Луј Ле Во (француски: Louis Le Vau; 161211 октомври 1670) — француски архитект кој работел за кралот Луј XIV. Роден е и умрел во Париз. Во неговите најпознати дела се вбројуваат Версајскиот дворец и, во соработка со Клод Перо, неговата работа на Лувр. Тој, заедно со Андре Ле Нотр и Шарл Ле Брeн ги реконструирал и градините на замокот Во-ле-Виконт. Други дела: Винсенески замок, Ренсиски дворец, Колеџ на четирите нации (денес зградата на Институтот на Франција), црквата Сан-Сулпис, како и зградата Хотел Ламбер на Ил Сан-Луј во Париз.

Луј Ле Во

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди