Социјалистичка партија на Македонија

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) е партија која себеси се одликува како партија со социјалистичка ориентација. Нејзин основоположник и прв претседател е Киро Поповски, a водач е Љупчо Димовски.

Социјалистичка партија на Македонија
ВодачЉупчо Димовски
Основана22 септември 1990
ШтабСкопје
МладинаМлади социјалисти на Македонија
Идеологијасоцијалдемократија, марксизам-ленинизам
Полит. положбаЛевица
Меѓународна припадностнема
Европска припадностнема
Боицрвена, жолта
Собрание
2 / 120
Општини
1 / 80
Мрежно место
http://www.spm.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја на партијата

уреди

СПМ е основана на 22 септември 1990 година. Таа е правен наследник на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.

Првиот конгрес на Партијата се одржа во јуни 1991 година и на Конгресот беше усвоена Политичка програма и Статут на партијата. Партијата зема учество во првите плуралистички парламентарни избори во 1990 година и освојува 6 пратеници во Парламентот. На вторите парламентарни избори во 1994 година СПМ настапува во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Либералната партија, освојува 8 пратенички места и станува четврта партија според бројот на пратеници во Собранието. Партијата партиципира во Владата со тројца министри и еден потпретседател на Собранието.

На Вториот конгрес на СПМ, кој се одржа во јули 1995 година, на местото на првиот претседател Киро Поповски, за претседател на партијата е избран Љубисав Иванов - Ѕинго. Неговиот избор за претседател на партијата беше потврден на Третиот конгрес на СПМ во март 2000 година.

По долгогодишното сојузништво со СДСМ, на изборите 2002 СПМ настапува самостојно, освојувајќи 2,1% од гласовите и еден мандат во Собранието. Подоцна, во декември 2003 година, СПМ стапува во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, наречена „Третпат“. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните избори 2005, СПМ продолжи да биде во коалиција со ДС, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори во Македонското собрание беа избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ беше застапена и во Владата на Никола Груевски со еден министер, Ацe Спасеновски, како министер за земјоделство.

На предвремените парламентарни избори во 2008, СПМ учествува во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освојува три мандати. Пратеници од СПМ стануваат: Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Јован Лазарев. На парламентарните избори во 2011 година СПМ повторно е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и освојува три пратенички мандати.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 2 пратенички места.

На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и освоила 2 пратенички места.

Раководство на партијата

уреди

Како дел од СПМ делува и нејзиниот подмладок, Млади социјалисти на Македонија, чиј претседател е Кристијан Ристовски.

Надворешни врски

уреди