенет совршено одговарала за улогата. Таа ќе игра наспроти Ерол Флин, Гари Купер, Орсон Велс и Џуди Гарланд. Се појавува во различни филмови, од комедии и вестерни до мјузикли и драми.

Но сепак, и покрај сиве овие филмови, таа ќе остане запаметена по првите 45-те минути во трилер/хорор филмот Психо (1960). Режиран од Алфред Хичкок, овој култен класик ја вклучува и познатата сцена со тушот. Иако нејзиниот лик умира доста брзо, таа е номинирана за Оскар, а добива Златен глобус. Нејзин нареден филм е Манџурискиот кандидат (1962), во којшто таа ќе настапи наспроти Френк Синатра. Во подоцнежните години ретко се повавува на големото платно, така во 70-тите се појавува во филмови наменети за телевизијата.

Ли се мажи за нејзиниот трет сопруг, Тони Кертис на 4 јуни 1951. Тие имаат две деца, Кели Кертис и Џејми Ли Кертис. Се разведуваат во 1962. Џенет се мажи со брокерот Роберт Брант подоцна таа година и остануваат во брак сѐ до нејзината смрт.

Умира спокојно во нејзниот дом на возраст од 77 години. Нејзиното семејство било со неа и во последните часови од нејзината смрт.