Александар Николиќ (тренер)
Александар Николиќ (српски: Александар Николић, Сараево, 28 октомври 1924 — Белград, 12 март 2000) бил југословенски и српски кошаркар и тренер. Поради заслугите за развојот на кошарката во Југославија, познат е и како „татко на југословенската кошарка“.[1] Неговото име го носи салата на Богословијата во Белград.
Животопис
уредиНиколиќ е роден во Сараево, но во детството се преселил во Белград. Гимназијата „Крал Александар Караѓорѓевиќ“ ја завршил во 1943 година, а потоа студирал право и медицина на Белградскиот универзитет. Од 1944 до 1945 година служел во ЈНА. Дипломирал во 1946 година, а потоа бил професор на факултетот за Физичка култура во Белград, поради што го добил прекарот „Професор“.
Кошаркарска кариера
уредиКошаркарската кариера, Николиќ ја поминал во КК Партизан (1945—1946), КК Црвена ѕвезда (1947—1949), КК Железничар Чачак (1949—1950) и ОКК Београд (1950—1951). Со Црвена ѕвезда го освоил Првенството на Југославија во 1947, 1948 и 1949 година. Исто така, одиграл 10 натпревари за репрезентацијата на Југославија.
Тренерска кариера
уредиПо завршетокот на играчката кариера, во 1951 година Николиќ станал селектор на репрезентацијата на Југославија и на то аместо останал до 1965 година. Под неговото водство, Југославија освоила сребрени медали на Европските првенства во 1961 и 1965 година, како и бронза во 1963година. На Светското првенству во 1963 година освоил сребрен медал. Исто така, тој бил прв тренер на клубовите ОКК Београд, Партизан и италијанската „Петрарка“ од Падова. Во 1966 година бил избран за најдобар европски тренер. Во 1969 година, Николиќ станал тренер на Игнис од Варезе и со овој клуб во текот на четири години (1969—1973) освоил три национални првенства, три европски титули, три италијански купа и два интернационални купа. Тим на Варезе од 1970 и 1973 година победил на сите четири натпреварувања во кои настапувал, нешто што претходно никому не му успеало. Тимот на „Игнис“ од сезоната 1972/73 често се смета за најдобар тим во историјата на италијанската и европската кошарка. Потоа се вратил во југословенската кошарка како прв тренер на КК Црвена ѕвезда при што го освоил Купот на победниците на Куповите, што бил првиот европски трофеј и најголемиот дотогашен успех на југословенската клупска кошарка. Летото 1991 година, на повик на Драган Киќановиќ, Николиќ се вратил во КК Партизан и ја презел улогата на советник на новиот тренер Жељко Обрадовиќ кој штотуку ја почнал својата тренерска кариера. Притоа, во сезоната 1991/92, Партизан ја освоил тројната круна, првенството и купот на Југославија и најважниот трофеј што го освоил некој српски клуб – купот на европските шампиони.
По единаесетгодишно отсуство, Николиќ се вратил во репрезентацијата на Југославија во 1976 година и ја предводел репрезентацијата на Европското првенство во 1977 година и на Светското првенство во 1978 година на кои ги освоил златните медали.
Како тренер, Николиќ имал однос на победите и поразите 357:200 на клупск ниво и 101:39 на репрезентативно ниво. Во 1998 година, Николиќ бил примен во Кошаркарската Куќа на славните,[1] а тој бил тренер и на двојца идни членови на Куќата на славните: Борислав Станковиќ и Крешимир Ќосиќ.
Александар Николиќ умрел на 12 март 2000 година во Белград. Во 2007 година, Божидар Маљковиќ ја започнал иницијативата на Белградската арена да ѝ се додели името „Сала Александар Николиќ“.
Признанија
уредиВо 1995 година, ФИБА му го доделила Орденот на честа. Во Алкобендас, предградие на Мадрид, на 1 март 2007 година, била отворена Куќата на славните на ФИБА. Притоа, во првата групи на членовите на Куќата, заедно со уште петмина кошаркарски тренери, се нашло и името на Александар Николиќ.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Александар „Аца“ Николић Архивирано на 29 октомври 2012 г., www.hoophall.com