Кресна,
Бугарија Бугарија

Кресна

Област

Благоевградска

Општина

Кресна

Население

3.470
(според 2011)

Регистарска ознака

E (BG)
Градоначалник Николај Георгиев
Надморска височина 232 м
Портал Нема
Координати: 41° 44′ С, 23° 9′ И

Кресна (до 1978 г. Станица Пирин, бугарски: Гара Пирин) — град во Благоевградската Област, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија. Претставува административен центар на Општина Кресна.

Географија

уреди

Градот е сместен во подножјето на Пирин планина од нејзината западна страна, во долината на реката Струма,

Градот Кресна е сместен од двете страни на меѓународниот пат Е-79. Пред градот, на живописниот завој на реката Струма, се наоѓа споменикот на загинатите во Македонското востание од 1878 година. Се наоѓа на надморска височина од 232 метри.

На Пирин се наоѓа одморалиштето Синаница (Син Врв), низ кое минува и популарната пешачка патека до езеро, едно од најубавите на Пирин Планина.

Историја

уреди

Во регионот се пронајдени остатоци од античкиот град Нејне (во близина на селото Долна Градешница) и од средновековниот манастир „Свети Кузман и Дамјан“ (кај селото Влахи).

 
Црквата „Свети Јован Рилски“

Населбата се среќава по 1926 година како Станица Пирин. Таа е призната како станица без административен акт во 1934 година. А во 1956 година, населението на Ново Село е преброено заедно со населението на Станица Пирин. Во 1959 година кон Станица Пирин е споено и селото Крива Ливада.

На 29.09.1978 година, населбата е прогласена за град и преименувана во Кресна, а дотогашното село Кресна - во Стара Кресна.

Демографија

уреди

Според пописот од 2011 година, во Кресна живееле 3.470 жители.[1]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

националност број %
Бугари 3.313 95,4
Роми 15 0,43
Турци / 0
други / 0
не се самоопределиле 13 0,37
не одговориле 115 3,31
Вкупно 3.470 100

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2]

На табелата е прикажан бројот на населението во Кресна за периодот 1934-2011:[3]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 738 1679 2667 3275 3641 4059 4116 3849 3470

Според проценките на Националниот статистички институт, во 2015 година Кресна имала 3.628 жители.

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Справка за населението на гр. Кресна, общ. Кресна, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2018-02-04.