Марија Медичи (француски: Marie de Médicis, 26 април 15754 јули 1642) била кралица на Франција како втора жена на кралот Анри IV кој потекнувал од династијата Бурбони. Таа била член на богатата и моќна династија Медичи. По убиството на нејзиниот сопруг во 1610 година, коешто се случило веднаш по нејзинито крунисување, таа ја презела улогата на владетел на местото на нејзиниот малолетен син, кралот Луј XIII. Била позната по нејзините постојани политички интриги во судот на Франција и по нејзиното обемно уметничко покровителство.

Марија Медичи
Кралица на Франција
На позиција17 декември 1600 – 14 мај 1610
Крунисување13 мај 1610
Роден(а)26 април1575
Фиренца
Починал(а)4 јули 1642(1642-07-04) (возр. 67)
Келн
Почивалиште
Сен Дени, Париз
СопружникАнри
ДецаЛуј XIII
Елизабета Бурбонска
Кристина Марија
Гастон Орлеански
Анриета Марија Бурбонска
ДинастијаДинастија Медичи (по раѓање)
Бурбонска династија (по брак)
ТаткоФранческо I Медичи
МајкаЈоана
ВероисповедРимокатоличка црква
ПотписМарија Медичи's signature

Ран живот

уреди

Родена во Фиренца во палатата Пити на 26 април, Марија била шеста ќерка на големиот војвода од Тоскана, Франческо I и Јоана, надвојвотката од Австрија, ќерка на Фердинанд I, царот на Светото Римско Царство и Ана од Боемија и Унгарија. Само Марија и нејзината сестра Елеанора Медичи преживеале до полнолетство.

Еден портрет на Марија како млада девојка покажува дека била убава девојка со вообичаени одлики и големо чело. Имала долга, брановидна, кафеава коса, кафени очи и светла кожа. Сликарот бил од училиштето на италијанскиот сликар Санти ди Тито.

 
Портрет на Марија како млада девојка

Кралица на Франција

уреди

Во октомври 1600 година, Марија се омажила за Анри IV, веднаш по поништувањето на неговиот брак со Маргарита Валоа. Нивната свадбена церемонија се одржала во Лион, Франција на која присуствувале 4.000 гости проследена со раскошна забава и нови оперски жанрови, како на пример операта Евридика од Џакопо Пери.

Таа понела со себе 600.000 круни како дел од нејзниот мираз. Следната година во Фонтенбло се родил Луј XIII, нејзиниот најстар син и иден крал. Бракот се покажал како неуспешен. Кралицата постојано се расправала со една од омилените љубовници на нејзиниот сопруг, Катерина Анриет де Балзак, на која тој ѝ ветил дека ќе се ожени со неа веднаш по смртта на поранешната „официјална љубовница“ Габриел де Естре. Кога Анри IX не го исполнил своето ветување и наместо со неа се оженил со Марија, сето тоа резултирало со постојани расправии и политички интриги зад грб. Иако кралот можел да ги протера љубовниците и да ја поддржи својата кралица, тој никогаш не го сторил тоа.

Марија, пак, се сожалила и ја поддржала неговата поранешна жена Маргарита Валоа, убедувајќи го Анри да ја врати во царството. На 13 мај 1610 година Марија била крунисана за кралица на Франција, ден пред смртта на нејзиниот маж. Неколку часови по смртта на Анри, парламентот во Париз ја потврдил нејзината титула. Таа веднаш ја протерала љубовницата Катерина Анриет де Балзак од дворецот.

Уметничко покровителство

уреди

Изградбата и опремувањето на дворецот во Луксембург, кој таа го нарекувала „Палата Медичи“, претставувал нејзин најголем уметнички проект за време на нејзиното владеење. Го купила плацот во 1916 година, а изградбата почнала во 1615 година, од страна на архитектот Саломон де Брос. Нејзиниот дворски сликар бил Петар Пол Рубенс. Илија Монталто бил нејзиниот лекар во Италија.

Политика

уреди

Сè додека нејзиниот сопруг бил жив, Марија не покажала некоја значителна политичка умешност, но и по преземањето на власта нејзините способности едвај се подобриле. Крајно тврдоглава и со ограничена интелигенција, за краток период целосно потпаднала под влијание на нејзината слугинка Леонора „Галигаи“ Дори која ковала завера со нејзиниот бескрупулозен сопруг, Кончино Кончини, кој инаку имал италијанско потекло и бил назначен за маршал на Франција иако никогаш не учествувал во некоја битка.

Кончини го отпуштил војводата од Сили, талентиран министер на Анри IV и италијанските претставници од Римокатоличката црква се надевале, преку нивнотото влијание да го забрзат задушувањето на протестантството во Франција. Марија, која имала потекло од Хабсбург, ја напуштила традиционалната анти-хабсбуршка надворешна политика во Франција. Планирајќи го бракот на нејзината ќерка Елизабета со идниот Филип IV од Шпанија, ја изразила својата поддршка кон Хабсбург.

Како резултат на пропустливите и каприциозни наредби на кралицата, принцовите со „сина“ крв и големите аристократи во кралството покажале револт. Кралицата, премногу слаба да го наметне нејзиното влијание, се согласила да ги поткупи на 15 мај 1614 година. Опозицијата била предводена од Анри де Бурбон, ја принудил Марија во 1614 и 1615 година да го свика Генералниот Штаб (англиски: Estates Generals) кој за последен пат ќе се состане во Франција сè до почетните настани на Француската револуција.

Во 1616 година владеењето на Марија било зајакнато благодарение на советите од Арман Жан ди Плеси ( подоцна кардинал Ришелје) кој доста се истакнал за време на состаноците на Генерланиот Штаб. Сепак, синот на кралицата, веќе неколку години во полнолетство, ја презел власта наредната година. Тој ја поништил хабсбуршката и шпанската странска полиса кои ги спровела неговата мајка, наредил Кончини да биде убиен, ја протерал кралицата во замокот во Блоа и го назначил Ришелје за негов бискуп.

После две години поминати во виртуелен притвор, „во дивината“ како што таа го нарекувала, во 1619 година, ноќта помеѓу 21 и 22 февруари побегнала од Блоа. Тоа нејзино бегство предизвикало нов аристократски револт предводен од братот на Луј, Гастон де Орлеан, чија моќ Луј лесно ја уништил.

Ришелје, како посредник успеал да го смири кралот со својата мајка на која ѝ било дозволено да држи мал суд во Анже. Во 1621 година таа го зазела старото место во кралскиот совет.

Во овој период бил нацртан портретот од Рубенс (горе десно). Марија го обновила Луксембуршкиот дворец во Париз, со екстравангантни слики од Рубенс, како дел од луксузното уредување, наречено галерија Марија де Медичи (детали за една слика на лево).

 
Kрунсување на Марија де Медичи,портрет од Петар Пол Рубенс

По смртта на војсководецот од Линес, омилениот придружник на кралот, Луј се подготвил за потрага на Ришелје. 13 ноември 1630 година, е познат како „Денот на измамените“, кога Марија се надевала дека го поразила Ришелје, но тој го покажал спротивното протерувајќи ја најпрво во Компјењ во 1630 година од каде во 1631 година избегала во Брисел, а во 1638 во Амстердам.

Нејзината посета претставувала официјално признавање на новосоздадената холандската Република па затоа истата Холанѓаните ја сметале за дипломатски триумф. Како резулатат на тоа бил приреден свечен кралски прием каков што Републиката избегнувала за нејзините владетели. Во нејзината чест на градското пристаниште се одржала церемонијална парада на вода надополнета со спектакуларни изложби од Мојаерт. Имало колона предводена од трубачи на коњи и на реката Амстел, на вештачки остров била издигната голема привремена грабда специјално за фестивалот. Градбата била со намера да прикаже драматични „живи слики“ во чест на Марија штом стапнала на вештачкиот остров и влегла во павилјонот. Потоа градоначалникот Алберт Бургх ѝ понудил ријстафел („маса со ориз“- детален појадок) и ѝ продал позната бројаница запленета од Бразил.

Посетата го инспирирала Каспар Балеус да ја напише „Гостинот Медичи“ (1638 година). Ја посетила Англија во 1638 година, на пат од Лондон престојувала во Гидеа Хол. Починала во Келн во 1642 година, каде доста престојувала, осмислувајќи нови интриги против Ришелје до самиот крај. Била закопана во базиликата Св. Денис во северен Париз. Оноре де Балзак го концизирал негативното гледиште на генерацијата на идеалистите: „ Марија де Медичи чии дела беа штетни за Франција, го избегна срамот кој можеше да го зацрни нејзиното име. Неразумно го потроши богатството стекнато од Анри IV, никогаш не се заинтересира да го разоткрие случајот за убиството на кралот, нејзин интимен пријател беше војсководецот Жан Луј де Ногарет де ла Валет, кој не успеа да се одбрани од ударот на Равалјак и за кого се докажа дека долго време знаел кој е убиецот. Однесувањето на Марија предизвика да биде протерана од Франција од страна на нејзиниот син Луј XIII со што го охрабри другиот син Гастон да возврати, за на крај Ришелје да ја порази (на „Денот на поразените“), благодарение на истражувањето кое го направи и му принесе на Луј XIII тајни документи поврзани со смртта на Анри IV.“ – Есеј Катерина де Медичи.

Потомци

уреди
 
Анри IV и кралското семејство
Име Роден(а) Починал(а) Забелешки!
Луј XIII; крал на Франција 27 септември 1601 г. 14 мај 1643 г. Се оженил со Ана од Австрија (1601 г.- 1666 г.) во 1615 г. Имале потомок.
Елизабета, кралица на Шпанија 22 ноември 1602 г. 6 октомври 1644 г. Се омажила со Филип IV, крал на Шпанија (1605 г.-1665 г.) во 1615 г. Имале потомок.
Кристина, војвотка од Савоја 12 февруари 1606 г. 27 декември 1663 г. Се омажила со Виктор Амадеус I, војсководец од Савоја (1587 г.–1637 г.) во 1619 г. Имале потомок.
Николас Анри, војсководец од Орлеан 25 април 1607 г. 17 ноември 1611 г. Млад починал.
Гастон, војсководец од Орлеан 25 април 1608 г. 2 февруари 1660 г. Прв брак со Марија де Бурбон (1605 г.–1627 г.) во 1626 г. Имале потомок. Втор брак со Маргарита од Лорен (1615 г.–1672 г.) во 1632 г. Имале потомок.
Хенриета Марија, кралица на Англија 25 ноември 1609 г. 10 септември 1669 г. Се омажила со Чарлс I, крал на Англија (1600 г.–1649 г.) во 1625г. Имале потомок.

Денес, втор во редот за владетел на Обединетото Кралство, принцот Вилијам од Велс, води потекло од Марија де Медичи, преку неговата мајка Дијана (принцеза од Велс), која пак води потекло од четири вонбрачни деца на кралот Чарлс II од Англија и вонбрачна ќерка на кралот Џејмс II од Англија. И Чарлс II и Џејмс II биле внуци на Марија де Медичи од нејзината ќерка Хенриета Марија. Од бракот на нејзината внука, принцезата Хенриета Ана од Англија со нејзиниот внук Филип од Орлеан, Марија де Медичи е прабаба на многу денешни кралеви во Европа. Принцезата Мајкл од Кент, родена како бароница Марија Кристина е исто така потомок на Кристина, ќерка на Марија де Медичи.

Титули

уреди
  • 26 април 1575 г. – 17 декември 1600 г. Нејзиното величество Пжпринцезата Марија
  • 17 декември 1600 г. – 14 мај 1610 г. Нејзиното христијаснко величество кралицата
  • 14 мај 1610 г. – 20 октомври 1614 г. Нејзиното христијанско величество кралицата Регент
  • 20 октомври 1614 г. – 4 јули 1642 г. Нејзиното христијанско величество кралицата Мајка

Предци

уреди

Поврзано

уреди

Литература

уреди

Наводи

уреди

Надорешни врски

уреди