Конфуциј

древнокинески мислител

Конфуциј (кин. 孔子 „Кунг фу-це‘“, лат. Confucius; (28 септември 551 - 479 п.н.е.) — прочуен кинески филозоф, основач на конфуцијанството. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфуциј е светски познат по своето учење во која основна црта е „жен“ (човечност). Роден е во Ќуфу, во тогашната држава Лу.

Конфуциј

Портрет на Конфуциј од Ву Даоце (680–740)
Роден(а)551 BC
Цоу, Лу
Починал(а)479 п.н.е.
(возраст: 71-72 г.)
Лу
НационалностКинез
Периоддревна филозофија
ПодрачјеКинеска филозофија
Школаосновач на конфуцијанството
Претежна дејност
морална филозофија, социјална филозофија, етика
Значајни идеи
конфуцијанство

Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката филозофија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфуциј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се „Зборови и мисли“ на Лун-ји, „Златна средина“, „Возвишена наука“ итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.

Име уреди

Во Кина, Конфуциј обично се именува како Учител Кунг (孔子, пинјин: Kǒng Zǐ или 孔夫子, пинјин: Kǒng Fū Zǐ).

Неговото презиме било Кунг (孔, пинјин: Kǒng), лично име Ќу (丘, пинјин: Qiū, во буквален превод брег), а прекар Џунг-ни (仲尼, пинјин: Zhòngní).

Некои од неговите посмртни имиња се Врховен учител и мудрец (至聖先師, пинјин: Zhìshèng xiānshī), Господар пропагатор на културата, врховен мудрец и голем остварувач (大成至聖文宣王, пинјин: Dàchéng zhìshèng wénxuān wáng) и Примерен учител на десет илјади генерации (万世师表, пинјин: Wànshì shībiǎo).

Македонската транскрипција на Конфуциј или потекнува од латинската транскрипција на неговото име, Confucius, која ја направиле Исусовците во XVI век.

Животопис уреди

Според традиционалното верување, Конфуциј се родил на 28 септември 551 г.п.н.е. во местото Ќуфу (曲阜, пинјин: Qūfù) во државата Лу (鲁, пинјин: Lǔ), во денешната провинција Шандунг.

Неговиот татко, војсководецот Шулианг Хе (叔梁纥, пинјин: Shūliáng Hé) потекнувал од благородно семејство од државата Сунг, кое по распадот на државата се преселило во државата Лу. Војсководецот Шулианг имал 66 години кога се родил Конфуциј, а неговата мајка само 15. Овој брак не бил според обредните прописи од тоа време, според кои маж постар од 63 години не смеел да стапува во брак. Кога татко му починал, Конфуциј имал само 3 години, па самохраната мајка го одгледала во сиромаштија.

Кога имал 19 години, Конфуциј се оженил со Чи Гуанше (亓官氏, Qí Guānshì) и со неа имал син, на кој му го дал името Ли (鲤, Lǐ, во буквален превод крап) и прекарот Боји (伯鱼, Bóyú). Конфуциј работел како чиновник во државата Лу, како надозрник на царското богатство и како надзорник на магацинот со царската стока. Одредено време работел и како министер за правда, односно врховен судија на државата Лу. Функцијата министер ја напуштил поради несогласувањата со владетелот и поради тоа што подоцна не можел да напредува во државната служба. Во педесеттата година од животот, поради нови проблеи со царскиот двор, ја напиштил држаната служба во целост и заминал на пат низ кинеските држави, подучувајќи ги обичните држави и владетелите. Во доцните години, се вратил во државата Лу, каде продолжил да учителствува. Починал на 4 март 479 г.п.н.е.

Учење уреди

 
Аналекти

Во збирката со афоризми Лун-ји (Конфуцијанско читање), Конфуциј вели дека тој е само пренесувач и толкувач на старите знаења. Во времето на распадот на робовладетелското општество, многубројните војни и создавањето на феудализмот во Кина, тој како своја должност ја земал реафирмацијата ан старите општествени и морални вредности. Сепак, тој не мкже да се смета за конзервативен учител, бидејќи низ своите толкувања на старите записи, често давал сопствени идеи за политиката и моралот, кои биле нови и оригинални.

Исто така, и покрај тоа што Кинезите често се придржуваат кон конфуцијанските обичаи на религиозен начин, конфуцијанството не се смета како религија, бидејќи речиси воопшто и да не е засегнато со теолошките и духовните прашања, како оние за Бог, за задгробниот живот и слично.

Етика уреди

Конфуцијанската етика е строго рационална, јасна и бескомпромисна во поглед на разликите меѓу легалното и моралното. Неговата етика претставува директен претходник на Кантовиот категорички императив и ја содржи истата максима во своето објаснување. Етиката се заснова на три концепти: обреди, правилност и човекољубие.

 
Конфуцијански храм во Нагасаки

Според Конфуциј, суштината на секој чоек е човекољубие, односно жен (仁, пинјин: rén). Човекољубието е материјална суштина на човечката должност кон другите и се манифестира преку совесноста кон другите, преку верноста (忠, zhōng, џунг) или преку човекољубието, односно обѕирот (恕, shù, шу). Единствено човекот кој се придржува кон човекољубието може правилно и во целост да ги извршува своите должности он другите.

Аксиомата на совесноста кон другите гласи:

Ако сакаш себеси да се воздигнеш, воздигни ги другите.[а][1]

Аксиомата на човекољубието гласи:

Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе.[б][2]

Овие две начела, во Кина се познати како начекло на применување на правилото, каде човекот се користи самиот себеси како единствено мерило за регулирање на сопственото однесување.

Најдобар и најморален човек е онојчовек оној кој постапува од човекољубието, врз основа на исправност (义, yì, „ји“). Морално правилна постапка (според Кант морална) е онаа која е направена од чиста моралност и должност, како единствен мотив. Секоја друга постапка, која е направена од корсит (利, lì, ли) може вредносно да се одреди како добра или како лоша, но не е суштински морална (според Кант легална). Разликувајќи ги овие две постапки, Конфуциј рекол:

Благородниот човек ја разбира правилноста, а малиот човек ја разбира користа.[в][3]

Обредите (礼, lǐ, ли) се материјален израз, односно очигледен вид на човекољубието. Иако неговата манифестација е ограничена со обредите, човекољубието не ги отфрла обредите, туку наоѓа соодветен начин за да се искаже.

Политика уреди

Конфуциевите мисли се темелат на неговата етика и идејата за општествените односи, земајќи го примерот на Војводата од Џоу како совршено доблесен владетел.

Конфуциј, општествените односи ги поделил на пет главни, под кои може да се сврстат сите останати. Тоа се односите меѓу владетелот и поданиците, меѓу таткото и синот, мажот и жената, постариот и помладиот брат и односот меѓу пријателите. Првите четири се одликуваат со праведност и добронамерност во управувањето и искреност и правилност во однесувањето. Односот меѓу пријателите треба да се одликува со меѓусебно унапредување и рутина. Со тоа, многу е важно влијанието и примерот на владетелот. Соодветниот однос кон родителите, постарите е претпоставените е наречен синовска благочестивост (孝, xiào, „сјао“)

Во склад со ова, одново се протолкувал и односот кон претолкуваното је и однос кон мандатот на Небото, односно потеклото и суштината на царската власт. Конфуциј ја поддржувал идејата за царски апсолутизам, но вовел и разни формални ограничувања но владетелското самоволие. Меѓу другото, се сметало дека во рамките на почитувањето на надредениот, подредениот има обврска да го посоветува, доколку овој не постапува правилно.

Конфуциевиот ученик Менг-це од овие мисли ја извел својата политичка теорија, според која владетелот кој не се однесува како што му доликува, според неговата положба, тој може да го изгуби мандатот од Небото и да биде симнат од престолот. На тој начин се оправдува убиството на тиранот и овозможен е формален легитимитет на смена на династијата.

Во II век п.н.е., научникот и државник Дунг Џунг-шу (董仲舒, Dǒng Zhòngshū) од државата Чин го институционализирал конфуцијанството како државна идеологија и вовел систем на државни испити за идните чиновници. Ова, со мали измени се задржало, сè до прогласувањето на републиката во 1911 година, а конфуцијанството е интегрален дел од кинеските мисли, вклучени во современиот социјализам со кинески одлики.

Ученици и потомци уреди

 
Гробот на Конфуциј во Ќуфу

Конфуциевото учење продолжиле да го предваат и шират неговите ученици и потомци. Најзначајни меѓу нив биле неговиот внук Циси (子思, пинјин: Zǐsī), Менг-це (孟子, Mèng Zǐ, Менг-ци), Сјин-це (荀子, Xún Zǐ) и Јен Хуеј (颜回, Yán Huí).

За време на целото владеење на династиите, Конфуциевите потомци биле третирани со најголеми почести и одликувани со титули од страна на владетелите. Титулата војвода со врвна светост (衍圣公, Yǎnshèng gōng, Јен-шенг гунг) била давана на најстариот член на секоја генерација. Последниот Конфуциев потомок, кој бил одликуван со титулата беше Кунг Деченг(孔德成, Kǒng Déchéng; 1920-2008), кој беше од 77-мо пооколение и работел како професор на Народниот универзитет на Тајван.

Конфуциевото семејство, денес го има најдолгото сочувано педигре во светот. Најмладата генерација на директни потомци на Конфуциј, сметајќи се по неговата смрт, денес е 83. по ред[4]. Според Комисијата за Конфуциевото родословие, денес Конфуциј има преку 2 милиони, а можеби и 3 милиони потомци.[5] Од овие, неколку десетици илјади живеат надвор од Кина.[5] Во 1300-тите, негов потомок се преселил во Кореја, каде што денес живеат околу 34,000 потомци.[5] Потомците од една од главните негови лози се преселиле од Ќуфу во Тајван, за време на Кинеската граѓанска војна во 1940-тите.[6] .......................

Познати изјави уреди

Конфуциј го опишал својот живот на следниот начин:

На петнаесет години започнав да учам, на триесет одев со цврсти чекори по патот на знаењето, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ги познавав само законите на небото, во шеесеттите разбирав сѐ што ќе слушнеше моето уво, во седумдесеттите, следејќи ги желбите на моето срце, не прекршив ниедно правило.

Поврзано уреди

Белешки уреди

  • а Во оригинал, со употреба на кинески знаци, оваа аксиома гласи: 己欲立, 而立人 ( Jǐ yù lì, ér lì rén).
  • б Во оригинал: 己所不欲, 勿施于人 (Jǐ suǒ bú yù, wù shī yú rén)
  • в Во оригинал: 君子喻于义, 小人喻于利 (Jūnzǐ yù yú yì, xiǎorén yù yú lì)

Наводи уреди

  1. Лун-ји, 6:30
  2. Лун-ји, 2:2
  3. Лун-ји, 4:16
  4. „Confucius family tree revision ends with 2 mln descendants“. Архивирано од изворникот на 2012-11-01. Посетено на 2010-04-25.
  5. 5,0 5,1 5,2 Updated Confucius family tree has two million members
  6. Kong Demao, The House of Confucius (London: Hodder & Stoughton, 1988).