2 октомври
датум
2 октомври — 275-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (276-и во престапна година). Остануваат 90 денови до крајот на годината.
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2023 |
Настани:
1187 | Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна. |
1535 | Пловејќи низводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада. |
1608 | Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Липерсхеј го демонстрира првиот употреблив телескоп. Познатиот Галилеј првиот вков далекуглед го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката. |
1935 | Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка. |
1944 | Нацистите го задушуваат Варшавското востание. |
1990 | Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица |
1991 | Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна. |
1992 | Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија. |
Родени:
1452 | Ричард III — англиски крал. |
1847 | Паул фон Хинденбург — германски офицер и политичар. |
1852 | Вилијам Ремзи — шкотски хемичар. |
1869 | Махатма Ганди — индиски национален водач. |
1890 | Граучо Маркс — американски глумец. |
1904 | Греам Грин — британски писател. |
1913 | Карл Милер — германски фудбалер. |
1924 | Хиџет Рамадани — македонски и југословенски правник и политичар. |
1935 | Омар Сивори — аргентински фудбалер. |
1943 | Паул ван Химст — белгиски фудбалер. |
1949 | Ричард Хел — американски рок-музичар. |
1951 | Стинг — британски музичар и глумец. |
1967 | Томас Мустер — австриски тенисер. |
1967 | Френки Фредерикс — намибиски атлетичар. |
1968 | Јана Новотна — чешка тенисерка. |
1980 | Горан Богдан — хрватски глумец. |
1984 | Горан Попов — македонски фудбалер. |
1986 | Мичел Докер — австралиски велосипедист. |
1987 | Матијас Кардасио — уругвајски фудбалер. |
1988 | Иван Зајцев — италијански одбојкар. |
1991 | Роберто Фирмино — бразилски фудбалер. |
1992 | Алисон — бразилски фудбалски голман. |
1997 | Тами Абрахам — англиски фудбалер. |
Починале:
1629 | Антонио Цифра — италијански композитор |
1264 | Папа Урбан IV — римски папа. |
1804 | Никола Кињо — француски изумител, конструктор на првото самоодно парно возило. |
1850 | Сара Бифен — англиски уметник. |
1927 | Сванте Арениус — шведски физичар. |
1962 | Борис Ј. Букреев — руски математичар. |
1965 | Оскар Ланге — полски економист. |
1968 | марсел Дишан — француско-американски сликар и писател. |
1973 | Паво Нурми — фински атлетичар. |
1985 | Рок Хадсон — американски глумец. |
1991 | Димитриј — цариградски патријарх. |
2001 | Франц Библ — германски композитор |
2007 | Катерина — грчка принцеза. |
2017 | Том Пети — американски рок-музичар. |