Алесандро Скарлати
Алесандро Скарлати (2 мај 1660 - 24 октомври 1725) е италијански барокен композитор. Работел како капелмајстор во Рим и Неапол. Автор е на 115 опери од типот на италијанската „опера серија“ (сериозна опера), составени од последователно нижење на лирски арии и речитативи. Попознати дела: „Розуара“, „Пир и Деметриј“, „Митрадат Евпатор“ и др. Ја утврдува триделната арија да капо, го установува типот на италијанската оперска увертира, којашто се состои од три дела: брз, бавен, брз. Автор е на околу 700 кантати, 200 меси, 20 оратории и други музички творби. Татко е на двајца други композитори, Доменико Скарлати и Пјетро Филипо Скарлати.
Алесандро Скарлати | ||
---|---|---|
![]() италијански барокен композитор | ||
Основни податоци | ||
Роден(а) | 2 мај 1660 Сицилија, Италија | |
Потекло | Италија | |
Умрел(а) | 24 октомври 1725 Неапол, Италија | |
Жанр(ови) | барокна опера | |
Занимање/ња | капелмајстор во Рим и Неапол |
ПоврзаноУреди
- Доменико Скарлати — син