Римска Република го означува периодот на државно уредување на римската држава во времето меѓу Римското Кралство (510 г. п.н.е.) и воспоставувањето на Римското Царство на 13 јануари 27 г. п.н.е.

Тешко е да се одреди точниот датум на настанување на Римската Република. Тит Ливиј наведува дека последниот римски крал, Луциј Тарквиниј Гордиот во 510 г. п.н.е. бил протеран од Рим, а Луциј Јуниј Брут и Луциј Тарквиниј Колатин биле избрани за римски конзули [1], додека во 508 г. п.н.е. бил избран и првиот првосвештеник, т.е. понтифекс максимус (Pontifex maximum).

Државно уредување

уреди

Римската Република имала хиерархија на избрани магистрати со различни овластувања. Римското уредување од времето на републиката подоцна го инспирирало уредувањето на многу средновековни градови-држави, но и други државни творби на современото време, од ренесансата до денес.

Од посебно значење биле следните елементи на државното уредување на Римската Република:

  • ануитет — сите должности имале мандат од една година,
  • колегијалност — секогаш две личности истовремено извршувале една државна служба - исклучок бил диктаторот
  • право на промена на уредбата (право на вето) — секој магистрат имал право да ја корегира, измени или да ја врати уредбата што ја донел неговиот колега.
 
Рим од времето на републиката

Највисоката, неограничена, извршна власт во Римската Република ја имал конзулот (Imperium maius). Конзулите биле одговорни за врховното воено заповедништво, за правото на осудување, свикување на Сенатот и народните собранија. За време на кризи, постоела можност за период од 6 месеци, да се именува диктатор, кој имал апсолутна власт (Summus imperium); во текот на неговиот мандат сите други магистрати биле суспендирани.

Магистратите биле избирани низ три различни народни собранија:

Римскиот Сенат и народните собранија (Comitia) биле надлежни за законите и надгледувањето на работењето на сите службеници од власта. Ислужените магистрати станувале сенатори, ако на тоа не се спротивставеле цензорите. На почетокот во Сенатот влегувале само патрициите, а подоцна и плебејците.

Наводи

уреди