Христо Георгиевски
Христо Георгиевски (24 октомври 1943 во Куманово — 3 јуни 2000 во Белград, Србија) ― македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар.[1][2]
Животопис
уредиЗавршил Филолошки факултет во Белград, каде беше редовен професор. Член на ДПМ од 1986 година. Автор е на книгите: Јазикот на бунарот (поезија, 1978), Јазикот и патот (поезија, 1982), Две Марии од Славко Јаневски (студија, 1982), Македонскиот роман 1952 - 1982 (студија, 1983), Удар (поезија, 1984), Скриена смисла (есеи, 1984), Поетиката на македонскиот роман (студија, 1985), Историја и поетика на македонската драма (студија, 1994), Историја на македонскиот роман (2000)[3].
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 351. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „ГЕОРГИЕВСКИ, Христо“. Архивирано од изворникот на 2021-02-08. Посетено на 2021-02-02.
- ↑ Makedonskiot roman
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |