Јагода Сланева (2 октомври 1931, Скопје, Македонија17 октомври 2017, Скопје, Македонија) — македонска балерина и кореограф.[1]

Јагода Сланева
Роден 2 октомври 1949
Скопје,  Македонија
Починал 17 октомври 2017
Скопје,  Македонија
Националност Македонка
Занимање балерина, кореограф

Животопис уреди

Јагода Сланева била дел од првата генерација ученици на Балетот при Македонскиот народен театар. Го завршила Средното балетско училиште во Скопје во класата на Јуриј Мјачин, професор-гостин од Санкт Петербург. Кариерата ја започна во 1968 година со изведба на „Па де де “ од балетот „Оревокршачка “ на музика на П. И. Чајковски, а ја завршува во 1992 со улогата на Марија во балетот „Бахчисарајска фонтана“.

Творештво уреди

Во својата извонредно богата кариера, Јагода Сланева играла главни улоги во најзначајните балети од железниот репертоар на класичната балетска уметност, како: Жизел во балетот „Жизел“,Китри во „Дон Кихот“, Јулија во „Ромео и Јулија “, Кармен во „Кармен“, насловните улоги во балетите: „Легенда за љубовта“, „Ѓаволеста девојка“, „Мирандолина“, „Лабин и Дојрана“, „Песна над Песните“, како и други модерни балети.

Како примабалерина на Македонскиот балет таа гостувала на различни сцени во Франција, Германија, Полска, Романија, Канада, Словенија, Србија, Хрватска и други земји.[2]

Работела и како педагог, а како кореографка соработувала на повеќе детски претстави во театрите во Скопје, во театарските претстави во повеќе театарски куќи во Македонија, како и на повеќе проекти во независна продукција. Сланева работела и како кореограф на ТВ серијата „Аплаузи” и проектот „Сенки во ноќта” од Бодан Арсовски во Македонската Телевизија. Освен тоа, Сланева имала богата ТВ-продукција во Македонската телевизија [3].

Примабалерината Сланева ја добила наградата „Менада “ за врвни достигнувања во балетската уметност од скопскиот фестивал „Танц Фест 2017“.

Наводи уреди

  1. Јагода Сланева
  2. ПРИМАБАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА ЈАГОДА СЛАНЕВА
  3. „Јагода Сланева“. Архивирано од изворникот на 2020-11-30. Посетено на 2020-08-14.