Демократска Република Конго

земја во Африка
(Пренасочено од Заир)
Не ја поистоветувајте оваа држава со Република Конго. За други значења видете Конго.

Конго (француски: Congo), или официјално Демократска Република Конго (République Démocratique du Congo), порано позната како Заир, е држава во Екваторска Африка. Зафаќа огромна површина од околу 2,345,000 км2. Главен град е Киншаса. Независна е од 1960 година. Населението се состои од различни племиња на Банту-црнците (околу 80%), племиња од Источен Судан (околу 14%), Нилотски племиња (околу 2%) и Пигмејци. Религијата е христијанство, муслиманство, анимизам и тотемизам. Службен јазик е францускиот. Главни говорни јазици се свахили, луба, лингала и конгоански.

Демократска Република Конго
République démocratique du Congo  (француски)
Знаме Грб
ГеслоJustice  – Paix  – Travail  (француски)
"Правда  – Мир  – Работа"
Местоположбата на  Демократска Република Конго  (темнозелена)
Местоположбата на  Демократска Република Конго  (темнозелена)
Местоположбата на  Демократска Република Конго  (темнозелена)
Главен градКиншаса
4°19′S 15°19′E / 4.317° ЈГШ; 15.317° ИГД / -4.317; 15.317
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Признаени регионални јазици лингала, конгоански/луба, свахили,
Демоним конгоанец
Уредување Унитарна држава и полупретседателска република
 •  Претседател Феликс Тшисекеди
 •  Премиер Сама Луконде
Независност
 •  од Белгија 30 јуни 1960 
Површина
 •  Вкупна 2,344,858 км2 (12-та)
 •  Вода (%) 3.3
Население
 •  проценка за 2023 г. 111.859.000 (14-та)
 •  Густина 46.3 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $150.883 милијарди[1] (90-та)
 •  По жител $1,509[1] (188-ма)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $67.512 милијарди[1] (86-та)
 •  По жител $675[1] (190-та)
Џиниев коеф. (2012)42.1
среден
ИЧР (2021) 0.479[2]
низок · 179-та
Валута Конгоански франк (CDF)
Часовен појас WAT, CAT (UTC+1 до +2)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+1 to +2)
Се вози на десно
НДД .cd
Повик. бр. 243

Потекло на поимот

уреди

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Територијата на денешната Демократска Република Конго била населена уште од најрани времиња. Во текот на 5 век, на овие простори живееле племето Банту. Во 14 век, овде опстојувало Кралство Конго чии територии се простирале недалеку од денешната република, како едно од најголемите краства во тоа време на овие простори. Во 1482 година на бреговите на земјата престигнале првите португалски морепловци и трговци. Тие, благодарение на трговијата со робови успеале да ја намалат улогата на кралството. Односите помеѓу португалците и домородците биле на почетокот пријателски. Кралството Конго го прифатила христијанството како официјална религија. Кралство Конго својата моќ ја изгубил во текот на 17 век, кога избувнала граѓанска војна. Ова најмногу го искористиле европските најголеми сили, Велика Британија и Холандија. Англичанецот Хенри Мортон Стенли бил првиот европски граѓанин кој ја истражувал територијата на денешен Конго. Неговата намера била нормално, Конго да стане дел од Британската Империја, но сепак на почетокот британската влада не покажала голем интерес за ова подрачје.

Слободна Држава Конго (1877–1908)

уреди

Во текот на 19 век, по експедицијата на Дејвид Ливингстон, започнало колонизирањето на Централна Африка од страна на европските големи сили. Белгискиот крал бил фасциниран од колонијалното освојување на земјата, за разлика од белгиската јавност. Белгискиот крал Леополд II од Белгија склучил договор со локалните владетели за размена, со кое дополнително се здобил со територии по текот на река Конго. На Берлинската конференција од 1884-1885 година, тие територии формално биле признаени за белгиски.

Белгиски Конго (1908–60)

уреди

Во следните години, населението било брутално експлоатирано за целите на Белгија. Во 1908 година, белгискиот крал бил принуден да се откаже од владеењето на овие простори. Во времето на белгиската контрола, името на земјата било Независна држава Конго (État indépendant du Congo), а по 1908 година Белгиски Конго. (Congo belge). Во времето на белгиската ера од историјата на Конго, исто така било воведено и основното и средното образование, а училиштата биле организирани од страна на црквата. Била подобрена инфраструктурата на земјата, изградени голем број на патишта, пруги, рудници, болници итн.

Независност

уреди

Во 1960 година избувнале големи немири, кои резултирале со давањето нанезависност на земјата на 30 јули 1960 година. Белгија ја дала независноста. Сепак, повлекувањето на колонијалната администрација и капитал, негативно се одразило врз економијата на новата република, позната под името Заир. За прв претседател на земјата бил избран Жозеф Касавубу (1910-1969). Во следните години следувале голем број на воени и државни удари и преврати. Во 1965 година, на чело на земјата застанал Жозеф Мобуту, кој добил голема поддршка од европските земји. Сепак, неговата диктатура многу бргу довела до ново разочарување кај народот. Од власта тој бил симнат во 1997 година. Следната 1998 година започнала граѓанска војна. Во војната биле вовлечени и соседите Руанда и Уганда.

Географија и клима

уреди

ДР Конго зафаќа површина од 2.344.858 км2. Централните и западните делови на државата ги зафаќаат рамниците на басенот на реката Конго. Во источните делови се наоѓа планината Рувензори, со височина од околу 5 000 м (врвот Стенли, висок 5109 м). Климата е екваторска и постојано влажна, со просечна температура преку годината околу 25°С. Врнежите околу екваторот достигнуваат до околу 2 000мм. Има густа речна мрежа. Повеќе од 50% од територијата е под екваторски шуми.

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Етнички состав

уреди

Според податоци од 2007 година, населението на Демократска Република Конго изнесува 65 890 551 луѓе. Според некои проценки на Обединетите нации од 2007 година, населението на земјата е околу 62.600.000 луѓе, за разлика од периодот на војната во земјата, кога бројот изнесувал околу 46.700.000 луѓе од 1997 година. Како и во повеќето африкански земји, така и во ДР Конго живеат огромен број на етнички групи, од кои околу 250 се идентифицирани. Населението се состои од различни племиња на Банту-црнците (околу 80%), племиња од Источен Судан (околу 14%), Нилотски племиња (околу 2%) и Пигмејци. Пигмејците бројат околу 600.000 луѓе, кои живеат обично во џунглите.[3]

Со оглед на ситуацијата во земјата и на состојбата на државните структури, многу тешко можат да се добијат веродостојни податоци за и околу самата миграција на населението во земјата. Самата имиграција населението е различна по природа. Голем дел од истите се бегаци кои во земјата бараат азил. Покрај тоа, голем број на луѓе доаѓаат во земјата како работници во рудниците во земјата. Транзитната миграција кон Јужна Африка и Европа, исто така, има голема улога. Имиграцијата во ДР Конго постепено се намалувала во последните две децении, најверојатно како резултат на вооруженото насилство кое го доживеа земјата. Според податоците на Меѓународната организација за миграции, бројот на имигранти во ДР Конго дошле над 1 милион во 1960 година, 754.000 во 1990 година, 480.000 во 2005 година, 445.000 во 2010 година. Сепак валидни бројки и податоци не се достапни, кое делумно се должи на неформалната економија во земјата.[4] Бројките за бројот на државјани на Конго кои живеат во странство многу се разликуваат во зависност од изворот, од 3 до 6 милиони луѓе. Ова несовпаѓање се должи на недостиг на официјални и сигурни податоци. Се проценува дека поголемиот дел од нив сепак остануваат на африканска територија, но има такви кои заминуваат за Европа, главно во Франција. Според податоци пак од 2004 година на УНХЦР, земјата прифатила повече од 460.000 бегалци од Конго.[4]

Религија

уреди
Религија во Демократската Република Конго
религија процент
Римокатоличка црква
  
55 %
Протестантство
  
35 %
Ислам
  
5 %
Анимизам
  
2,4 %
Бахаизам
  
0,4 %
Хиндуизам
  
0,2 %
Друѓи
  
1,2 %

Христијанството енајголема религија во земјата, проследена со околу 90% од вкупниот број на верници. Од нив, околу 55% се римокатолици, а околу 35% протестанти.[5] Освен тоа, се проценува дека околу 2.000.000 верници се следбеници на учењето на Вилијам Бренхам. Голем дел од протестантските деноминации се обединети под капата на Христовата црква на Конго. Честопати, оваа црква се нарекува во земјата само како Протестантска црква, бидејќи таа опфаќа повеќе од 35% од сите протестанти во земјата.

Исламот во Демократската Република Конго го следат околу 10% од вкупниот број на верници.[6][7] Останатиот процент е на хиндуистите, анимистите и атеистите.

Јазик

уреди

Во земјата се зборуваат вкупно 242 јазици. Службен јазик во ДР Конго е францускиот. Главни говорни јазици се свахили, луба, лингала и конгоански.

Култура

уреди

Музика

уреди

Спорт

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Democratic Republic of the Congo“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. "Pygmies want UN tribunal to address cannibalism". Smh.com.au. May 23, 2003.
  4. 4,0 4,1 „Migration en République Démocratique du Congo: Profil national 2009“. International Organization for Migration. 2009. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 2010-08-17. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. Religiously Remapped - Mapping Religious Trends In Africa - Dataset of Religious Affiliations[мртва врска]
  6. „CIA - The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-28. Посетено на 2010-09-30.
  7. Congo, Democratic Republic of the