Алваро Борха Мората Мартин (роден на 23 октомври 1992, во Мадрид) — шпански фудбалер, напаѓач на Јувентус, на заем од Атлетико Мадрид, и на шпанската репрезентација.

Алваро Мората
Лични податоци
Роден на 23 октомври 1992(1992-10-23)(32 г.)
Роден во Мадрид, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 9
Агент Италија Џузепе Боцо[1]
Младинска кариера
Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Хетафе Хетафе
Реал Мадрид Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2013 Реал Мадрид Кастиља РМ Кастиља 83 (44)
2011-2014 Реал Мадрид Реал Мадрид 37 (10)
2014-2016 Јувентус Јувентус 63 (15)
2016-2017 Реал Мадрид Реал Мадрид 26 (15)
2017-2019 Челси Челси 47 (16)
2019– Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 49 (18)
2020–Јувентус Јувентус 0 (0)
Репрезентација
2009 Шпанија Шпанија 17 6 (2)
2010 Шпанија Шпанија 18 2 (3)
2010-2012 Шпанија Шпанија 19 13 (11)
2013- Шпанија Шпанија 21 12 (13)
2014- Шпанија Шпанија 25 (13)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички карактеристики

уреди

Мората е добар во играта со главата, и има технички умешен удар; поради неговиот стил на игра е споредуван со Фернандо Мориентес.[2]

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Тој играл две години во младинската школа на Атлетико Мадрид и една година во младинската школа на Хетафе пред да потпише за Реал Мадрид во 2008 година. Во месец јули 2010 година, по одличната сезона со Реал Мадрид Ц, зачинета со освојување на два младински наслови за кој придонел постигнувајќи 34 гола[3], е промовиран во Реал Мадрид Кастиља, т.е. во Б тимот на Реал Мадрид, и во истиот месец тој присуствувал на летните подготовки во САД со првиот тим, преводен од Жозе Мурињо.[4]

Реал Мадрид Кастиља

уреди
 
Мората во 2010 на тренинг со Реал Мадрид Кастиља.

Тој го направил своето деби за Реал Мадрид Б на 15 август 2010 година, во пријателски натпревар против Алкоркон постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот.[5] Тој го направи своето деби во лигата на 29 август следната, во победата со 3-2 против Корухо,[6] a неговиот прв официјален гол во кариерата пристигнува на 31 октомври 2011 во ремито 1-1 со Алкала. На 9 јануари 2012 година, ги постигнал неговите први два гола на еден натпревар за Кастиља во вториот натпревар против Корухо, за победа од 4-1.[7]

На 13 февруари 2012 Мората го одбележал својот прв хет-трик во неговата кариера, во високата победа со 7-1 против Депортиво Ла Коруња Б.[8] Еден месец подоцна, на 13 март 2012, Мората го постигнал првиот погодок за Кастиља во Дерби мадрилењо против Атлетико Мадрид Б, натпревар што завршил со победа на неговиот тим со 4-3.[9] Својата прва сезона во Сегунда Дивизион Б ја затворил со 28 натпревари во кои постигнал 15 гола, но РМ Кастиља не успева да избори промоција во Сегунда Дивизион.

Првиот натпревар на Мората, во неговата втора сезона, дошол на 21 август 2011 во победата со 1-0 против Спортинг Хихон Б.[10] На 18 септември тој го постигнал првиот гол во новата сезона, во победата над Хетафе Б со 4-0, стрелајќи за третиот гол во 86-тата минута.[11] На 11 ноември 2012 година Мората и носи важна победа на Кастиља, постигнувајќи ги двата гола во победата над Селта Виго Б, во победата на гости со 2-0.[12] Својата втора сезона во Реал Мадрид Кастиља ја завршил со 37 настапи и 17 постигнати гола, а благодарение на неговите голови клубот ја освоил Сегунда Дивизион Б, а со тоа изборил промоција во Сегунда Дивизион.

Првиот натпревар во неговата последна сезоната со РМ Кастиља, Мората го имал на 1 септември 2012 година во поразот од Алмерија со 1-0.[13] Една недела подоцна, го постигнал својот прв гол во Сегунда во победата со 3-2 против Ксерез, стрелајќи за израмнувачкиот погодок за 1-1 во 31-вата минута на асистенција на Хуанфран.[14] На 24 март 2013 година бил за првпат во оваа сезона бил двоен стрелец против Кордоба во победата со 4-0, а тој ги постигнал последните два гола.[15] Во оваа сезона не одиграл многу натпревари за Реал Мадрид Кастиља бидејќи Жозе Мурињо често го повикувал во првиот тим, всушност одиграл само 18 натпревари во кој имал 12 гола.

Реал Мадрид

уреди
 
Мората на летните подготовки во Лос Анџелес.

Тој го направил своето деби за првиот тим на 12 декември 2010 година, на возраст од 18 години, заменувајќи го Анхел Ди Марија во 88-мата минута во првенствениот натпревар во кој Реал Мадрид како гостин со 3-1 ја победил Сарагоса. Оваа сезона, исто така, тој го започнал натпреварот од вториот круг на Копа дел Реј, против Леванте, кој Реал лесно го добил со убедливи 8-0.[16] Мората добил само два настапи за првиот тим, сепак, ја освоил својата прва голема титула како професионалец, откако Реал ја совладал Барселона со 1-0 во финалето на Копа дел Реј. Во втората сезона, Мората забележал само еден настап за Реал Мадрид и тоа во последните 10 минути од првенствениот натпревар против Еспањол (5-0 за Реал) одигран на 4 март 2012.[17] По завршувањето на првенството, Мората за првпат во неговата кариера станал шампион на Шпанија, откако Реал ја освоил 32. титула во Примера.

Во својата трета сезона, Мората го постигнал својот прв гол за кралевите, во победата над Леванте со 2-1, а токму неговиот гол во 84-тата минута се покажал како победнички.[18] На 4 декември 2012, го имал своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи од клупата како замена за Карим Бензема во последните 10 минути од натпреварот против Ајакс во групната фаза; Мората забележал асистенција за Хосе Марија Калехон кој во 88-мата минута ги поставил конечните 4-1.[19] На 17 февруари 2013 година, го постигнал својот втор гол за сезоната против Рајо Валјекано, уште во втората минута од натпрварот, но подоцна бил рано заменет уште по 27 минути игра со Раул Албиол, бидејќи Реал Мадрид останал со 10 играчи по исклучувањето на Серхио Рамос.[20] Сезоната ја завршил со 15 настапи и 2 постигнати гола.

По одличните перформанси прикажани на Европското првенство за играчи под 21 година, Алваро и дефинитивно бил промовиран во првиот тим. Четвртата сезона ја започнал со настап во првиот првенствен натпревар, победата со 2-1 против Реал Бетис, влегувајќи од клупата како замена за Карим Бензема во 81-вата минута.[21] Првиот гол во новата сезоната Мората го одбележал на 5 октомври 2013 година кога ја затресол мрежата на Леванте во 90-тата минута, а четири минути подоцна Кристијано Роналдо направил целосен пресврт и му донел победа на Реал со 3-2 како гостин. На 18 март 2014 година, тој го одбележал својот прв гол во Лигата на шампионите, во победата над Шалке 04 со 3-1.[22] Следниот месец, Мората го освоил својот втор наслов во Копа дел Реј по победата над Барселона со 2-1.[23] На 17 мај 2014 година, во последниот натпревар од сезоната против Еспањол, за првпат во дресот на Реал Мадрид Мората бил двоен стрелец, овозможувајќи му на својот тим да дојде до победа од 3-1.[24] Само седум дена подоцна ја освоил својата прва титула во Лигата на шампионите, десетта за Реал Мадрид, по победата со 4-1, во продолженија, над градскиот соперник Атлетико Мадрид.[25] Мората го започнал финалето на клупата за резерви, но се појавил во игра во 79-тата минута, заменувајќи го Бензема.

Јувентус

уреди
 
Мората со Јувентус во 2014

На 19 јули 2014 година Јувентус го откупил договорот на Мората за сума од 20.000.000 €; договорот предвидува право Реал Мадрид да го врати играчот до сезоната 2016-17 за максимален износ од 30 милиони евра. Тој одлучил да го носи дресот со број 9,[26] кој се испразнил со заминувањето од клубот на Мирко Вучиниќ. Само два дена по неговата презентација во клубот, младиот шпански напаѓач, се судрил со голманот Рубињо на тренинг, при што заработил искривување на коленото од втор степен, повреда која го извадила од акција за околу 50 дена.[27]

Мората го направил своето деби на 13 септември 2014 година во победата, 2-0, против Удинезе. На 27 септември, го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, за да го постави конечниот резултат во победата со 3-0, на гостувањето кај Аталанта.[28] На 9 ноември за првпат постигнал два гола на еден натпревар во дресот на Јувентус, во победата над Парма со 7-0 во Торино.[29]

Враќање во Реал Мадрид

уреди

Челси

уреди

На 19 јули 2017 година, англискиот клуб Челси објавил дека ги договориле сите услови со Реал Мадрид за трансфер на Мората на Стемфорд Бриџ, а исто така клубот ги договорил и личните услови на Мората.[30] На 21 јули, откако шпанскиот напаѓач успешно ги поминал медицинските тестови официјално потпишал петгодишен договор со Челси.[31][32]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Мората во 2010 со шпанската репрезентација под 19 години.

Мората бил повикан во шпанската репрезентација под 17 години за Светско првенство 2009 година во Нигерија, каде што тој одиграл четири натпревари и постигнал два гола за третопласираниот тим на турнирот.[33]

Потоа, тој ја претставувал репрезентацијата под 19 години на Јапонскиот меѓународна турнир,[34] каде што му помогнал на својот репрезентација да заврши на второто место зад домаќините.[35]

Мората бил избран од шпанската репрезентација за тимот кои се појавил на Европското првенство за играчи под 19 години во Романија, помагајќи и на Шпанија да го освои турнирот со шест постигнати гола, кој го прават најдобар стрелец на ова натпреварување.[36]

Тој го направил своето деби за Шпанија под 21 година на Европското првенство 2013 во Израел. Неговите голови во првите два натпревари од групната фаза биле од суштинско значење за неговата репрезентација, бидејќи донеле минимални победи против Русија (1-0) и Германија (1-0), а биле постигнати доцна во натпреварите во 82-рата и 86-тата минута;[37][38] тој ја затворил групната фаза со гол и во неговиот трет настап против Холандија (3–0).[39] Мората постигнал гол и во полуфиналето против Норвешка во 93-тата минута само за да го постави конечниот резултат 3-0 за Шпанија. Единствен натпревар на овој турнир во кој не постигнал гол беше финалето, но и без тоа Шпанија го освои првенството со победа над Италија (4-2),[40] а Мората беше најдобар стрелец на турнирот со 4 гола. Во својот следен натпревар одигран на 5 септември 2013 против Австрија во квалификациите за Европското првенство 2015, Мората постигнал 4 гола во победата со 6-2 во Грац.[41]

На 7 ноември 2014 година, Мората бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација Висенте дел Боске за натпреварите против Белорусија и Германија.[42] Тој го направил своето деби на 15 ноември, влегувајќи на местото на Иско во последните десет минути од победата во Уелва над Белорусија со 3-0 во квалификациите за Евро 2016.[43]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-11-2014 Уелва Шпанија   3 – 0   Белорусија Квал. за Евро 2016 -   80'
18-11-2014 Виго Шпанија   0 – 1   Германија Пријателска -
27-3-2015 Севиља Шпанија   1 – 0   Украина Квал. за Евро 2016 1   65'
31-3-2015 Амстердам Холандија   2 – 0   Шпанија Пријателска -   62'
14-6-2015 Борисов Белорусија   0 – 1   Шпанија Квал. за Евро 2016 -   54'
9-10-2015 Логроњо Шпанија   4 – 0   Луксембург Квал. за Евро 2016 -   33'
24-3-2016 Удине Италија   1 – 1   Шпанија Пријателска -   85'
27-3-2016 Клуж-Напока Романија   0 – 0   Шпанија Пријателска -   79'
1-6-2016 Салцбург Шпанија   6 – 1   Јужна Кореја Пријателска 2
Вкупно Настапи 9 Голови 3

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 14 јули 2014.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2010-2011   Реал Мадрид Кастиља 2ªБ 28 15 - - - - - - - - - 28 15
2011-2012 2ªБ 37 17 - - - - - - - - - 37 17
2012-2013 18 12 - - - - - - - - - 18 12
Вкупно Реал Мадрид Кастиља 83 44 - - - - - - 83 44
2010-2011   Реал Мадрид 1 0 КдР 1 0 ЛШ 0 0 - - - 2 0
2011-2012 1 0 КдР 0 0 ЛШ 0 0 СШ 0 0 1 0
2012-2013 12 2 КдР 2 0 ЛШ 1 0 СШ 0 0 15 2
2013-2014 23 8 КдР 6 0 ЛШ 5 1 - - - 34 9
Вкупно Реал Мадрид 37 10 9 0 6 1 - - 52 11
2014-2015   Јувентус А 17 5 КИ 2 2 ЛШ 5 0 СИ 1 0 25 7
2015-2016 А 34 7 КИ 5 3 ЛШ 8 2 СИ 0 0 47 12
Вкупно Јувентус 63 15 9 5 20 7 1 0 93 27
Вкупно во кариерата 183 70 18 5 26 8 1 0 228 83

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Реал Мадрид

уреди

  Реал Мадрид Кастиља

уреди

  Јувентус

уреди

Репрезентација

уреди

Шпанија 19

уреди

Шпанија 21

уреди

Наводи

уреди
  1. italianfootballdaily, уред. (2 јули 2014). „Alvaro Morata: The Agent Is In Milan“ (англиски). Посетено на 14 јули 2014.[мртва врска]
  2. http://elpais.com, уред. (2013-12-10). „Morata, el recogepelotas atlético que admiraba a Raúl“. Посетено на 2017-12-12.
  3. marca.com, уред. (2010-06-26). „Una generación para la historia“. Посетено на 2017-12-12.
  4. realmadrid.com, уред. (2010-07-30). „At the gates of the first team“. Посетено на 2017-12-12.
  5. marca.com, уред. (2010-08-15). „El Alcorcón cae ante un buen Real Madrid Castilla“. Посетено на 2017-12-12.
  6. realmadrid.com, уред. (2010-08-29). „3-2: Primeros tres puntos para el Castilla“. Посетено на 2017-12-12.
  7. Coruxo 1 - Real Madrid Castilla 4 soccerway.com
  8. marca.com, уред. (2011-02-13). „Morata hace un 'hat trick' en el 7-1 del Castilla“. Посетено на 2017-12-12.
  9. Real Madrid Castilla 4 - Atletico Madrid II 3 soccerway.com
  10. Real Madrid Castilla 1 - Sportin Gijon II 0 soccerway.com
  11. Real Madrid Castilla 4 - Getafe II 0 soccerway.com
  12. Celta de Vigo 0 - Real Madrid Castilla 2 soccerway.com
  13. Almeria 1 - Real Madrid Castilla 0 transfermarkt.it
  14. Real Madrid Castilla 3 - Xerez 2 transfermarkt.it
  15. Real Madrid Castilla 4 - Cordoba 0 transfermarkt.it
  16. Real Madrid 8 - Levante 0 transfermarkt.it
  17. Real Madrid 5 - Espanyol 0 transfermarkt.it
  18. Levante 1 - Real Madrid 2 transfermarkt.it
  19. Real Madrid 4 - Ajax 1
  20. Real Madrid 2 - Rayo Vallecano 0 transfermarkt.it
  21. Real Madrid 2 - 1 Real Betis soccerway.com
  22. Morata esalta il Real e manda un segnale all'Inter tuttomercatoweb.com
  23. Coppa del Re, una cavalcata di Bale decide il Clasico: Real campione tuttomercatoweb.com
  24. Real Madrid vs. Espanyol soccerway.com
  25. Il Real Madrid vince la Champions League ansa.it
  26. Accordo con il Real Madrid per l'acquisizione definitiva del calciatore Alvaro Morata Архивирано на 2 ноември 2014 г. juventus.com
  27. ansa.it, уред. (22 јули 2014). „Juve: Morata, stop di quasi 2 mesi“. Посетено на 2 ноември 2014.
  28. ansa.it, уред. (27 септември 2014). „Juve va con Tevez-Morata, 3-0 a Bergamo“. Посетено на 2 ноември 2014.
  29. Juventus 7 - 0 Parma - legaseriea.it Архивирано на 13 ноември 2014 г. legaseriea.it
  30. „Morata transfer agreed“. Chelsea F.C. 19 July 2017. Посетено на 19 July 2017.
  31. „Alvaro Morata: Chelsea complete £60m deal for Real Madrid striker“. BBC. 21 July 2017. Посетено на 21 July 2017.
  32. „Morata is a Blue“. chelseafc.com. 21 July 2017. Посетено на 21 July 2017.
  33. Convocatoria Torneo Internacional de Japón Sub-19 (Japan U19 International Tournament callup) Архивирано на 16 јули 2011 г.; Royal Spanish Football Federation, 7 August 2010 (шпански)
  34. La Sub-19 gana y se adjudica el segundo puesto (U19 win and finish second) Архивирано на 16 јули 2011 г.; Royal Spanish Football Federation, 24 August 2010 (шпански)
  35. Spain's Morata takes U19 scoring plaudits UEFA.com, 1 August 2011
  36. Morata late show gives Spain winning start; UEFA.com, 6 June 2013
  37. Morata sends Spain through as Germany crash out; UEFA.com, 9 June 2013
  38. Spain beat Netherlands to top Group B; UEFA.com, 12 June 2013
  39. Morata wins Golden Boot in Spanish clean sweep; UEFA.com, 18 June 2013
  40. Österreich U21 - Spain U21 2-6 5 септември 2013
  41. „Chelsea's Diego Costa left out of Spain squad to play Belarus and Germany“. The Guardian. 7 November 2014. Посетено на 7 November 2014.
  42. Hunter, Graham (15 November 2014). „Much-changed Spain dominate Belarus“. UEFA.com. Посетено на 15 November 2014.

Надворешни врски

уреди