Обединети нации

светска меѓувладина организација

Организација на обединетите нации (ООН) или само Обединети нации (ОН)меѓународна организација основана на 20 јуни 1945 во Сан Франциско. Сепак како ден на нејзиното основање се слави 24 октомври. Обединетите нации произлегуваат од претходната организација Друштво на народите основана во 1919 г. Седиштето на ООН се наоѓа во Њујорк, САД. Во неа моментално членуваат 193 држави.

Знаме Грб
Карта на земјите членки на ООН и нивните зависности признаени од ООН.
Карта на земјите членки на ООН
и нивните зависности признаени од ООН.
Карта на земјите членки на ООН
и нивните зависности признаени од ООН.
СедиштеМеѓународна територија во Менхетн, Њујорк
Службени јазици англиски, арапски, кинески, руски, француски и шпански
Членство 193 земји членки
Лидери
 •  Генерален секретар Антонио Гутерес
Основана
 •  Повелба на Обединетите Нации 26 јуни 1945 
Страница
un.org

Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички ентитети, имено Република Кина (Тајван), Демократската Република на Арапска Сахара, (Западна Сахара) и Држава Палестина, имаат де факто независност и/или одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави, но не се членки на ООН.

Членството на Обединети нации е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските на Повелбата на Обединетите нации и според оценката на организацијата, се способни и имаат желба да ги исполнат тие обврски. Генералното Собрание го одредува приемот по препорака на Советот за Безбедност.

Името „Обединети нации“ го дал Френклин Рузвелт за време на Втората светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во Декларацијата на Обединетите нации од 1942 година која ги обврзала сојузниците кон принципите на Атлантскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори со Силите на Оската. Името било пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на Атлантскиот пакт и други договори.

Цели на ООН

уреди

Обединетите нации ги имаат истите основни цели и структура како кога биле формирани во 1945. Нивната примарна цел, и најголема бенефиција на нејзините членки, е да го одржуваат светскиот мир. Таа, наизменично го помага и поттикнува бизнисот и меѓународната трговија. Покрај тоа што тоа им е примарна задача, ООН им служи на нејзините членки на многу други начини. ООН предвидува форум за земјите за да ги унапреди нивните ставови и разреши конфликтите без насилство. Тие овозможуваат земјите да соработуваат за да ги решат светските проблеми, како сиромаштијата, болестите и деградирањето на околината. Тие служат како симбол за меѓународниот поредок и глобалниот идентитет. Тие го унапредуваат и координираат економскиот и општествениот напредок на земјите во развој, со идеја дека таквите проблеми создаваат извори на конфликт кој може да доведе до војна. ООН ја помагаат и координираат работата на стотина агенции и програми, кои се во самата организација или надвор од неа. Таа исто така собира и објавува меѓународни податоци.

Основање на ООН

уреди

Обединетите нации се резултат на долги историски обиди да се унапреди меѓународната соработка. Во доцниот 18 век, германскиот филозоф Имануел Кант предложил федерација или „лига” на нациите во светот. Кант верувал дека ваквата федерација би овозможила земјите да се обединат и да ја казнат секоја нација која извршила чин на агресија. Овој вид на унија на нациите за да се заштитат меѓусебно против агресорот понекогаш упатува на колективна безбедност. Кант исто така мислел дека федерацијата би ги заштитила правата на помалите нации кои често стануваат пиони во борбата за моќ меѓу поголемите земји.

Кантовата идеја заживеала по Првата светска војна (1914-1918). Ужаснати од пустошот на војната, земјите биле инспирирани да се соединат заедно и да работат во прилог на мирот. Тие формирале нова организација, Лига на нациите или Друштвото на народите,за да ја остварат оваа цел. Лигата постоела од 1920 до 1946 и имала вкупно 63 земји членки низ неговата историја, вклучувајќи некои од најголемите светски сили: Франција, Обединетото Кралство, Италија, Јапонија, Германија и СССР. Но Лигата имала главно две струи. Прво, неколку од најголемите светски сили не биле членки, најзабележителни САД. Второ, членовите на Лигата се покажале неспособни да и се спротивстават на агресијата од Јапонија, Италија и Германија во 1930-тите. Агресиите неминовно довеле до Втората светска војна (1939-1945). На крајот, Лигата паднала на нејзината најосновна мисија, да спречи нова светска војна.

Наспроти неуспехот, идејата за лигата не умрела. Првата насоченост кон создавање на новата организација дошла во 1941, кога американскиот претседател Френклин Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил ја потпишале Атлантската Повелба, во која тие се обврзале да работат во формирањето на поефективен систем за зачувување на светскиот мир и за унапредување на соработката. Во 1942 претставниците на Антантата-коалиција во Втората светска војна која се борела против Германија и Јапонија - потпишале декларација од Обеденетите Нации прифаќајќи ги принципите на Атлантската Повелба. Декларацијата ја вклучува првата формална употреба на терминот Обединети нации, име измислено од претседателот Рузвелт. Една година подоцна, четири земји од Антантата- САД, Британија, СССР и Кина се согласиле да формираат генерална меѓународна организација. Четирите држави се сретнале во 1944 во Думбартон Оакс, населба во Вашингтон, и испланирале повелба за новата организација. Новата лига ја нарекле Обединети нации. Но тие сѐ уште не можеле да се согласат околу определени детали како членството и гласачките права.

 
ОН во 1945. Во светло-сино се земјите-основачи. Во темносино се протектротатите и територии на земјите-основачи.

Четирите држави се сретнале пак во почетокот на 1945 на самитот во Јалта. Овде, тие ги разрешиле нивните разлики и свикале цонференција на нциите за да ја комплетираат нивната работа. На 25 април 1945, конференцијата на ООН на меѓународна организација одржана во Сан Франциско, со присуство на делегати од 50 држави. Делегатите работеле два месеца за да ја комплетираат Повелбата на ООН која ги вклучува нивните цели, принципи и организациска структура. Повелбата содржела формална спогодба насочена кон сите светски нации за заедничка поставеност на основните правила кои владеат во нивните односи. ООН формално започнала да постои од 24 октомври 1945.

Како и Друштвото на Народите, ООН била создадена за да го унапредува мирот и да спречи друга светска војна. ООН признале дека нема да имаат успех доколку не се поддржани од најмоќните светски сили. Организацијата презела неколку чекори за да ја осигура таа поддршка. За да го охрабри продолжувањето на вклучувањето на САД, главната зграда на ООН е сместена во Њујорк Сити. За да ги увери најмоќните светски сили дека не би им се заканила на нивниот суверенитет, ООН им дала право на вето над најважните акции. Пет земји примиле право на вето: САД, Британија, Франција, СССР и Кина. (Русија го презема правото на вето од СССР по распадот на државата во 1991).

Друга голема цврстина во ООН, како и поранешната Лига на Народите, е што речиси секоја територија во светот е член, или провинција, или колонија како член. Швајцарија е исклучок, главно со статус како набљудувач, значи таа може да учествува во советувањето но не може да гласа. Швајцарија внимателно постанува полноправна членка на ООН. Преку годините националните гласачи на два референдума одбиле Швајцарија да се приклучи кон ООН. Швајцарија очигледно претпочита да остане со статус на неутрален набљудувач. Некои политички ентитети кои не се членови како Ватикан и Палестинската организација за ослободување, исто така имаат постојан набљудувачки статус во ООН.

Надлежности на Обединетите нации

уреди
  • Преземање колективни мерки за зајакнување на меѓународниот мир.
  • Потикнување на меѓународната соработка за решавање на меѓународни проблеми од областа на економијата, социјалата и културата.
  • Охрабрување за почитување на човековите права и слободи, еднакво важни за сите луѓе без разлика на расата, полот и религијата.

Обединетите нации и Република Македонија

уреди

Република Македонија е примена за членка на ООН на 8 април 1993 година.

Денес, во Македонија има 12 организации кои го сочинуваат поширокото семејство на ООН: УНДП, УНИЦЕФ, УНХЦР, СЗО, ФАО, МОТ, ИОМ, Светска Банка, ММФ, УНАИДС и УНМИК. Сите тие се ангажирани на голем број активности, чија цел е полза за сите кои живеат во земјата.

На Светскиот самит, одржан во септември во Њујорк, Македонија беше една од 189-те земји кои уште еднаш ја подвлекоа својата посветеност на Милениумската декларација и се обврзаа да ги остварат осумте Милениумски развојни цели. Тие цели во, областите на сиромаштијата, образованието, здравството, родовите и животната средина, треба да се постигнат до 2015 г. Тоа значи дека Македонија треба да се претвори во подобро место за сите. Место, во кое има помалку сиромашни луѓе, повеќе деца во училиштата, повеќе луѓе кои живеат здрав живот и сите заедно уживајќи во една заштитена животна средина.

Органи на Обединетите нации

уреди

Системот на Обединетите нации има шест основни органи кои го сочинуваат она што се подразбира како системот на Обединети нации:

Главни органи на Обединетите Нации [1]
Генерално собрание на ОН
— Собрание на земјите-членки на ОН —
Секретаријат на ОН
— Административен орган на ОН —
Меѓународен суд на правдата
— Универзален суд за меѓународно право —
  • Може да донесе необврзувачки препораки до земјите-членки или предлози до Советот за безбедност;
  • Одлучува за прием на нови членки, по предлог на Советот за безбедност на ОН;
  • Го усвојува буџетот;
  • Ги избира непостојаните членки на Советот за безбедност; сите членки на Економскиот и социјалниот совет; Генералниот секретар на ОН (после неговото/нејзиното предложување од страна на Советот за безбедност); и петнаесетте судии во Меѓународниот суд на правдата. Секоја земја има еден глас.
  • Административно ги услужува сите други органи на ОН (на пример, во организирање на конференции, пишување на извештаи и подготовка на буџетот);
  • Неговиот челник – Генералниот секретар на ОН – се избира од страна на Генералното собрание, има петгодишен мандат и претставува главен претставник на ОН.
  • Решава спорови меѓу државите кои ја признаваат неговата јурисдикција;
  • Дава правни мислења;
  • Донесува пресуди со релативно мнозинство. Неговите петнаесет судии се избираат од страна на Генералното собрание и имаат мандат од девет години.
Совет за безбедност на ОН
— За меѓународните безбедносни прашања —
Економски и социјален совет на ОН
— За глобалните економски и социјални прашања —
Старателски совет на ОН
— За администрирање на териториите под старателство (моментално неактивен) —
  • Одговорен за соработка меѓу државите во однос на економските и социјалните прашања;
  • Ја координира соработката помеѓу бројните специјализирани агенции на ОН;
  • Има 54 членки, кои се избираат од страна на Генералното собрание со мандат од три години.
  • Првично бил замислен да управува со колонијалните области кои претходно биле под мандатна управа на Лигата на народите;
  • Е неактивен од 1994, кога Палау, последната територија под старателство, се здоби со независност.

Наводи

уреди
  1. „UN Charter: Chapter III“. United Nations. Посетено на 24 March 2008.

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди
  • Игор Јанев, International organizations and Integrations, pub. Institute of Political Studies, Belgrade, 2008, ISBN 978-86-7419-151-4
  • Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0