Иго Капе
Крал на Франките
Замислена слика на Иго Капет. Не постојат слики на кои е насликан.
На престол3 јули 98724 октомври 996
Крунисување3 јули 987, Нуајон, Франција
ПретходникЛуј V
НаследникРобер II
Почивалиште
ДецаХедвиг, грофица од Монс
Жизел, грофица од Понтиу
Робер II
ДинастијаКапети
ТаткоИго Велики
МајкаХедвиг од Саксонија

Иго Капет (француски: Hugues Capet)[1], познат и како Хуго Капет, (роден околу 939 - починал на 24 октомври 996 во Париз) — прв крал на Франција од истоимената Капетинска династија, наследувајќи го на престолот кралот Луј V, кој бил од династијата Каролинзи.

Животопис

уреди

Потекло, рани години и освојување на власта

уреди

Годината на раѓање на Иго Капет е непозната, но се претпоставува дека тоа е 938 или нешто подоцна (околу 940). Тој бил внук на францускиот крал Робер I и син на францускиот благородник Иго Велики, кој бил старател на кралот Лотар II. По смртта на Иго Велики, Иго Капет кој бил негов најстар син, го наследил неговиот имот, со што станал најголем благородник во Франција.

Кога кралот Лотар II се обидел да завладее повторно со Лорен, германскиот крал Отон II, стигнал до Париз. Но, Иго и останатите француски благородници го поддржале кралот, па Отон морал да се повлече.

Во периодот од 978 до 986 година, Иго Капет склучил сојузништво со Отон II, а по неговата смрт и со неговиот наследник Отон III. Отон II бил цар и на Светото Римско Царство и имал контрола над папата, а со тоа и во поставувањето на бискупи и надбискупи во Франција.

Со помош на бискупот на Ремс Адалберон, Иго започнал да доминира во Франција, на што не можел да се спротивстави ниту кралот Лотар II. По смртта на Лотар (986), крал на Франција станал неговиот син Луј V, кој починал само една година по неговиот татко (987), без да остави машки наследник.

Крунисувањето и владеењето

уреди

Нов крал требало да стане Карло, кој бил брат на кралот Лотар II, но тоа не го дозволил Иго, и со помош од ремскиот надбискуп се крунисал за крал на Франција, со што за вршило владеењето на Каролиншката династија во земјата. Крунисувањето на Иго Капет било на 3 јули 987, со што власта ја презела династијата Капет.

Владеењето на Иго Капет се одликувало со голема несигурност и промени. Тој можел слободно да се движи само по својот имот, но не и во цела Франција. Неколкупати бил заробуван и откупуван по многу висока цена.

Неговите закони важеле само на неговиот имот, бидејќи на останатата територија на франција важеле сосема други закони, при што не можел да влијае на нивна промена. Во тоа време, во Франција имало 150 различни парични единици, а се зборувало на повеќе јазици. Како основна задача на францускиот крал во тоа време се наметнало обединувањето на Франција. Борбата на кралот со благородниците, кои поседувале големи имоти била постојана. Иго Капет водел големи борби со вазалите, кои владееле на територијата меѓу реките Сена и Лоара.

Иго се чувствувал несигурен на престолот и стравувал од можна превласт сè додека не го ликвидирал Карло (братот на Лотар). Поради можна опасност биле прогонувани и наследниците на Карло.

Иго Капет починал на 24 октомври 996 и бил погребан во базиликата Сен-Дени. На престолот го наследил неговиот син Робер II.

Брак и наследство

уреди

Иго Капет се оженил со Аделаида Аквитанска, ќерка на Гијом III Аквитански. Нивните деца биле:

  • Робер II, кој станал крал по смртта на неговиот татко;
  • Хедвиг или Хартуи, која се омажила со Режинар IV;
  • Жизела или Жизел.

Бројот на останатите ќерки не е потврден.[2]

Наводи

уреди
  1. Капет е епитет со неразјаснето значење, кој го одвојува него од неговиот татко, Иго Велики. Народната етимологија го поврзува значењето на зборот со наметка, а други извори па посочуваат на шеф, шегобиец и голема глава. Епитет на неговиот татко се смета дека бил латински: Hugo Magnus, со значење Иго постариот, па поимот „Капет“ според извори од 12. век бил „помладиот“. James, стр. 183.
  2. Thus Gauvard, стр. 531

Корисна литература

уреди
Претходник
Луј V
Крал на Франција
987-996
Наследник
Робер II