<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

30 октомври — 303-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (304-и во престапна година). Остануваат 62 денови до крајот на годината.

Настани:

1890  Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.
1905  За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание
1918  Со капитулацијата на Турција, која во Првата светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманското Царство.
1938  Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој.
1945  Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.
1967  За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос-186“ и „Космос-188“.
1973  Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.
1974  Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски првак.
1975  Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко.
1983  Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.
1993  Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.
1994  Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
1995  Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада.

Родени:

1735  Џон Адамс — вториот претседател на Соединетите Американски Држави.
1751  Ричард Шеридан — ирски драматург.
1871  Пол Валери — француски поет.
1873  Франсиско Мадеро — мексикански политичар.
1885  Езра Паунд — американски поет и критичар.
1906  Џузепе Фарина — поранешен светски првак во „Формула 1“.
1930  Клифорд Браун — американски џез-музичар.
1931  Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика.
1936  Полина Астахова — советска гимнастичарка.
1937  Клод Лелуш — француски филмски режисер.
1939  Грејс Слик — американска рок-музичарка.
1946  Рене Јакобс — белгиски пејач и диригент.
1958  Атила Клинче — македонски глумец.
1960  Диего Марадона — аргентински фудбалер.
1962  Штефан Кунц — германски фудбалер.
1978  Гаел Гарсија Бернал — мексикански глумец.
1981  Рубен Перес — шпански велосипедист.
1982  Един Терзиќ — хрватско-германски фудбалер и тренер.

Починале:

1757  Осман III — отомански султан.
1787  Фердинандо Галијани — италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството.
1910  Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација.
1914  Ернст Штадлер — германски поет.
1950  Борис Верлински — советски шахист.
1953  Имре Калман — унгарски композитор.
1975  Густав Лудвиг Херц — германски физичар.
1977  Густав Крклец — хрватски писател.
1987  Џозеф Кемпбел — американски митолог, писател и говорник.
1992  Џоан Мичел — американска сликарка.
2002  Хуан Антонио Бардем — шпански режисер.
2006  Клифорд Гирц — американски антрополог.
2009  Клод Леви-Строс — француски антрополог, познат како „татко на модерната антропологија“.
2013  Френк Вес — американски џез-музичар