Крагуевац
Крагуевац (српски: Крагујевац) е град во центарот на Србија, во областа Шумадија, на реката Лепеница. Во 2011 имал 150.835 жители. Познат е по тоа што таму е седиштето на фабриката за автомобили Застава.
Kragujevac Крагујевац | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Град | |||||||||
Знаменитости на Крагуевац | |||||||||
Локација во Србија | |||||||||
Координати: 43°59′N 20°53′E / 43.983° СГШ; 20.883° ИГД | |||||||||
Држава | Србија | ||||||||
Округ | Шумадиски | ||||||||
Општини | 5 | ||||||||
Основан | 1476 | ||||||||
Управа | |||||||||
• Градоначалник | Радомир Николиќ | ||||||||
Површина | |||||||||
• Град | 835 км2 (322 ми2) | ||||||||
Население (2011) | |||||||||
• Град | 150,835 | ||||||||
• Градскo | 179,417 | ||||||||
• Градска | 559,10/км2 (215,87/ми2) | ||||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||||||||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||||||
Поштенски број | 34000 | ||||||||
Повик. бр. | (+381) 34 | ||||||||
Таблици | KG | ||||||||
Мреж. место | www.kragujevac.rs |
Крагуевац е административно и политички организиран како град со пет градски општини:
- Општина Аеродром
- Општина Пивара
- Општина Станово
- Општина Стари град(Крагујевац)
- Општина Страгари
Географија и клима
уредиГрадот Крагуевац се наоѓа во централниот дел на Србија, на стотина километри јужно од Белград. Крагуевац е подигнат на бреговите на реката Лепеница, во котлината меѓу крајните падини на Рудник, Црн врв и Гледиѓки планини. Градот се наоѓа на надморска височина од 173 - 220 м, со географска местоположба +44° 22' ; +20° 56', каде што владее умерено-континентална клима.
- Надморска височина 180 - 220m
- Најладен месец - јануари -5 °C
- Најтопол месец - јули +27 °C
- Просечна годишна температура +11.5 °C
- Највлажен месец - декември - влажност 79%
- Најсув месец - септември - влажност 39%
- Просечни годишни врнежи 550 l/m²
- Денови со температура од преку 25 °C - 92
- Денови со мошне ниска температура (под нулата) - 96
- Број на денови под снег - 34 (најмногу во јануари)
- Најмногу врнежи - јуни - просек 83 l/m²
- Најмалку врнежи - февруари - просек 32 l/m²
- Просечен број на сончеви часови - 5.5 h/дан
- Најмал број на сончеви часови - декември 2.1 h/ден
- Најголем број на сончеви часови - јуни 8.8 h/ден
Историја
уредиСе претпоставува дека Крагуевац како населено место постоел и пред државата на Немањиќ. Крагуевац првпат бил спомнат во турскиот пописен дефтер од 1476 година како "Крагујофча", бивш плоштад со 32 куќи. Името го добил по птицата крагуј (вид на јастреб) која во средниот век се користела за лов, а денес зазема почесно место на градскиот грб.
По многу нешта овој град можеме да го наречеме „прв во Србија“ – бил првата престолнина на модерната српска држава ( 1818-1841), во него биле основани: 1833/1835 првата гимназија во Србија како и Лицејот, 1838, претходникот на Универзитетот во Белград, првиот суд (1820 година), првиот театар (“Књажеско – србски театар” 1835 година), првиот весник (“Новине србске”), музичката формација (“Књажеско – србска банда”), првата аптека, галерија на слики, музеј, библиотека… По долговековно турско (т.е. под Австроунгарија 1718-1739) владеење, градот во 1815 година е ослободен од Турците, а 3 години подоцна прогласен е за престолнина на новосоздадената држава. Тогаш почнува неговиот поврз развој, основање на институциите од национална важност и помасовно доселување на население, а во 1853 година, со леењето на првиот топ во крагуевската Топилница започнува индустриското производство во Србија. Оттогаш Крагуевац е познат како индустиски центар, пред сѐ значаен поради производството на оружје, а од средината на XX век и по производството на автомобили.
Надворешни врски
уреди- Знаме и грб на Крагуевац
- Крагујевац, у свему први... Архивирано на 11 јануари 2008 г. (српски)
- Крагуевац на Интернет Архивирано на 8 февруари 2010 г.
- Крагуевац Tрaвeл Архивирано на 26 јули 2009 г.
- Официјално мрежно место на Општина Крагуевац Архивирано на 24 февруари 2009 г.
- Унiверзитет во Крaгуевац Архивирано на 18 септември 2008 г.
- Солитерот на Застава Архивирано на 1 октомври 2017 г.
- Студентски центар во Крагуевац Архивирано на 19 септември 2008 г.
„Крагуевац“ на Ризницата ? |