Отвори го главното мени

Томас Алва Едисон (11 февруари 184718 октомври 1931) бил американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се: фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усовршил телефонот, меѓу првите изградил електрична централа, прв ја применил филмската лента од целулоид и изградил прво филмско ателје во светот.

Томас Едисон
"Гениј е еден процент инспирација, деведесет и девет проценти пот."
– Томас Алва Едисон, Harper's Monthly (Септември 1932)
Роден(а)Томас Алва Едисон
11 февруари 1847(1847-02-11)
Охајо, САД
Починал(а)18 октомври 1931(1931-10-18) (воз. 84 г.)
Њу Џерси, САД
ЗанимањеПронаоѓач, научник, бизнисмен
Потпис
(англиски) A Day with Thomas Edison (1922)

Како награда за спасување на синот на шефот на железничката станица, 12–годишниот Едисон добил можност да ракува со телеграф. Неколку години работел како телеграфски оператор насекаде низ САД. Успеал да заштеди доволно за да почне свој бизнис. Во сопствената работилница го покажал сиот пронаоѓачки талент. Меѓу неговите патенти се вбројуваат: грамофонот, телеграфот – печатач, карбонскиот телефонски трансмитер, микрофонот, како и многу други апарати. Кон крајот на животот произвел звучни филмови.

ЗанимливостиУреди

Во музејотХенри Форд“ во Мичиген, во мала стаклена епрувета се чува воздухот за кој се тврди дека е последниот здив на Едисон. Имено, кога Едисон умрел во својата спална соба во Њу Џерси, пред него имало отворена епрувета во која наводно тој го издишал последниот здив, по што неговиот лекар ја запечатил епруветата.[1]

НаводиУреди

  1. „Окото на Ајнштајн и средниот прст на Галилеј се чуваат како музејски експонати“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 22-23.