Атила Клинче
Атила Клинче (турски: Atilla Klinçe; р. 30 октомври 1958 во Гостивар) — македонски функционер, глумец, професор на Факултетот за драмски уметности и поранешен директор на Турскиот театар во Скопје.
Атила Клинче | ||
Роден | 30 октомври 1958 Гостивар | |
---|---|---|
Националност | Македонски Турчин | |
Познат | долгогодишен директор на НУ Турски Скопје
Улоги: | |
Занимање | глумец, функционер, директор | |
Сопружник | Ѓулсер |
Животопис
уредиКлинче е роден во Гостивар на 30 октомври 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1982 година, каде што е примен за доцент по техника на говорот. Специјализирал на државниот универзитет „Хаџет Тепе“ во Анкара, а во март 2011 магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што станал магистер по културологија. Како професор работи на Факултетот за драмски уметности, каде што предава сценски говор.
Работел како глумец во НУ Турски Театар во Скопје и бил директор на истиот од 2003 до 2006 година, кога бил разрешен од функцијата[1], но повторно бил назначен за директор на Тетарот во октомври 2008 година.[2] 2017 поднесува оставка од функцијата директор на НУ Турски Тетар Скопје. На 06.11.2024 е избран за советник на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков. [3]
Филмографија
уредиИма одиграно повеќе од 70 улоги во многу претстави, од кои во повеќето заземал главни улоги.
Филмови
- 1982: "Потера" ТВ драма
- 1991: "Тетовирање" во режија на Столе Попов;
- 1993: "Бог да ги убие шпионите" во режија на Ацо Алексов;
- 1994: "Пред дождот" во режија на Милчо Манчевски;
- 1995: „Феликс“ во режија на Б. Шпајц, во Р. Словенија,
- 2001: "Прашина", режија: Милчо Манчевски;
- 2005: "Крчма на патот кон Европа" режија Младен Крстевски;
- 2006: "Пусто турско“ режија Коле Ангеловски.
- 2020: "Горчлива цреша" режија Сердар Акар.
Серии
- Таткото на турското семејство мало, во режија на Е. Френкел, Р. Јазадиски, Џ. Маркс и Р. Абази, 1999-2004;
- "Наше маало" 2002;
- "Заведени" 2002;
- Министер за надворешни работи во мега турската серија „Збогум Румелија“, режија С. Акар-продукција АДАМ ФИЛМ-Р. Турција, 2007-2009;
- Адвокат во турската серија „Балканска свадба“, режија С. Акар-продукција АДАМ ФИЛМ-Р. Турција, 2009; - 4 епизоди;
- Мартин во турската серија „Минатото лето на Балканот“, Р. Турција, 2012.
- Турска серија "Големото прогонство во Кавкасија", р. Турција, 2015-2016.
- Турска серија "Турски приказни", р. Владимир Митревски, 2021.
- "Преспав", р. Игор Иванов-Изи, р. Македонија, 2021.
- Турска серија "Балканска приспивна песна", р. Сердар Акар, р. Турција, 2022-2023.
Награди
уреди- 1982 година наградата - „Млад глумец“ - на Театарскиот Фестивал Војдан Чернодрински
- 2005 година за најдобро глумечко остварување на Театарскиот Фестивалот „Војдан Чернодрински“
- 1982 година ја добив „Млад Борец„ за најдобар глумец
- 2004 година Најдобар странски глумец во Призрен Р. Косово
- 2003 година Глумец на годината прогласен од Турските медиуми.
- 2016 година, награда „11 Октомври“[4]
- 2024 година, награда за најдобар глумец на 9-тиот меѓународен театарски фестивал во "Анадолија" Турција.
Стручна дејност
уреди- Од 2005 година избран од страна на Собранието на Р. македонија за Член на Советот на Ј.П. МРТВ;
- 11.04.2011 повторно избран за Член на Советот на Ј.П. МРТВ;
- Од 20.11.2014 со одлука број 09/02-2014 на Основачкиот совет на Меѓународниот Универзитет Визион член на Советот
- На 06.11.2024 е избран за советник на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков..[1]
Наводи
уреди- ↑ „ВО ТУРСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ Сменет Атила Клинче“. Вест. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 2010-05-10.
- ↑ Клинче нов директор[мртва врска], Вечер, 10 октомври 2008.
- ↑ „Еве кој ќе го советува Љутков - формиран Советот за култура“. Независен Весник. 2024-11-07. Посетено на 2024-11-07.
- ↑ МАНЕВСКИ, ГАНИЈИ, МИСИРКОВА И КЛИНЧЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Атила Клинче на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Атила Клинче - Свој на своето Архивирано на 1 август 2015 г. на ТЕА МОДЕРНА
- Атила Клинче на turkcebilgi.com