Македонски народни приказни (ТВ серија)
Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други). Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.
Македонски народни приказни | |
---|---|
Жанр | драма |
Земја на потекло | ![]() |
Продукција | |
Времетраење | 18-40 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | МТВ (стари и нови делови), Сител (нови делови) и А1 Телевизија (нови делови) |
Првично прикажување | 1984 - 2003 (стар серијал) и 2009 - 2017 (нов серијал) – ... |
Актерска екипаУреди
Како дел од старата актерска екипа се следните глумци:
- Ѓорѓи Колозов †
- Шенка Колозова
- Гоце Тодоровски
- Ванчо Петрушевски †
- Лазар Бараков
- Гоце Влахов †
- Владимир Ангеловски - Дади †
- Стојна Костовска
- Дубравка Киселичка
- Анче Џамбазова †
- Иван Каровски
- Кирил Андоновски
- Душко Костовски †
- Кирил Печијаревски
- Димче Мешковски
- Васил Шишков †
- Изабела Новотни
- Снежана Киселичка
- Џемаил Максут †
- Ѓокица Лукаревски
- Светлана Кировска - Герасимова
- Александар Шехтански
Некои од старите глумци беа дел и од новите сезони снимани во продукција на МТВ и Сител.
РежисериУреди
- Драган Вељаноски
- Ертил Алтанај
- Ѓорѓи Стојаноски
- Љупчо Билбиловски
- Лазе Паковски
- Богдан Поп Ѓорчев
- Душко Ѓорѓиоски
- Стојан Стојаноски
- Слободан Деспотовски
- Миле Грозданоски
Нови сезониУреди
Нова сезона во продукција на МТВУреди
На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова. Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков[1]. Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.
Актерската екипа е[1]:
- Шенка Колозова
- Гоце Тодоровски
- Ванчо Петрушевски †
- Владо Дојчиноски
- Никола Тодороски
- Дубравка Киселичка
- Кирил Андоновски
- Александар Микиќ
- Душко Ѓорѓиоски
- Анастас Тановски
- Ѓорѓи Нешкоски
- Едмонд Сотир
- Марина Поп Панкова
- Гоце Влахов †
- Снежана Киселичка
- Роберт Ристов
- Ева Скендеровска
- Маја Андоновска
- Зорица Панчиќ
Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ. Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ[1].
Нова сезона во продукција на А1Уреди
Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер .
- Актери:
- Магдалена Ризова - Черних
- Митко С. Апостоловски
- Сашо Ристевски
- Нино Леви
- Слободан Степановски
- Ѕвездана Ангеловска
- Ердоган Максут
- Вера Вучкова
- Ванчо Петрушевски †
- Гоце Тодоровски
- Марија Ѓорѓијовска
- Сценарио: