Алфред Велики (староанглиски: Ælfrēd, Ælfrǣd, "elf советник" или "мудар елф"; 849 – 26 октомври 899) бил Крал на Весекс од 871 до 899.

Алфред успешно го одбрани своето царство против обидот за освојување од страна на Викинзите, и до времето на неговата смрт стана доминантниот владетел во Англија.[1] Тој е еден од само два англиски монарси на кои им бил даден епитетот "Велики", другиот е Скандинавецот Кнут Велики. Тој исто така бил првиот Крал на Западна Саксонија да се прогласи себеси за "Крал на Англо-Саксонци". Детали на Алфред живот се опишани во делото од страна на  Велшкиот научник и епископ од X век Асер.

Алфред бил познат како учен и милостив човек со грациозна и интелектуална природа кој го поттикнувал образованието, предлагајќи основното образование да се изведува на англиски, и го подобрил правниот систем на неговото царство, воената структура и квалитетот на живот на својот народ. Во 2002 година, Алфред беше рангиран како број 14 во анкета на би-би-си на 100 Најголеми Англичани.

Борба против инвазијата на викинзите

уреди

Во 868 г.,запишано е дека Алфред се борел покрај Етелред (Æthelred) во неуспешен обид да ја спречи Големата Безбожна Војска, предводена од Ајвар Бескоскениот (Ivar the Boneless), да влезе во соседното кралство Мерсија.[1] Кон крајот од 870 г., Данците пристигнале во неговата татковина. Годината што следеше е наречена "Алфредовата година на битки". Девет битки се воделе, со различни резултати, иако местата и датумите на две од овие битки не се евидентирани.

Во Беркшир, успешниот судир во Битката кај Енглфилд на 31 декември 870 г. беше проследен со тежок пораз за време на  Опсадата и Битка кај Ридинг од страна на братот на Ајвар, Халфдан Рагнарсон, на 5 јануари 871 г. Четири дена подоцна, Англо-Саксонците извојуваа брилијантна победа кај Битката за Ешдоун, во близина на Комптон. Алфред е особено заслужен за успехот на оваа последна битка.[1]

Подоцна истиот месец, на 22 јануари, Саксонците биле поразени во Битката на Бејзинг. Тие биле поразени повторно на 22 март во Битката кај Мертон.[1] Етелред починал набргу потоа, на 23 април.

Белешки

уреди

Исечоци

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 [[#CITEREF|]].