Светски ден на штедењето

Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 г. во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците (Светско друштво на штедилници) во Милано, Италија. На последниот ден од конгресот, проф. Равица го прогласил тој ден за меѓународен ден на штедењето.

Порцеланско касе-прасе

Идејата наишла на одобрение од 29 земји кои сакале да ја потсетат светската јавност на штедење, и важноста на штедењето за економијата и поединецот. Празникот се одбележува 31 октомври, освен во земјите кајшто тој ден е државен празник. На тој ден банките се отворени, за граѓаните да можат да внесат средства на својата штедна сметка.

Покрај горенаведеното, во Македонија Синдикатот на финансиските организации доделува награди и пофалници за најдобрите работници од оваа дејност[1].

Занимливости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Банкарите го одбележаа Меѓународниот ден на штедењето“. Влада на РМ. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 октомври 2010. (македонски)