Алфа Кентаур Bb
Алфа Кентаур(и) Bb — планета која кружи околу ѕвездата Алфа Кентаур B, прибл. 4,37 светлосни години од Земјата, во јужното соѕвездие Кентаур.[1] Ова е најблиската езгопланета до Земјата, и најнемасивната што кружи околу ѕвезда слична на Сонцето.[2]
Вонсончева планета | Список на вонсончеви планети | |
---|---|---|
Матична ѕвезда | ||
Ѕвезда | Алфа Кентаур B | |
Соѕвездие | Кентаур | |
Рекстацензија | (α) | 14ч 39м | 35,0803с
Деклинација | (δ) | −60° 50′ | 13,761″
Привидна величина | (mV) | +1,33 |
Оддалеченост | 4,366 ± 0,007 сг (1,339 ± 0,002 пс) | |
Спектрален тип | K1 V | |
Орбитални елементи | ||
Голема полуоска | (a) | 0,04 ае |
Орбитален период | (P) | 3,2357 ± 0,0008 д |
Полузамав | (K) | 0,51 м/с |
Физички особености | ||
Минимална маса | (m sin i) | 1,13 ± 0,09 M⊕ |
Температура | (T) | >1500 K |
Информации за откривањето | ||
Време на откривање | 16 октомври 2012 | |
Откривач(и) | Dumusque et al. | |
Метод на откривање | Доплеров | |
Место на октривање | Ла Сиља, Чиле | |
Статус на откривање | соопштено | |
Во базите на податоци | ||
Енциклопедија на вонсончеви планети | врска | |
SIMBAD | врска |
Особености
уредиПланетата не се наоѓа во животопогодниот појас бидејќи кружи мошне блиску до матичната ѕвезда (оддалечена само 0,04 ае) и навршува еден круг на секои 3,236 дена.[1] Има маса барем 1,13 пати поголема од онаа на Земјата; моментално е позната само долната граница поради отсуството на сознанија за нејзиниот орбитален наклон.[1] Површината на планетата има температура од барем 1200 °C (~1500 K),[3][4] што е преврело за да има течна вода, но и над температурата на топење на многу силикатни магми. За споредба, површината на Венера (најврела планета во сончевиот Систем) има температура од 462 °C (735 K).
По испитувањата на астросеизимичките и хромосферските активности и ѕвезденото вртење на ѕвездите A и B, утврдено е дека системот α Cen веројатно е малку постар од Сончевиот Систем (4,5-7 милијарди години).[5]
Пронаоѓање
уредиВо 2009, со сметачка симулација е востановено дека е можно присуството на планета на растојание од 1,1 ае (160 милиони км) од Алфа Кентаур B, и дека нејзината орбита ќе одржи стабилност уште барем 250 милиони години.[6]
Во 2009,[7] екипа од европски астрономи,[2][3] почнала да работи со пребарувачот на планети HARPS во опсерваторијата Ла Сиља (Чиле), користејќи се со Доплеровиот метод.[8] На 16 октомври 2012 г. научниците соопштиле дека пронашле планета со земска маса во обритата околу Алфа Кентаур B.[2] Гравитацијата на планетата предизвикува нишања кај ѕвездата со величина од 51 сантиметри во секунда; утврдувањето на присуството на планетата претставува најголемо достигнување во прецизноста добиено со овој метод.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Dumusque, X.; Pepe, F.; Lovis, C.; Ségransan, D.; Sahlmann, J.; Benz, W.; Bouchy, F.; Mayor, M.; Queloz, D.; Santos, N.; Udry, S. (17 октомври 2012). „An Earth mass planet orbiting Alpha Centauri B“ (PDF). Nature. 490. doi:10.1038/nature11572. Посетено на 17 октомври 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Planet Found in Nearest Star System to Earth“. European Southern Observatory. 16 октомври 2012. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ 3,0 3,1 Overbye, Dennis (17 October 2012). „New Planet in Neighborhood, Astronomically Speaking“. New York Times. Посетено на 17 October 2012.
- ↑ Palmer, Jason (17 октомври 2012). „Exoplanet around Alpha Centauri is nearest-ever“. BBC. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ E. E. Mamajek; L. A. Hillenbrand (2008). „Improved Age Estimation for Solar-Type Dwarfs Using Activity-Rotation Diagnostics“. Astrophysical Journal. 687 (2): 1264. arXiv:0807.1686. Bibcode:2008ApJ...687.1264M. doi:10.1086/591785.Age discussion on page 1284
- ↑ Thebault, P., Marzazi, F., Scholl, H. (2009). „Planet formation in the habitable zone of alpha centauri B“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 393: L21–L25. arXiv:0811.0673. Bibcode:2009MNRAS.393L..21T. doi:10.1111/j.1745-3933.2008.00590.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Wall, Mike (16 октомври 2012). „Discovery! Earth-Size Alien Planet at Alpha Centauri Is Closest Ever Seen“. Space.Com web site. TechMediaNetwork. Посетено на 17 октомври 2012. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ Borenstein, Seth (17 октомври 2012). „Earth-Sized Planet Found Just Outside Solar System“. ABC News. Посетено на 17 октомври 2012.
Надворешни врски
уреди- Откриена е планета со големина на Земјата во најблискиот Сончев Систем до нашиот! Архивирано на 20 октомври 2012 г. — Скопско астрономско друштво (македонски)