<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

14 октомври — 287-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.

Настани:

1933  Германија се повлекува од Друштвото на Народите.
1944  Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица.
1944  Ослободена е Атина од страна на британската војска.
1981  Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат.
1993  Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име.
1994  По Ирската републиканска армија и лојалистичките паравоени единици, објавија општ прекин на воените дејства, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата Северноирска граѓанска војна.

Родени:

1829  Август Малмстрем — шведски историски сликар.
1890  Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар.
1919  Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1931  Душко Гојковиќ — српски џез-музичар и композитор.
1940  Клиф Ричард — англиски поп-музичар.
1958  Томас Долби — англиски поп-музичар.
1959  Ацо Петровиќ — српски кошаркарски тренер.
1960  Стив Крем — британски атлетичар.
1978  Ашер — американски поп-пејач.
1985  Виталиј Фридзон — руски кошаркар.

Починале:

1856  Јохан Каспар Мерцавстроунгарски гитарист и композитор.
1944  Ервин Ромел — германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891).
1958  Николај Заболоцки — советски и руски поет.
1977  Бинг Крозби — американски глумец и пејач, добитник на филмската награда „Оскар“.
1990  Леонард Бернштајнамерикански композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмотПриказна од западната страна“.
2010  Беноа Манделбротфранцуско-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924).
2012  Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти.
2018  Милена Дравиќ — српска и југословенска глумица.
2021  Марко Живиќ — српски глумец.
2022  Роби Колтрејн — британски глумец.