Социјалдемократска партија на Германија

Социјалдемократска партија на Германија (германски: Sozialdemokratische Partei Deutschlands, SPD) — социјалдемократска[2][3][4][5] политичка партија во Германија. Партијата е една од двете големи современи политички парти во Германија, заедно со конзервативната унија CDU/CSU, и е предводена од Зигмар Габриел.

Социјалдемократска партија на Германија
Sozialdemokratische Partei Deutschlands
ПретседателЗигмар Габриел
Генерален секретарЈасмин Фахими
Заменици-претседателиХанелоре Крафт
Торстен Шефер-Гимбел
Олаф Шолц
Мануела Швезиг
Ајдан Езогуз
Основана23 мај 1863 (ADAV)
7 август 1869 (SDAP)
27 мај 1875 (спојување)
ШтабWilly-Brandt-Haus
D-10911 Берлин
Студентско крилоСоцијалистички германски студентски сојуз (1946-1961), Јузо-универтетски групи (од 1973)
МладинаЈузос
Женско крилоСојуз на социјалдемократски жени
Членови  (2013) 472.469[1]
Идеологијасоцијалдемократија[2]
третпат[2]
Полит. положбалев центар
Меѓународна припадностПрогресивна алијанса,
Социјалистичка интернационала
Европска припадностПартија на европските социјалисти
Европски парламентПрогресивна алијанса на социјалисти и демократи
Боицрвена
Места во Бундестагот
193 / 631
Места во регионалните парламенти
597 / 1.875
Места во Европскиот Парламент
27 / 96
Премиери на покраини
9 / 16
Мрежно место
http://www.spd.de
Знаме
Политика на Германија
Политички партии
Избори

Моментално, SPD владее на сојузно ниво со голема коалиција со Христијанската демократска унија и Христијанската социјална унија од декември 2013 година по општите избори во Германија во 2013 година. Партијата учествува во тринаесет покраински влади, од кои девет предводени од министри-претседатели од SPD.

SPD е членка на Партијата на европските социјалисти и Социјалистичката интернационала и основач на Прогресивната алијанса на 22 мај 2013 година.[6][7][8] SPD е најстарата постоечка политичка партија во Бундестагот во Германија, основана уште во 1863 година. Воедно, партијата поседува најголемо членство од сите германски партии. По Втората светска војна, под водство на Курт Шумахер, SPD се поставила како идеолошка партија, којашто ги застапувала интересите на работничката класа и синдикатите. Партиската програма, што ги следела марксистичките принципи, повикувала на национализација на главните индустрии и државно планирање.

Наводи

уреди
  1. „Mitgliederzahlen: SPD baut Vorsprung gegenüber CDU aus“. Spiegel Online. Посетено на 16 август 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 Партии и избори во Европа: База на податоци за парламентарните избори и политичките партии во Европа; Волфрам Нордзик
  3. Merkel, Wolfgang; Alexander Petring; Christian Henkes; Christoph Egle (2008). Social Democracy in Power: the capacity to reform. London: Taylor & Francis. ISBN 0-415-43820-9.
  4. Dimitri Almeida (27 April 2012). The Impact of European Integration on Political Parties: Beyond the Permissive Consensus. CRC Press. стр. 71–. ISBN 978-1-136-34039-0. Посетено на 14 July 2013.
  5. Ashley Lavelle (1 March 2013). The Death of Social Democracy: Political Consequences in the 21st Century. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 7–. ISBN 978-1-4094-9872-8. Посетено на 18 July 2013.
  6. http://www.spiegel.de/politik/deutschland/progressive-alliance-sozialdemokraten-gruenden-weltweites-netzwerk-a-901352.html
  7. http://www.faz.net/aktuell/politik/sozialdemokratie-progressive-alliance-gegruendet-12191286.html
  8. http://www.n-tv.de/politik/SPD-gruendet-Progressive-Alliance-article10689571.html

Надворешни врски

уреди