Сики (еднина: сик; пенџапски: ਸਿੱਖ, sikkh) — луѓе поврзани со сикизмот, монотеистичка религија што настанала во XV век во регионот Пенџаб на Индискиот Потконтинент, врз основа на откровенијата на Гуру Нанак.[1] Поимот сик потекнува од зборот сисја (пенџапски: शिष्य, śiṣya), што значи „следбеник“ или „ученик“.[2][3]

Сики во Златниот храм во Амрицар

Машките Сики обично го користат Синг („лав“) како средно име или презиме, иако не сите Синзи се нужно Сики. На сличен начин, жените Сики го користат името Каур („принцеза“) како средно име или презиме. Сиките кои поминале ханде-ки-пахул („крштевањето со кханда“), свеченост на иницијација позната како амрит, од денот на нивното започнување се познати како Калса Амритдари Сики и секогаш мора да имаат пет к на нивното тело:

  1. кеш, неострижена коса, покриена со дастар, позната и како турбан;
  2. кара, железна или челична нараквица;
  3. кипран, меч налик на бодеж што се носи во ремен гатра или појас камал касар;
  4. качар, памучна долна облека и
  5. канга, мал дрвен чешел.

Регионот Пенџаб на Индискиот Потконтинент бил историска татковина на Сиките, управувана од Сиките во значителен дел од 18 и 19 век. Денес, државата Пенџаб во Североисточна Индија е претежно населена со Сики, а има значајни заедници на Сики ширум светот. Многу земји, како што е Обединетото Кралство, ги признаваат Сиките како верска заедница во нивните пописи,[4] а од 2020 година Сиките се сметаат за посебна етничка група во Соединетите Американски Држави.[5]

Наводи

уреди
  1. Singh, Nikky-Guninder Kaur (2011). Sikhism: An Introduction (англиски). I.B.Tauris. стр. 61–. ISBN 978-0-85773-549-2. Посетено на 27 април 2021.
  2. Singh, Khushwant (2006). The Illustrated History of the Sikhs (англиски). Oxford University Press. стр. 15. ISBN 978-0-19-567747-8. Посетено на 27 април 2021.
  3. Nabha (Bhai.), Kahan Singh (1995). Gurshabad Ratnakar: Mahan Kosh (англиски). National Book Shop. стр. 720. Посетено на 27 април 2021.
  4. „Religion in England and Wales 2011 - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk (англиски). Посетено на 27 април 2021.
  5. „Sikhs to be counted as separate ethnic group in 2020 US Census; community hails recognition of distinct language, culture-World News, Firstpost“. Firstpost (англиски). 15 јануари 2020. Посетено на 27 април 2021.