Република Косово

делумно признаена држава на Балканот
(Пренасочено од Косово)

Република Косово (албански: Republika e Kosovës; српски: Република Косово, Republika Kosovo) или само Косово — еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија и делумно признаена држава на Балканскиот Полуостров. Прогласената држава го зафаќа географскиот регион Косово и истата е спорна територија меѓу косовските власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со Централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверзија — заговарачите на независноста на Косово таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони: автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик.

Република Косово
Republika e Kosovës  (албански)
Republika Kosovo  (српски)
Знаме Грб
ХимнаЕвропа

Местоположба на Косово
Местоположба на Косово
Местоположба на Косово
Главен град
(и најголем)
Приштина
42°40′N 21°10′E / 42.667° СГШ; 21.167° ИГД / 42.667; 21.167
Службен јазик албански, српски
Народности (2011)
Демоним Косовец
Уредување унитарна парламентарна република
 •  Претседател Вјоса Османи
 •  Премиер Албин Курти
Законодавство Собрание
Основање
 •  Косовски Вилает 1877 
 •  Договор од Лондон 1913 
 •  САП Косово 31 јануари 1946 
 •  Независност од Југославија 2 јули 1990 
 •  Кумановски договор 9 јуни 1999 
 •  УНМИК 10 јуни 1999 
 •  Декларација за независност 17 февруари 2008 
Површина
 •  Вкупна 10.887 км2 (171.)
 •  Вода (%) 1.0
Население
 •  проценка за 2022 г. 1.761.985 (151.)
 •  Попис 2020 г. 1.700.000 
 •  Густина 162 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен $29.629 мил.[2] (148.)
 •  По жител $16.760 (100.)
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $11.226 мил.[2] (155.)
 •  По жител $6.337 (104.)
Џиниев коеф. (2017)29.0
низок
ИЧР (2021) 0.762
висок
Валута Евроa (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Датумски формат дд.мм.гггг
Се вози на десно
НДД .xk (предложен)b
Повик. бр. +383
а. Еврото е официјална валута во Косово, иако Косово не е формална членка на еврозоната.
б. XK е код „доделен на корисникот“ ISO 3166 кој не е назначен со стандардот, но се користи од Европската комисија, Швајцарија, Deutsche Bundesbank и други организации. Сепак, ISO 3166-2:RS-KM останува во употреба.

Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Исто така ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.

Република Косово е призната од 98 членки на Обединетите нации (~51 %) со што нема мнозинство во ООН, и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.

Косовскиот спор и војната од 1999 година

уреди

Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Претседател на Косово е Вјоса Османи, а премиер е Албин Курти.

Територијална поделба

уреди

Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Округот Приштина.

Округ Главен град Површина
км2
Население
во 2002 (ранг)
Население
на км2
Општини
Ѓаковица
 
Ѓаковица 1042 242 077 232
Гнилане
 
Гнилане
Косовска Митровица
 
Косовска Митровица
Пеќ
 
Пеќ
Приштина
 
Приштина
Призрен
 
Призрен
Урошевац
 
Урошевац
Општини
 
Република Косово

Наводи

уреди
  1. „CIA World Factbook“. CIA. Архивирано од изворникот на 2016-07-01. Посетено на 2012-02-15. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 „Kosovo“. International Monetary Fund. Посетено на 30 April 2011.

Поврзано

уреди
Одредници од Косово
  Србија   Србија
 
  Србија
  Црна Гора и   Албанија
  С  
З   И
  Ј  
  Србија
  Албанија   Македонија
 
  Македонија