Ерусалимско Кралство
Ерусалимско Кралство — христијанска држава, која била создадена по заземањето на Ерусалим во текот на првата крстоносна војна во 1099 година од страна на крстоносците.
Ерусалимско Кралство | ||||||
Regnum Hierosolimitanum Roiaume de Jherusalem | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Кралството Ерусалим и другите крстоносни држави (нијанси на зелено) во рамките на Блискиот Исток во 1135 г.
| ||||||
Главен град | Ерусалим (1099-1187) Тир (1187-1191) Акра (1191-1229) Ерусалим (1229-1244) Акра (1244-1291) | |||||
Вероисповед | Римокатоличка црква, Грчка православна црква, Сириска православна црква, Ислам, Јудаизам | |||||
Уредување | Монархија [[Категорија:Поранешни монархии|Ерусалим, 1099]] | |||||
Кралство | ||||||
- | 1100-1118 | Годфрид Бујонски | ||||
- | 1118-1131 | Болдвин II | ||||
- | 1131-1152 | Мелесенд Ерусалимски - with Fulk 1131-1143 | ||||
- | 1143-1152-1162 | Болдвин III | ||||
- | 1162-1174 | Амалрик I | ||||
- | 1285-1291 | Хенри II | ||||
Законодавство | Haute Cour | |||||
Историја | ||||||
- | Прва крстоносна војна | 1099 | ||||
- | Втора крстоносна војна | 1145 | ||||
- | Опсада на Ерусалим | 1187 | ||||
- | Трета крстоносна војна | 1189 | ||||
- | Договор од Рамла | 1191 | ||||
- | Заземање на Акра | 1291 |
Прв владетел на кралството е Годфрид Бујонски. Најпрвин, кога било создадено кралството, тоа било малку повеќе од слободна колекција од градови кои беа заземени по време на крстоносната војна. Неговиот прв крал Готфрид воопшто себеси не се нарекувал крал. Со создавањето на Ерусалимското Кралство, тоа било една од највлијателните теми по тоа време а и најмногу се размислувало за тоа дали кралството ќе прерасне во светско како другите кралства или пак ќе остане под теократичната власт на папата и Ватикан. Кралството со текот на времето започнало да се развива како и останатите монархии од западна Европа со кои имаше блиски врски. Тоа кралство всушност ја наследувало политичката врска и моќ на западна Европа. Тоа не би можело никогаш да се рамни со некое друго кралство ни по големина, ни по моќ ни по богатство бидејќи се тоа беше поддржувано од страна на Европа чии сили беа утврдени во кралството. Најголема врска кралството имало со византиското Царство. Крстоносците исто така оформуваат и три независни држави- грофовиите Триполи и Едеса како и Антиохија.
Во почетокот, припадниците на муслиманската вера нмале некоја голема грижа за постоење на такво царство. Но колку се ближеше крајот на 11 и почетокот на 12 век, желбата за муслиманско обединување сè повеќе и повеќе се зголемувало. Така со започнувањето на крстоносните војни, градот бил повеќепати предаван во нечија контрола. Ерусалим за крстоносците бил изгубен во 1187 година од страна на Саладин и кралството до 13 век било намалено неговото владеење. Кралството било разрушено во 1291 година.
![]() | Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |