Мауро Сантамброџо
Мауро Сантамброџо (италијански: Mauro Santambrogio; р. 7 октомври 1984 во Ерба) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа Вини Фантини-Селе Италија.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Мауро Сантамброџо | ||
Прекар | Санта | ||
Роден | 7 октомври 1984 Италија | ||
Висина | 1,73 м | ||
Маса | 63 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | суспендиран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2004–2005 2006–2009 2010–2012 2013 | ЛПР-Пјаченца Лампре-Фондитал Верандас Вилемс Вини Фантини-Селе Италија | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 27 октомври 2014 |
Кариера
уредиОткако го напуштил БМЦ на крајот на сезоната 2012, Сантамброџо ѝ се приклучил на екипата Вини Фантини-Селе Италија. Имал изненадувачки почетоко на сезоната, завршувајќи шести на Тур де Сан Луис, седми на Тирено-Адријатико и победил на ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано во услови на пороен дожд. Се одвоил од групата со Патрик Зинкевиц, но Зинкевиц паднал на 2 километри пред целта, по што Сантамброџо продолжил сам до целта и до победа на трката.[1] Потоа, Сантамброџо завршил втор во генералниот пласман на Џиро дел Трентино. На Џиро д’Италија, Сантамброџо ја освоил етапата 14 откако нападнал со предводникот на трката Винченцо Нибали, искачувајќи се на четвртото место во генералниот пласман и само една секунда од место на подиумот зад Ригоберто Уран. Меѓутоа, формата на Сантамброџо ослабела и на крајот завршил деветти во генералниот пласман. Изненадувачките резултати на Сантамброџо предизвикале озборувања помеѓу групата за допинг во почетокот на трката.
На 3 јуни 2013 било објавено дека Сантамброџо бил позитивен на тестот за еритропоетин (ЕПО) по првата етапа на Џиро д’Италија. Ова се случило неколку недели откако неговиот колега Данило ди Лука бил исфрлен од Џиро поради позитивен тест на истото средство.[2][3] Сантамброџо бил исто така исфрлен од екипата.[4]
Достигнувања
уреди- 2004
- 2. Тур ду Лак Леман
- 5. Штаузе-Рундфарт
- 8. ГП дела Коста Етруски
- 2005
- 1. Џиро дел Лаго Маџоре
- 3. Друмска трка на Средоземните игри
- 3. Џиро дел Мендрисиото
- 5. Меморијал Кимури
- 7. Копа Сабатини
- 7. Копа Плаки
- 2009
- 1. Краен пласман Тре Вали Варезине
- 2. Копа Агостини
- 8. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2010
- 2. Копа Агостини
- 5. ГП Уест Франција-Плуе
- 8. Џиро ди Ломбардија
- 2011
- 2. Џиро дела Тоскана
- 2012
- 4. Џиро ди Ломбардија
- 6. Класика де Сан Себастијан
- 2013
- 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 2. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 3. Трофео Лаигвелја
- 5. Гран Премио Чита ди Камаиоре
- 6. Краен пласман Тур де Сан Луис
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
Распоред на резултати на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | СО | — | СО | СО | 86 | ДСК | — |
Тур | — | 132 | СО | — | — | — | — |
Вуелта | 121 | — | — | 88 | 58 | — | — |
СО = се откажал; ДСК = дисквалификуван
Наводи
уреди- ↑ „Сантамброџо победи на ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано“. Cyclingnews. Future plc. 27 април 2013. Посетено на 28 април 2013.
- ↑ „Сантамброџо е втор на Вини Фантини на Џиро позитивен на ЕПО“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 3 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-19. Посетено на 3 јуни 2013.
- ↑ „Италијанскиот возач Мауро Сантамброџо позитивен на тестот за ЕПО“. BBC Sport. BBC. 3 јуни 2013. Посетено на 3 јуни 2013.
- ↑ „Peloton's reactions to dopers a rebellion, Acquarone says“. Cyclingnews.com. Future plc. 3 јуни 2013. Посетено на 3 јуни 2013.
Надворешни врски
уреди- „Достигнувања на 9993“. Cycling Archives.
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 11 март 2012 г.