Предлошка:Октомври 2024

11 октомври — 284-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (285-и во престапна година). Останува уште 81 ден до крајот на годината.

Настани:

1941  Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата.
1954  Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев.
1963  Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија, документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.
1964  Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам.
1994  Во Анталија, Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка, на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

Родени:

1483  Мартин Лутер — германски духовник, водач на протестантската реформација.
1865  Јован Цвииќ — српски географ и претседател на Српската академија на науките и уметностите.
1885  Франсоа Шарл Моријак — француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература.
1910  Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1937  Боби Чарлтон — англиски фудбалер.
1941  Кирил Псалтиров — македонски глумец.
1963  Жорди Виљакампа — шпански кошаркар.
1964  Милорад Ратковиќ— српски фудбалер.
1965  Александер Хаке — германски рок-музичар.
1975  Лабина Митевска — македонска глумица.
1999  Келдон Џонсон — американски кошаркар.
2001  Даниел Малдини— италијански фудбалер.

Починале:

1670  Луј Ле Во — истакнат француски барокен архитект.
1961  Чико Маркс — американски глумец.
1963  Жан Кокто — француски писател.
2022  Анџела Ленсбури — британско-американска глумица.

Празници:

  Ден на востанието на Македонија