Демостен
Демостен (стр.грчки: Δημοσθένης; 384 г.пр.не-332 г. пр.не) e најславниот говорник и државник во Стара Атина.
Демостен | |
---|---|
Роден(а) | 384 BC Атина |
Починал(а) | 322 BC Островот Калаурија (денес Порос) |
Животопис
уредиДемостен учествувал во Битката кај Херонеја, во 338 година п.н.е. Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека Демостен бил слаб војник и дека, по советот на Архилох, побегнал од битката штом го здогледал непријателот.[1] Исто така, големиот говорник Есхин го обвинил Демостен дека не го заслужил златниот венец што го добил по Битката кај Херонеја, зашто побегнал од битката.[2]
Говори
уредиДемостен бил лотограф, писател на говори. Притоа, неговиот стил се одликувал со голема сила, едноставност и концизност.[3]
Еден од неговите најпрочуени говори е Третиот говор (Филипики) против Филип Втори Македонски во кој ја искажува големата омраза кон власта на Филип Втори Македонски и продорот на македонската војска во хеленските колонии во рамките на Македонското Кралство.[4] Во „филипиките“, Демостен зборува дека Филип утврдувал градови во областа Линкестида. Тој вели дека „Филип не е ниту Хелен, ниту има нешто со Хелените, не е ниту варварин, туку е од чумата македонска, од која човек ни роб не би купил“.[5]
На статуа, подигната во Атина во негова чест, е испишан натиписот: „Да беше твојата сила Демостене еднаква на твојата мудра цел, никогаш Грците не ќе беа управувани од македонскиот јарец.“ Статуата била изработена од бронза од страна на Полиектус, а била подигната во 280-279 г.п.е., по предлог на Демокарес, внук на Демостен.[6]
Наводи
уреди- ↑ Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 30.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 345.
- ↑ Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 117.
- ↑ H. Weil, Biography of Demosthenes, 5–6.
- ↑ Драги Арсов „Митологијата и постанокот на древниот македонски народ. Едно толкување аналогно на Шелинговата филозофија на митологијата“, Менора, 2010
- ↑ „Статуа на Демостен - натпис“, Македонски документи
„Демостен“ на Ризницата ? |
Викиизвор има оригинални дела од или за: Демостен |
Надворешни врски
уредиБиографии
- Ancient Library
- Art of Speech Архивирано на 11 март 2007 г.
- Britannica, 11th Edition Архивирано на 29 ноември 2014 г.
- Britannica online
- Center for Hellenic Studies Архивирано на 7 јуни 2007 г.
- Columbia Encyclopedia, Sixth Edition (2001–05) Архивирано на 3 јуни 2007 г.
- Lendering, Jona Архивирано на 5 август 2011 г.
- Perseus Encyclopedia Архивирано на 30 јули 2007 г.
- Pickard A.W. Архивирано на 1 декември 2008 г.
Неговото време
- Beck, Sanderson: Philip, Demosthenes, and Alexander
- Blackwell, Christopher W.: The Assembly during Demosthenes' era Архивирано на 6 декември 2008 г.
- Britannica online: Macedonian supremacy in Greece
- Smith, William: A Smaller History of Ancient Greece-Philip of Macedon
Разно
- SORGLL: Demosthenes, On the Crown 199-208; read by Stephen Daitz Архивирано на 21 септември 2008 г.
- Libanius, Hypotheses to the Orations of Demosthenes Архивирано на 12 март 2007 г.
- Дела од Demosthenes на проектот „Гутенберг“