Франц Лист (унгарски: Liszt Ferenc, Доборјан, Унгарија, 22 октомври 1811 - Бајројт, Германија, 31 јули 1886) бил унгарски композитор, пијанист, диригент и музиколог, роден во семејство на осиромашен дворјанец, на имотот на кнезот Естерхази-Франц Лист (Лист Синот е крстен по татка си). На 9 годишна возраст приредил концерт за гостите на кнезот. По две години се преселува во Париз, каде што продолжува да учи во приватно училиште. Унгарската аристократија во Париз и критиката веднаш навести „Ни се појави нов Моцарт“.

Франц Лист
Портрет од Хенри Леман, 1839
Портрет од Хенри Леман, 1839
Основни податоци
Роден(а)22 октомври 1811
Доборјан, Унгарија
Починал(а)31 јули 1886
Бајројт, Германија
Жанр(ови)Класична музика, романтистичка
Занимање/њаПијанист, педагог
ИнструментиПијано
Години на активност1822 - 1886

Творештво

уреди

Тој бил пијанистички виртуоз, кој изградил модерна техника и нов звучно брилијантен клавирски стил. Зад себе оставил симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела.

Германскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Лист како еден од своите омилени композитори кој, повеќе од сите други музичари, има отмени оркестарски акценти.[1]

Литература

уреди
  • Demko Miroslav: Franz Liszt compositeur Slovaque, L´Age d´Homme, Suisse, 2003.

Наводи

уреди
  1. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 59.